top of page
Writer's pictureinfoislam

Користа на постот

Во поново време сè повеќе се сериозните медицински студии кои ја потврдуваат користа на исламскиот пост за здравјето на луѓето.

Имено, бидејќи муслиманите во последно време сè повеќе го уважуваат императивот на првата Куранска објава „икре“ т.е. учи, сè почесто се појавуваат сериозни научни трудови кои ја откриваат користа на рамазанскиот пост за здравјето на луѓето. Бидејќи бенефитите на постот се многубројни често го нарекуваат и „операција без нож“. Научното списание „Annals of Nutrition and Metabolism“ објави неколку научни трудови за влијанието на постот врз здравјето на луѓето. Ќе изнесеме резиме од некои од тие трудови.

Кога телото не прима храна почнува да ги согорува мастите за да има повеќе енергија. Тоа може да доведе до губење на килограмите. Меѓутоа, ако предолго постите вашето тело ќе почне да ги користи протеините од мускулите како извор на енергија, а тоа не е здраво.

Доктор Разен Махруф, анестезиолог од Оксфорд, вели дека постои силна врска помеѓу начинот на исхрана и здравјето. „За Рамазанот да не размислуваме како можност да ослабнеме, поради тоа што духовниот аспект повеќе се истакнува од здраствениот“, вели тој. Меѓутоа, Рамазанот е одлична можност да се подобри и состојбата на нашето тело. Промените што се случуваат во телото за време на постот, зависат од траењето на постот. Телото влегува во состојба на пост после осум часа по последниот оброк, кога во цревата се завршува апсорпцијата на хранливите материи од храната. Во нормална состојба главен извор на енергија е гликозата складирана во црниот дроб и мускулите. За време на постот, овие залихи на гликоза први се користат како извор на енергија. Подоцна, кога гликозата ќе се потроши, телото почнува да ги користи мастите како извор на енергија. Мали количини на енергија се произведуваат и во други процеси во црниот дроб. Ако постот трае со денови или недели, телото ќе почне да ги користи протеините, како извор на енергија. Ова е технички опис на она што е инаку познато како гладување. Го вклучува ослободувањето на протеините од мускулите, па од тука луѓето кои гладуваат изгледаат многу слаби. Меѓутоа, за време на месецот Рамазан најверојатно нема да се дојде до фаза на глад бидејќи постот секој ден се прекинува. Бидејќи рамазанскиот пост трае само од изгрејсонце до зајдисонце, напојувањето може да се надомести со ифтарот (приквечерина кога може да се јаде) и сифирот (време пред зори кога може да се јаде).

Така постепено се преминува од користење гликоза во користитење на мастите како главни извори на енергија, и се спречува уништувањето на протеините во мускулите. Доктор Махруф вели дека користењето на мастите како извор на енергија помага да се намали телесната тежина, ги заштитува мускулите и го намалува нивото на холестерол. Слабеењето резултира со подобра контрола на дијабетисот и намален крвен притисок. „Доаѓа и до детоксикација, бидејќи сите отрови, кои се наоѓаат во мастите, се разбиваат и се исфрлаат од телото“-, вели Maхруф.

По неколкудневен пост се зголемува нивото на одредени хормони во крвта, што нè прави будни и пружа ментално здравје. Урамнотежената исхрана и внесувањето на течности помеѓу двата периоди на пост е многу важна работа. Бубрезите, се многу ефикасни во одржувањето на нивото на водата и на солите во телото, како што се натриумот и калиумот во телото. Сепак, постењето може да го предизвика нивното губење. За да се спречи уништувањето на мускулите, оброците мора да се составени од храна која содржи многу извори на енергија, како што се јаглехидратите и некои масти.

0 views0 comments

Comments


bottom of page