Сура 7:54, 10:3, 11:7 и 25:59 јасно кажуваат дека Бог ги создал „небото и земјата“ за шест дена. Но, во 41:9-12 деталниот опис на постапката за создавање наликува дека се собрано изнесува осум дена. Исто така Аллах ги создава небото и земјата за шест дена [7:54] но потоа повторно се тврди дека, Тој веднаш создава [2:117], „Биди! и тоа „Бива“ “.
„Господарот ваш е Аллах, кој небесата и Земјата во шест периоди ги создаде, а потоа над Аршот се воздигна. Тој со темнината на ноќта го прекрива денот, која во чекор го следи, а Сонцето и Месечината и ѕвездите се покоруваат на волјата Негова. Само Тој создава и управува! Возвишен нека е Аллах, Господар на сите светови! “ (Ел Араф, 7:54)
Во времето пред 1400 години се сметало дека Земјата е центар на светот и тврдењето дека Земјата е со сферен облик и дека нешто околу неа се замотува (кевере) било доста чудно.(Види 31:29) Ако се насочиме кон текстовите од многуте преводи на Куранот, ќе прочитаме, аналогно на она на што нè учи Библијата, дека во последната Објава процесот на создавањето, исто така, се протега во период од шест дена. Не би смееле да им забележиме на преведувачите зошто арапскиот збор го превеле според неговото највообичаено значење. Обично така се искажуваат преводите и во Куранот може ова да се прочита за цитатот 54 од поглавје 7:
– “Господарот ваш, навистина, е Алах кој ги создаде небесата и Земјата за шест дена…”(Ел Араф, 54)
Зар не би можело, никако не отфрлајќи го овој начин на видување, да го разгледаме проблемот одблизу и да ги испитаме можните значења кои во самиот Куран, а уште поопшто земено, и во јазикот на тоа време, може да го има зборот кој бројните коментатори и понатаму го преведуваат со зборот „ден“ со „јевм“, во множина ајам, на арапски.
„ …а само еден ден кај Господарот твој траевколку илјада години според вашето сметање.“ (Ел Хаџ, 22/47)
– Поглавје 32, цитат 5:
„Тој управува со сè, од небото до Земјата, а потоа сето тоа Нему Му се враќа во Денот кој, според вашето сметање на времето, трае илјада години.“(Ес Сеџда, 5)
– Поглавје 70, цитат 4:
“Кон Него се качуваат мелеците и Џибрил во денот кој педесет илјади години трае“ (Ел Мариџ, 4)
“ …во временскиот период (јевм) кој изнесува педесет илјади години;”
Фактот дека зборот јевм може да означува еден временски период сосема поинаков од оној на кој ние му го даваме значењето ден, многу рано ги зачудил коментаторите кои, природно, ги немале сознанијата што ги имаме ние за траењето на фазите на формирањето на Вселената. Во средниот век од нашата ера, Абу ал Сауд, кој не можел да има претстава за денот онака како што го дефинирала астрономијата, со оглед на ротацијата на Земјата, тврдел дека во врска со создавањето не треба да мислиме на “поделба на денови”, во значењето што ние обично им го даваме, туку на “фази” (на арапски, навбат).
Модерните коментатори ја преземаат оваа интерпретација. Јусуф Али(1934), во својот коментар на секој ајет кој се однесува на фазите на создавањето, инсистира на потребата зборовите, на друго место преведени со значењето „ден”, всушност, да се земат со значењето „долги периоди”, „етапи”. Може да се прифати дека Куранот, во етапите на создавањето на светот согледува долги временски периоди кои ги означува со бројот шест. Навистина, модерната наука не им дозволила на луѓето да утврдат дека имало шест етапи на комплексен процес кој довел до формирањето на вселената, но таа формално докажала дека се работи за мошне долги временски периоди, во врска со кои „деновите”, како што ние ги сфаќаме, би биле несериозни.
Постојат коментатори на Куранот (муфесири) кои се традиционалисти и кои сметале дека должината на траењето на „денот“ е 1000 дена , меѓу нив се Ибн Абас, Ибн Кесир, Муџахид, Дахак, Кааб ,како и Имам Ахмед и Ибн Џерир.
