top of page
Writer's pictureinfoislam

„Контрадикција“ за која ќе биде храната во пеколот

Храната за луѓето во пеколот ќе биде само „Дари“ [Сура 88:6] или само валкан гној  [69:36], или ќе јадат и од дрвото Закум [37:66]? Заедно, овие ајети сочинуваат три противречности според нив.

Според критичарите во врска со оваа тема, Куранот содржи три противречности:

„Јадењето на дрвото на Закум“ (37:66) е во спротивност со „јадењето само Дари“ (88:6).

„Јадењето од дрвото Закум“ (37:66) е во спротивност со „јадењето само нечист гној“ (69:36)

Одговори:

Најпрвин да кажеме,

Има 7 порти во пеколот и со тоа би имало различни нивоа на пеколот, а со тоа и различни казни.

Џаханам, лаза, сакар, хутама, џахим, сеир и хавија се само некои од арапските изрази користени за нив. Храната која е како казна во различни нивоа може да биде различна.

Второ, во сура Хакка, се споменува дека на одреден тип на злосторници ќе им се даде одреден вид храна и тоа ќе биде нивната единствена храна.

Заклучок:

Храната на жителите на пеколот би се определувала според типот на луѓето, па дури и според локацијата или нивото на пеколот.

Значи,

a. Зекум, локацијата е спомнат во 37:64, т.е. дното на пеколот.

б.Нечист гној. Тоа би била ЕДИНСТВЕНАТА храна за оние кои:

Им беше дадена власт (69:29)

Беа богати (69:28)

Не веруваа во Аллах (69:33)

Не го поттикнуваа хранењето на сиромашните (69:34)

в. Слично на тоа, „даре“ би била единствената храна за одреден тип на злосторници или во одредено ниво на пеколот. А Аллах најдобро знае.

0 views0 comments

Comments


bottom of page