Мајчиното млеко е нужно во првата година. Аллах вели:
„Мајките нека ги дојат децата свои полни две години, доколку сакаат доењето да биде потполно.“
Доброто здравје и правилниот развој на бебето зависат од квалитетната и правилна исхрана. Мајчиното млеко, кое е идеално за прехранбените потреби на бебето, ја обезбедува потребната енергија за неговата возраст, а содржи и имунолошки компоненти со кои го заштитува од болести и алергии. Ако бебето од различни причини не добива доволно млеко или воопшто не може да се дои, треба да се дохранува или да се храни со приспособено млеко, за што е неопходна консултација со педијатар. Најлош избор на храна е обичното кравјо млеко. Тоа во споредба со мајчиното млеко значително се разликува по состав на протеини, масти и јаглени хидрати и може да предизвика сериозни проблеми – не се препорачува во првата година. Кај деца што имаат проблеми со системот за варење се јавува осетливост на протеините од кравјото млеко, кои предизвикуваат различни алергиски реакции па единствено решение е храна што не содржи протеини од кравјо млеко, како млекото на база на протеини од соја.
Во вториот месец бебето полека го воспоставува својот ритам на оброци, кој е помал отколку во првиот месец. Во третиот месец бебето има воспоставено правилен ритам на доење. Од четвртиот до шестиот месец доенчето обично цица поголемо количество млеко. По четвртиот месец тоа може да почне да пие сокови, кашички од зеленчук и овошје за полека да се навикнува на друга храна. Тоа е период кога бебето треба да јаде полуцврста храна- да учи да голта а подоцна и да џвака храна. Од 4 до 8 месеци бебето не смее да јаде храна со сол за да не ги оштети бубрезите. Во овој период треба да му се даваат само природни овошни сокови, кои содржат само природен шеќер фруктоза. На тој начин се избегнува создавање наклоност за слатка храна. Кај бебињата со склоност кон алергија храната што дополнително ќе почне да се дава треба да биде хипоалергенска (со многу мал потенцијал да предизвика алергиска реакција). Интензивниот раст налага промена во исхраната. Од шестиот до осмиот месец организмот на бебето е подготвен за кашички од телешко и пилешко месо, кои се одличен извор на белковини и железо. Храната што се внесува дополнително со млечните оброци треба да е добро пасирана. Од осмиот месец бебето може да почне да учи да пие од чаша. Во овој период бебињата ги имаат првите запчиња и храната што ја јадат како дополнување на млечните оброци не мора да биде најситно пасирана.
Овде би ја спомнале и забраната за стапување во брак помеѓу личности кои се во сродство по млеко. Ова се однесува на личности кои доеле од иста мајка. Ова е дискутирано и укажана е штетноста на таквиот чин во 1985 на Светскиот меѓународен конгрес за наднаравноста на Куранот, а се однесува на следниот цитат:
– Ви се забрануваат: мајките ваши, и ќерките ваши, и сестрите ваши, и сестрите на татковците ваши, и сестрите на мајките ваши, и ќерките од браќата ваши и од сестрите ваши, и помајките ваши што ве доеле, и сестрите ваши по млеко, …“
Мајчиното млеко во себе содржи клетки кои во себе носат генетски карактеристики и од мајката и од таткото. Тоа значи дека со мајчиното млеко во доенчето се внесуваат особини од таткото и мајката, со што ни се појаснува шеријатската забрана за стапување во брак на браќа и сестри по млеко поради тоа што имаа исти генетски особини иако во основа не се во никаква крвна врска. Истражувањето чие што траело една година а тимот од експерти кои сето ова го истражувале бил составен од седум доктори по медицина од САД и двајца од Египет.
Comments