„Аллах, Небото и Земјата и она што е помеѓу нив во шест временски периоди ги создаде, и потоа над Аршот се воздигна(над Престолот застана); вие, освен Него, немате ни заштитник ниту посредник, па зошто не се вразумите?“ (Ес Сеџда, 32:4)
За разлика од библиската приказна каде за Земјата се тврди дека е стара 6000 години, такво нешто не постои во Куранот, туку говорот на Куранот укажува на периоди во создавањето на Земјата. Може да се прифати дека Куранот, во етапите на создавањето на светот согледува долги временски периоди кои ги означува со бројот шест. Навистина, модерната наука не им дозволила на луѓето да утврдат дека имало шест етапи на комплексен процес кој довел до формирањето на Вселената, но таа формално докажала дека се работи за мошне долги временски периоди, во врска со кои “деновите”, како што ние ги сфаќаме, би биле неразбирливи. Еден од најдолгите ајети во Куранот кој се однесува на создавањето, го евоцира, ставајќи ги еден до друг, описот на земските и описот на небесните збиднувања. Станува збор за цитатите 9 до 12, од поглавјето 41 каде Единиот Бог му се обраќа на Пратеникот:
– „Кажи: „Зарем вие навистина не сакате да верувате во Тој што ја создаде Земјата во два временски периоди – и уште други за рамни Му припишувате? Тоа е Господарот на световите!
– Тој низ неа неподвижни планини создаде и благословена ја направи и производите нејзини на неа ги одреди, сето тоа во четири временски периоди – ова е објаснување за тие што прашуваат –
– потоа кон небеските висини се насочи додека небото сè уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – од- говорија,
– па во два временски периоди, како седум небеса ги создаде, и одреди што ќе се наоѓа во секое небо. А најблиското небо со сјајни ѕвезди го украсивме и Ние над нив бдееме. Тоа е одредба на Силниот и Сезнајниот.“ (Фусилет, 41:9-12)
Овие четири цитати од поглавјето 41 прикажуваат повеќе аспекти на кои ќе се навратиме: првобитната гасовита состојба на небесната материја и целосно симболичната дефиниција на небесата како седум на број. Ќе го видиме значењето на бројките. Симболичен е дијалогот меѓу Бог, од една страна, и првобитните небеса и Земјата, од друга страна: овде се работи за тоа да се изрази подложноста на веќе еднаш создадените небеса и на Земјата на Божјата наредба.
Критичарите во овој исечок виделе противречност со исказот за шесте периоди на создавањето. Додавајќи два периоди во создавањето на Земјата, четири периоди на распоредот на овие средства за животот на нејзините жители, и два периоди на формирање на небесата би се дошло до бројката од осум периоди, што би било во противречност со шесте горе дефинирани периоди на создавањето. Всушност, овој текст со кој човекот се повикува на размислување за Божјата семоќ, поаѓа од Земјата за да ја доврши својата намера во врска со небесата, претставува два дела кои се артикулирани со помош на арапскиот збор тумме, преведени со „освен тоа”, но чие значење е и “потоа”, “во иднина”, “другпат”. Тие можат да содржат значење за редоследот во човечкото размислување за збиднувањата кои овде се евоцирани. Исто така, можно е да се работи за едноставното спомнување на збиднувањата кои се ставаат едно до друго, без намера да се воведе значењето на редоследност меѓу нив. Како и да е, временските периоди на создавањето на небото можат совршено да се совпаѓаат со временските периоди на Земјата: малку понатаму ќе испитаме како во Куранот е евоциран елементарниот процес на формирањето на вселената и ќе видиме како тој истовремено се применува и на небесата и на Земјата, во согласност со модерните концепти. Потоа ќе ја сфатиме легитимноста на ваквиот начин на конципирање на симултаноста во збиднувањата кои овде се евоцирани.
Зборот користен за магла во Куранот е „духан“ кој значи (чад, магла).Тоа е совршена аналогија за гас и суспензирани честички во загреана состојба. Како што спомнавме, научниците не така одамна потврдија дека Вселената потекнува од маса на жешки гасови кои имаат маса 300 000 пати поголеми од Земјата. Таа маса подоцна се фрагментирала и се формирала во галаксии. Во историјата на истражување која важи за „Биг Бенг“ во која Гамов тврди дека целиот настан се случил при многу високи температури, докажува дека „Биг Бенг“ бил голема жешка експлозија и овој став бил подоцна докажан со откритието на позадинската микробранова радијација. Значи раниот Универзум бил во форма на жешки гасови, за што има и потврда во Куранот.
