„А на Сулејман, силен ветер му потчинивме, по негова заповед дуваше кон земјата која ја благословивме; а Ние сe добро знаеме, (Куран, 21/81)
Како што може да се види од горенаведениот стих Аллах го поставил ветерот да му служи на Сулејман(Соломон) а.с. и воедно да му биде како средство кое е под негова заповед. Овде има една индиција која нам во денешното модерно време ни е доста интересна, а тоа е енергијата на ветерот[1] и користа која ја имаме ние денеска во современиот начин на користење, од ветерници кои даваат електрична енергија, па се до транспорт и пренос на патници и луѓе.
„А на Сулејман – ветрот (му го потчинивме), наутро преминуваше растојание од еден месец и навечер растојание од еден месец; и сторивме од изворите растопен бакар да му тече..“(Куран 34/12)
Овој факт на периодичен превоз од едно до друго место е технологија која денес сличи на воздушниот авио траспорт и превоз со високо развиена технологија која ги користи бенефициите на ветерот и она што Аллах го оставил како корист на луѓето.
Comentários