На самиот почеток на својата мисија, Мухамед ја создаде потребната почва, каде исламските принципи, правдата и вистинската човечка љубезност успеаа слободно да цветаат. Со други зборови, создаде таква околина каде што луѓето почнаа своето животно искуство, стекнато од исламот, да го применуваат во реалност. Така, тие беа убедени во логиката на времето во кое живееја, и во моќта на идеите проповедани од исламот, преку предавањата и дијалогот.
Сосема е точно дека ова создаде нови термини, како „размислување“, „разум“, „аргумент“, „доказ“, „најдобриот начин за дискусија“, „анализа“, „повикувањето со мудрост и нежен совет“ т.н. темелна исламска терминологија, бидејќи основната цел е дека религијата е всадување на поимот за Бог во срцата и умовите на луѓето.
Поради тоа, целосно предавајќи се на логиката на религијата со своите умови и срца, не упатувајќи никакви чувства или емоции на никој друг освен на Бог, преку целосна духовна љубов. Во нивниот живот, нема да има место за обожување на никој друг, освен за Бога во секоја околност.
Природно е ваква состојба да биде реализирана низ длабоко убедување, сконцентрирана на размислувања, аргументи и најдобриот начин за соочување со умот, срцето и чувствата. Овој начин се анализира низ следните стихови:
„На патот на Господарот твој мудро и со убав совет повикувај, и со нив на најубав начин дискутирај! Господарот твој ги знае оние кои заталкале од Неговиот пат, и Тој ги знае оние кои се на Правиот пат.“ (16: 125)
„И ако тие на лага те наведуваат, ти кажи: ,На мене моите, а на вас вашите дела; вие нема да одговарате за она што јас го правам, а јас нема да одговарам за она што вие го правите.‘“ (10: 41)
„И со следбениците на Книгата дискутирајте на најубав начин, но не и со оние меѓу нив кои се неправедни, и кажете: ,Ние веруваме во она што ни се објавува нам, а нашиот Бог и вашиот Бог – е еден, и ние Нему Му се покоруваме.‘“ (29: 46)
„А кој говори поубаво од оној кој повикува кон Бога, кој добри дела прави и вели: ,Јас навистина сум муслиман!‘ Доброто и злото не се исто! На злото со добро возврати, непријателот твој одеднаш близок пријател ќе ти стане.“ (41: 33-34)
„Затоа ти повикувај и биди истраен, онака како што ти се наредува, а не поведувај се по нивните барања, и кажи: ,Јас верувам во сите Книги кои ги објавил Бог, и наредено ми е праведно да ви судам; Бог е и наш и ваш Господар. Нам нашите, а вам вашите дела; нема потреба едни на други докази да си изнесуваме; Бог сите ќе нè собере, и Нему сите ќе Му се вратат.‘“ (42: 15)
„Дали сме тогаш ние или вие на вистинскиот пат, или пак во очигледна заблуда?“ (34: 24)
Во врска со ова, можеме да видиме дека исламскиот начин на дискутирање и дијалог не доаѓа со притисок врз човечкото убедување, низ насилството и казнувањето, туку со анализирањето на човекот во сите аспекти, аспирации и сите негови посебни чувства во дијаграм, кој ги потцртува прифатливите методи на доброто и нежниот збор, со цел другата страна да живее во духовен, ментален и емоционален мир во текот на дијалогот.
コメント