top of page
Writer's pictureinfoislam

Користа од намазот од научен аспект

После читањето на овие информации можеме сосема одново и повторно да Му се заблагодариме на Аллах на Упатството кое ни го дал.

Намаз е фундаментален дел од исламот, една од главните исламски должности. Се извршува пет пати на ден и тоа во прецизно одредено време. На арапскиот јазик како и во Куранот оваа должност е позната како „салат“ додека на нашите простори се користи турско-персискиот збор „намаз“. Извршувањето на намазот со себе носи повеќе видови на корист. Освен што Му се приближуваме на Аллах и се здобиваме со Неговото задоволство, работиме за оносветско добро, намазот исто така ни обезбедува физичко и ментално здравје. Во научниот свет е работено на истражувања кои ја потврдуваат вистинитоста на ова тврдење.

Некои од физичките користи на намазот

На еден од Универзитетите во Јапан 2002 година е извршено истражување за тоа како намазот кај пациентот на муслиманот кој го практикува ја подобрува и ја забрзува рехабилитацијата.[1] Главната функција на рехабилитацијата е да обезбеди адекватна терапија која помага во подобрување на физичката активност кај заболените личности преко подобрување на работата на мускулите. Тимот кој работел на рехабилитацијата на пациентите морал да води сметка за социјалното и менталното здравје на пациентот. Набљудувајќи ги милионите муслимани кои извршуваат молитва во регуларно пропишаното време, научниците од Јапонија претпоставиле дека намазот може многу да го подобри физичкото здравје и самоувереноста, подобрувањето на мускулно-скелетната способност, моториката и протокот на крв во мозок и дека тоа може да игра голема улога во рехабилитацијата на заболениот. Во својата работа тие ги вршеле анализа на различните положби во намазот како и распонот на движење со направа за мерење на агли(гониометар). Мозочниот крвен притисок во однос на гравитацијата бил израчунат во различни положби на намазот. Ваквото истражување покажало дека за време на извршување на намазот повеќето зглобови и мускули се активни со мал напор, што игра битна улога во мозочната циркулација и постуларните рефлекси. Физичките вежби како што се „Таи -чаи“ вклучуваат движење на целото тело, но намазот претставува повеќе од тоа од причина што тој вклучува учење на Куранот и на довите, кои се изговараат за време на правењето на движењата и помеѓу нив.

Према истражувањата кои биле вршени 2008 година при Малезискиот Универзитет[2] од страна на тимот за Биомедицински инженеринг позицијата на сеџда може да го намали ритамот на движењето на срцето. Нискиот пулс е позитивен знак и означува дека срцето е во состојба на мирување. За некои движења во намазот е докажано дека ја намалуваат болката во грбот и кичмта, како и пореметувањето на ерекцијата. Покрај доказите за физичката корист на намазот, постојат докази за обезбедување на ефектите на смирување на менталниот и мисловниот дел на човекот.

Намазот и анализа на сигналите на брановите на мозокот

Хемиските промени се случуваат кога мозокот е активен. Хемиските процеси кои се случуваат предизвикуваат движење на јоните или атомите кои носат електрични празнења. Кога ќе се случи ова ќе се појават електричните активности. Денес поради развојот на технологијата овие празнења на мозокот можат да се мерат со електроди кои се поставуваат на главата со специјална техника – електроенцефалографија(ЕЕГ) и на тој начин се мерат сигналите на мозокот кој резултираат од овие електрични активности. Промената на ЕЕГ сигнали зависи од различните внатрешни состојби на испитаниците.

Во текот на 24 часа, муслиманот извршува 5 намази, што значи дека има најмалку 17 рекати(две стоења,едно поклонување и две спуштања ничкум претставуваат еден рекат), а кои содржат 119 положби. Освен тоа, положбите се такви што можат да ги извршат луѓе во сите старосни возрасти и тоа е вежба која не предизвикува напор или замор и допринесува во состојбата на внатрешен мир. Поради сите овие наведени причини тимот од Технолошкиот Универзитет во Малезија,[3] 2011 година, одлучил да ги анализира ЕЕГ сигналите и изврши пресметка по секое извршување на намазот. За време на овие истражувања се вршени мерења на позитивните влијанија по слушањето на „природните – натура“ звуци и извршувањето на намаз. Експериментот сторен од страна на наведениот тим од Технолошкиот Универзитет покажал дека покрај дотогашните истражувања кои покажале позитивни ефекти на слушањето на „натура“ музиката(звуци) на мозокот, позитивниот ефект на мозокот е поголем. Споредбата ја постигнале со мерење на нивото на гама бранови по слушањето на спомнатата „музика“ а потоа кон испитаниците кои извршувале намаз. Гама брановите биле многу поголеми откако се извршил намазот.

Научниот тим од одделот за Биомедицински инженеринг од Малезискиот универзитет[4] дошол до уште едно сознание. Истражувањето требало покаже и колкаво е нивото на релаксација постигнато со обавувањето на намазот со помош на мерењето на алфа мозочни активности во фронталниот, централниот, паријаталниот и тилниот дел на мозокот со помош на електроди. Девет муслимани учествувале во експериментот и тестирањето било вршено додека клањале духа-намаз(доброволна молитва-намаз помеѓу утринската и пладневната молитва). Тестот покажал дека нема значителелна промена во РП(алфа) амплитудата за време на духа-намазот и на сите услови врз кои е влијаено  во сите 8 положби на електродите. Меѓутоа РП(алфа) покажал поголема амплитуда за време на вршење на сеџдата(паѓање ничкум со чело и со нос) во текон на извршување на духа намазот и условите на влијание во паријаталната и тилната област на мозокот во споредба со состобата на активен одмор. Појавата на зголемување на алфа амплитудата сугерира парасимпатичка активација, што укажува на состојба на опуштање.

После овие информации секако дека може да Му се заблагодариме на Аллах на Упатството кое ни го дал и дека здравјето и болеста се од Него, а благодетта од вршење на намаз освен во физички смисол дава и духовна возвишеност и благосостојба и мир.

Превод: Ебу Абдулмалик

[1] 1. Reza, M. F., Y. Urakami , Y. Mano. 2002. Evaluation of a New Physical Exercise Taken from Salat (Prayer) as a Short-Duration and Frequent Physical Activity in the Rehabilitation of Geriatric and Disabled Patients. Annals of Saudi Medicine. 22(3-4): 177-180.

[2] Fatimah Ibrahim, Wan Abu Bakar Wan Abas, Ng Siew Cheok. 2008. Salat, Benefit from SciencePerspective. Department of Biomedical Engineering, Universiti Malaya.

[3] W. Mohd Fatihilkamal, W. Mohd Ridzvan, Nasrul Humaimi Mahmood, Nor Aini Zakaria and Elia Ameera Ali. 2011. Salat and brainwave signal analysis. Journal of Teknology 191-192.

[4] Doufesh H, Faisal T, Lim KS, Ibrahim F. 2012. EEG spectral analysis on Muslim prayers. Appl Psychophysiol Biofeedback 37(1):11-8

0 views0 comments

コメント


bottom of page