Молчењето е многу лесно и на човекот никакви трошоци не му носи, туку го чува од многу проблеми и непријатни ситуации и отстранува од него многу несреќи и потешкотии. И покрај овој факт многу малку луѓе знаат да молчат, а Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ја појаснил вредноста на молчењето и опасноста на јазикот кажувајќи: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека говори добро или нека молчи.“[1]
„Кој молчи веќе успеал.“[2]
„Муслиман е оној од чив јазик и раце се мирни останатите муслимани.“[3]
Во една прилика Укбе б. Амир р.а. го запрашал Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем,: „Во што лежи спасот?“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Чувај го својот јазик, држи се до својата куќа[4] и плачи заради своите гревови.“[5]
Целта на овој хадис не е да поднесуваш и да не го менуваш тоа што е лоше, и молчењето за неправдата, туку целта е оддалечување од тоа што нечини и оддалечување од говорот кој не е базиран на доказ. Затоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Кажи ја вистината, па дури и да е горчлива.“[6]
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Предводник на мачениците е Хамза б. Абдул-Муталиб и човек кој ќе стане на неправедниот владар и му го забрани злото и го нареди доброто, па овој поради тоа ќе го убие.“[7]
Овој пример е сличен на него се примери кога човек ја зборува вистината. Молчењето е пожелно кога се работи за некои збунувачки ситуации и нереди и тогаш кога користа од говорот и молчењето е исто. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Убавината на исламот се огледа во оставањето во она што нетреба да се грижиме.“[8]
[1] Бухари, бр.5559., и Муслим, бр.67.
[2] Тирмизи, бр.2425., и Ахмед, бр.6193.
[3] Бухари, бр.9., и Муслим, бр.58.
[4] Вели Ел Мунави: „особено во времето на фитна.“ Види: Фејдул Кадир, 2/249.
[5] Тирмизи, бр.2330., и Ахмед, бр.21206.
[6] Ахмед, бр.20447.
[7] Хаким, бр.4884.
[8] Тирмизи, бр.2239., и Ибн Маџе, бр. 3966.
Comments