top of page
Writer's pictureinfoislam

Користење на сапунот за време на исламското златно доба

Перењето и бањањето се религиозни задолженија на Муслиманите, поради што тие со тек на време усовршуваат правење на сапун. Иако Египјаните имале некој вид на сапун, како и Римајните кои сапунот го користеле како помада, Арабите се тие што го измислиле денешниот сапун.

Тие се првите кои искомбинирале растителни масла, натриум хидроксид и миризливи масла. За Арапите една од главните карактеристики по која ги препознавале Крстоносците, била нивната ужасна миризба. Освен сапунот, тие се одговорни и за шампонот кој прв пат бил пренесен во Европа во 1759-та од муслиманските трговци.

300px-Decorative_Soaps

Процесот на одделување на течностите според нивната точка на вриење е откриен околу 800-та година од еден од најголемите муслимански научници Џабир ибн Хајан. Тој е одговорен и за трансформацијата на алхемијата во хемија, откривање на голем број процеси и машини кои се користат и денес: кристализација, дестилација, пурификација, оксидација, испарување и филтрирање. Тој ги открил и сулфурната и азотната киселина. Џабир е инвенторот и на дестилаторот со што на светот му ги дава првите парфеми и алкохолни пијалоци (иако пиењето било забрането). Како татко на модерната хемија тој посебно се залагал за систематско експериментирање

Цврст сапун со пријатен мирис беше произведен во Средниот Исток за време на исламското Златно доба, кога сапунството стана основана индустрија. Рецептите за сапун се опишани од Мухамед ибн Закарија ал Рази (854-925), кој исто така дал рецепт за производство на глицерин од маслиново масло. На Блискиот Исток, сапунот бил произведен од интеракцијата на масни масла и масти со алкали. Во Сирија, сапун се произведуваше со маслиново масло заедно со алкали и вар. Сапун се извезуваше од Сирија, во други делови на муслиманскиот свет и во Европа. [Ahmad Y. al-Hassan (2001), Science and Technology in Islam: Technology and applied sciences, pages 73-74] Исламскиот документ од 12 век го опишува процесот на производство на сапун. [BBC Science and Islam Part 2, Jim Al-Khalili. ] Тој ја споменува клучната состојка, алкалите, кои подоцна стануваат клучни за модерната хемија, добиени од името Ал-Кали или “пепел”. До 13-тиот век, производството на сапун во исламскиот свет стана практично индустријализирано, со извори на производство во Наблус, Фес, Дамаск и Алепо. [Phillips, Michael (March 11, 2008). “Nablus’ olive oil soap: a Palestinian tradition lives on”Institute for Middle East Understanding (IMEU).

0 views0 comments

コメント


bottom of page