Комбухата – чудотворен напиток е активен здрав напиток направен од ферментиран чај и шеќер во комбинација со култура од комбуха.
Потеклото на комбухата се загубило во маглите на времето. Се претпоставува дека оригинално потекнува од Далечниот Исток, најверојатно од Кина каде се консумирала приближно 2000 години. Првиот запис за користење на комбухата доаѓа од Кина од 221 год. пне, за време на Династијата Tsin. Била позната како “Чај на Бесмртноста“.
Се користела во Источна Европа, Русија и Јапонија неколку столетија. Самото име комбуха потекнува од Јапонија од 415 година. Кореанскиот доктор наречен Комбу или Камбу го лечел јапонскиот Император Inyko со чајот и со комбинација на неговото име “Kombu “ и “cha“ што значи чај, се добила кованицата комбуча или комбуха.
Русија има долга традиција во користењето на овој здрав напиток кај нив наречен “Чаен Квас“ направен од “Јапонска Габа“.
Од Русија , напитокот се раширил во Прусија, Полска, Германија и Данска но се чини дека исчезнал за време на Втората Светска Војна. По војната Др. Рудолф Скелнар (Rudolph Skelnar) го обновил интересот за комбухата во Германија кога почнал да ја користи во својата практика при лекување на канцер, метаболички нарушувања, висок крвен притисок и дијабетес.
Комбухата е габа составена од желатиноидна и жилава габна мембрана во облик на плоснат диск. Живее во хранлив раствор од чај и од шеќер, во кој постојано се размножува. Габниот диск прво се проширува по целата површина на чајот, а потоа се задебелува. Кога се одгледува на правилен начин, таа расте, ‘рти и му служи на својот сопственик цел живот.
За време на процесот на ферментација и оксидација, габата во чајот делува со различни комплексни реакции. Се храни со шеќерот во чајот и во замена произведува други вредни супстанции, кои се составен дел на комбуха течноста: гликоронска киселина и млечна, витамини, аминокиселини, антибиотски состојки… Токму од тие причини оваа чајна габа претставува вистинска мала биохемиска фабрика.
Умереното консумирање на напитокот кој го произведува чајната габа пружа заштита од разните видови загадување кои доспеваат преку респираторните органи или на друг начин и во нашиот организам и можат да предизвикаат појави на канцерогени заболувања. Русите докажале дека комбухата исклучително им помогнала на рударите на Урал во чистење на организмот и спречување на прерана смрт од вдишувањето на јаглената прашина.
Чајот од комбуха со векови се користи во Русија и Азија и се смета дека ја потпомага долговечноста. Овој чај содржи концентрирани висококвалитетни белковини кои организмот може веднаш да ги искористи. Интересно е дека народите кои секојдневно пијат по 2,5 дл чај од комбуха, немаат бори на лицето ниту други видливи знаци на стареење, како седа коса или старечки пеги по рацете. Утврдено е, исто така, дека овој напиток го снижува крвниот притисок, ја поттикнува работата на жлездите, го стимулира метаболизмот, односно помага при согорувањето на маснотиите, па на тој начин ја намалува телесната тежина, ги снижува уреата, шеќерот и холестеролот во крвта, помага при ревматски проблеми и проблеми со артритис (ја зголемува подвижноста на зглобовите и еластичноста на `рбетот и половината) помага при неправилности во работата на желудникот, црниот дроб и бубрезите, при костоболка, артериосклероза, оболувања на кожата и ја обновува цревната флора, а со тоа помага при опсипација и ја забрзува циркулацијата, а им помага и на луѓето кои се во стресна состојба.
Освен тоа, комбухата врши превенција кај некои видови канцер, зголемувајќи го имунитетот на организмот, а за време на менопаузата ги намалува “валунзите“, иако по непосредното пиење на напитокот може да се почувствува топлина, но тоа е знак дека се забрзува крвотокот што ќе помогне во прочистувањето на организмот од токсични материи и течности. Им помага и на астматичарите и на заболените од бронхитис, како и од кашлица, ја чисти жолчната кеса, помага при колитис, ја запира заразната дијареја, помага при несоница, а се тврди дека повторно воспоставува раст на косата.
Постојат различни мислења за лековитоста на напитокот од комбуха. Службената наука гледа со скепса на чудотворниот напиток, додека податоците од светот, пренесувани преку усни преданија говорат за големата моќ на чајот во спречувањето и лекувањето и на најтешките болести.
И кај нас се наоѓаат производи врз база на комбуха.
“Kombu Life“ – концентратот од комбуха е препарат добиен од правилно ферментирана комбуха течност. Се добива со посебна опрема и под посебни физички и биохемиски услови. Во својот состав концентратот има вистинско богатство од глукоронска киселина, L – млечна киселина, В комплекс, оцетна киселина, природни преработени шеќери, како и остатоци од чајна мешавина и како таков тој 10 пати посилно и побрзо делува од самата течност.
Наважната компонента на Kombu Life е глукоронската киселина. Модерната наука не успеала да ја синтетизира оваа киселина. Концентратот, поради огромното присуство на глукоронска киселина е одличен регенератор на црниот дроб, ја прочистува крвта, а со тоа и го релаксира црниот дроб. Со негова редовна употреба човекот се чувствува полн со енергија, свежина и виталност.
L – млечната киселина е позната како силна антиканцерогена супстанца и затоа концетратот “Kombu Life“ е препарат за превеција од канцер.
Комплексот од В – витамините исклучително добро дејствува на нервниот систем како на план на смирување, така и на план на отстранување на хемиските последици произведени како резултат на стресни состојби.
Секретите создадени на дишните патишта кај пушачите при настинки или бронхитис “Kombu Life“ ги отстранува за многу краток период.
Препаратот ги прочистува бубрезите отстранувајќи ги дури токсините што се таложат во бубрезите при разни терапии со медикаменти и антибиотици.
Тој има широк спектар на дајство, 100 % е природен производ и наменет за сите возрасти: бебиња, деца, млади, спортисти, стари лица…
Σχόλια