top of page
Writer's pictureinfoislam

Кој вид на ѕвезда е споната во Куранот?

Пулсари се високо магнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација. Видливите периоди на нивното пулсирање се движат од 1,4 милисекунди до 8,5 секунди. Радијацијата може да се забележи само кога снопот од емисија е насочен кон Земјата. Ова се нарекува ефект на светилник, па оттаму доаѓа и името на пулсарите. Бидејќи неутронските ѕвезди се многу густи објекти, периодот на ротација и интервалот меѓу две видливи пулсирања е постојан. За некои пулсари, прецизноста на пулсирањето е исто колку и прецизноста на атомски часовник.Аллах вели:„Ние најблиското небо со сјајни светилки го украсивме и ги направивме оган за гаѓање на шејтаните, за коишто подготвивме страдање во огнот.“(Ел Мулк, 5)Какви проектили пукаат ѕвездите?

Аллах вели:

86:1. Се колнам во небото и во Тарик! (Оној што удира) 86:2. А знаеш ли ти што е Тарик? (Оној што удира) 86:3. Ѕвезда блескава! (Сакиб)

Во речниците на арапскиот јазик ќе најдеме дека Тарик означува оној кој чука, кој удира, кој кова, тропа.Кој тоа чука или удира? Ајетот одговара и вели ѕвезда.Неџм значи означува ѕвезда.Таа ѕвезда има посебни особини затоа што и самата е еден феномен, посебен објект, тешко замислив, но реален и опиплив.Сакиб означува оној кој буши, продира, пронижува, кој блеска, кој засветлува.Овој збор значи зборува за особината на ѕвездата.Аллах џ.ш., значи се колне во ѕвездата (неџм) која произведува импулси кои наликуваат на удари или чукање (тарик), а истовремено прска гигантска светлина, радио бранови, гама и Х зраци (сакиб)! Добро знаеме колку се продорни гама зраците, Х зраците, радио брановите и светлоста!Каква е таа ѕвезда која така се однесува? Вакви својства астрономите им препишуваат само на неутронските ѕвезди.Неутронските ѕвезди се одликуваат со голема густина и неверојатно голема брзина на ротацијата, едно вртење во неколку секуди до едно вртење во 1.56 милисекунда!Таквите ѕвезди се нарекуваат пулсари! Зошто пулсари? Затоа што пулсираат. Од двата мегнети пола на пулсарот избива млаз на честици. Овие честици произведуваат многу моќен млаз на светлина, радио бранови, Х или гама зраци. Тој млаз го сече небото како светлото на светилникот.Магнетната и ротационата оска нa пулсарот не се подудараат! Секој пат кога овој зрак (било како светлосен сноп, радио бран, гама или Х зрак) ќе ја погоди Земјата се слуша прецизен пулс на радио бучава која личи на чукање (тарик) или ударање на моќен небески часовник следен со грмотевица! Значи Земјата добива шамари во точно одреден ритам! Кога ги слушнав овие удари со свои уши бев зашеметен и уверен дека навистина првите три ајети од сурата Ет Тарик се однесуваат на овие космички објекти пулсари!Имено, по пат на интернет ако се приклучите на една од опсерваториите кои со големи радио телескопи го снимиле ова чукање на неутронските ѕвезди и самите ќе бидете изненадени од фрапантното согласување на цитираните ајети со однесувањето на пулсарот!Овде можете да слушнета како удара Пулсар PSR B0329+54http://www.jb.man.ac.uk/pulsar/Education/Sounds/B0329.auОвде можете да слушнета како удара Пулсар PSR B0833-45, The Vela Pulsarhttp://www.jb.man.ac.uk/pulsar/Education/Sounds/vela.auКога нашата ѕвезда Сонце за некое чудо би се згуснала како неутронска ѕвезда на тело со пречник од 10 км, нејзината брзина на ротацијата ќе се зголеми за 5 милијарди пати, односно ќе се врти по 2000 пати во секунда!Најенергетскиот пулсар е откриен во Раковата маглина (Краб Небула). Тој се врти по 30 пати во секунда и многу е магнетизиран.Поради тоа тој делува како енергетска станица чиј што ветер пренесува доволно енергија , што целата Ракова маглина свети во готово цела спектрална област.Најбрзи се радио пулсарите.Така пулсарот PSR1937+21 се врти преку 360 пати во секунда.Се смета дека овие емитувања на продорен светлосен или радио блесок предизвикува постојано паѓање на материи од соседните ѕвезди, на начин, како кога на веќе ротирачки глобус би ударале со прст и на на тој начин ќе му ја одржуваме брзината на вртење.

Предходни толкувања на ајетите 86:1, 2, 3Во својот коментар Јусуф Али (чиј што превод на Куранот на англиски јазик сега најмногу се користи на религиските интернет news групи) вели дека постојат многу разединувања за тоа на што може да се однесуваат овие три ајети. Некои коментатори мислат дека овде станува збор за Вечерната и Утринската ѕвезда (Венера и Деница), некои дека тоа е планетата Сатурн, ѕвездата Сириус, звезденото јато Плејади или ѕвездите кои паѓаат.Тој смета дека значење кој најмногу одговара да се земе за зборот “тарик“ е “ѕвезда“ во колективна и генеричка смисла, затоа што ѕведите светат секоја ноќ и нивната светлина продира низ темната ноќ. Треба да се напомене дека талкања се присутни и кај другите коментатори на Куранот.Основни критериуми Особините на небескиот објект спомнат во ајетите 86:1, 2, 3 се, дека тој:1. Чука (удира, тропа)2. Дека е ѕвезда, 3. Дека буши, продира, пронижува.Ниту една планета од Сонцевиот систем не може да ги задоволи критериумите дефинирани со самите ајети, затоа што ниту една планета не произведува пулсирање кое наликува на чукање, ударање.– Затоа што ниту Деница (Венера, Вечерница) исто како и Сатурн не се ѕвезди, туку ладни небески тела.-Затоа што ниту една планета нема толку силни зрачења (како во областа на светлината, така и во областа на емисијата на радио бранови , Х или гама зраци) за да се совпаѓаат.Што се однесува пак до Сириус тој е ѕвезда која во суштина е иста како и милијради ѕвезди со висок сјај.Ѕвезденото јато Плејади исто така не ги исполнува овие критериуми со самото тоа што во прашање се повеќе групирани ѕвезди со карактеристичен изглед, и ние на небото ја гледаме нивната здружена светлина.Она што во нашите прилики го нарекуваме “Ѕвезда што паѓа“ воопшто не ѕвезда туку мало парче на космички материјал со големина на зрно песок или поголемо, кое изгорува кога ќе влезе во Земјината атмосфера поради триењето на воздухот, и при тоа развива интензивна светлина.А Аллах најдобро знае!

Мустафа Мливо

0 views0 comments

Comments


bottom of page