Кога говориме за тоа дали е тоа со наредбата „Биди“ и инстантно, тоа само го означува начинот кога наредбата доаѓа до нешто да се создаде. Истото важи и за Исус а.с. кого Аллах џ.ш. го создал како битие а тоа е инстантно со наредба , но неговиот раст и неговиот период на созревање земал одреден број на години. Така е и со светот кој добил наредба да настане но етапите кои следувале се за нас долги и со разни случани променливи кои не можеме да ги предвидиме. Кај Семоќниот Аллах, кој сеуште создава и не прекинал во своето создавање бидејќи се што постои можеме да кажеме во секој миг се рекреира и се одржува(Едно од Неговите имиња е Одржател) кој е Постојан и кој не се менува, додека се друго е подложно на промена и тоа е за нас енигма односно далеку од нашите сетила на спознавање.
Човекот мора да бара да го цени степенот на Аллаховото знаење и да размислува за да ја разбере Неговата големина. Милијарди луѓе се појавија на Земјата од памтивек. Затоа, Аллах создал (односно е извор на создавање) на милијарди пара очи, милијарди различни отпечатоци од прсти, милијарди различни ткива на очите, милијарди различни типови на луѓе… Како што е наведено во Куранот, „…Тој го додава создавањето на кој било начин што сака. Аллах има моќ над сè.” (Куран, 35:1) Аллах исто така поседува моќ да создаде многу други работи надвор од нашата ограничена имагинација. Тој ни го испраќа само она што Тој сака, сето тоа во одредена мерка однапред одредена. Аллах создаде многу светови и суштества кои не можеме да ги видиме.
Создавањето на планетите и Земјата се случи во последните два временски периоди. Како што вели Аллах во Куранот, „Изјави: „Дали не верувате во Оној Кој ја создаде Земјата во две фази? Дали ги правите другите еднакви со Него? Тој е Господар на сите светови.“ (41:9) Процесот на создавање може да се сумира на следниов начин: Целата материја во универзумот била збиена заедно на едно место. Тогаш Аллах даде заповед и таа материја се разнесе распрснувајќи ги молекули и гасови во сите правци. („Големата експлозија“.) Силата на оваа почетна експлозија го одржува универзумот во проширување. Просторот беше исполнет со материја, анти-материја и гасови кои на крајот се комбинираа во поголеми честички. Овие делови од материја на крајот прераснаа во астероиди, планети, ѕвезди и месечини. Секој објект од меѓуѕвездениот простор одговараше на збир на физички закони кои ја регулираа траекторијата на нивните орбити, така што можеше да се види правилен модел на ротација. (21:33, 29:61) Ѕвездите експлодираа со силина на радиоактивна фузија и испуштаа светлина и топлина што донесоа топлина на планетите во нивна близина. (86:3). (54:1-2) Конечно, самите планети се развиле и формирале на различни начини со фантастични геолошки формации и движења и над и под површината. (27:61)
Планетата Земја се оладила во близина на нејзините надворешни слоеви, формирајќи тенка кора која се движи и се судира една против друга. (15:19) Ова и овозможи на површината на Земјата постојано да ја трга штетата предизвикана од повремени удари на астероиди. Но, судирот на плочите исто така имаше несакан ефект на подигање високи планини и изложување на геолошката историја на планетата. Избеганите гасови од земјата и водата, загреани на сончева светлина, на крајот се издигнаа на голема надморска височина каде што формираа заштитен слој. Овој озонски слој не заштити од штетното зрачење и ултравиолетовите зраци од сонцето. Тука доаѓаме и до одговорот што е најпрво создадено: прво земјата, а потоа небото [2:29], или небото и потоа земјата [79:27-30].
2:29 вели дека Бог ја создал Земјата и го применил својот дизајн на небото. Небото веќе беше таму во претходно формирана состојба (читај 41:9 и 12). Аллах дури подоцна го организираше небото. Потоа, во 79:30, Бог го опишува создавањето на небото, а потоа го објаснува ПРОШИРУВАЊЕТО на Земјата, а НЕ создавањето. Почетокот на создавањето на небото и земјата се случи во рок од 2 периоди со преклопување на барем некој дел (како кога беше завршено создавањето на земјата, небото веќе беше таму како чад). Подоцна небото беше организирано и украсено. Исто така, земјата била проширена и украсена со планина и вода (79:30–33 и 49:11). Почетното создавање на земјата и небото траело 2 периоди (не ден), а понатамошното украсување траело 4 периоди.
Што е најважно, кој се обидува да го критикува Куранот врз основа на кое било опишано „време“, тие забораваат дека Куранот веќе разјаснил дека временската рамка на Бог и kaj нас е различна.
Comments