Кој е „Паган“? Секој има своја омилена дефиниција на зборот „Паган“.Повеќето луѓе се убедени дека нивното значење е најисправно.Но сепак непостои консензус дури ни во една религија и верска традиција која е правилната дефиниција на „Паганизмот“.Истиот проблем го среќаваме со Христијанството и со Хиндуизмот како и со многу други религии. Терминот Паганизам потекнува од Латинскиот збор „ paganus“. За несреќа , не е најден консензус на прецизното значење на зборот кој потекнува од постоењето на Римската империја.Нас ќе не интересира приближното значење, бидејќи тоа кај евреите и кај муслиманите постои во слична конотација, но под друг израз.Например кај муслиманите тоа се таканаречени „мушрици“ или полетеисти.При прифаќање на христијанството луѓето кои биле во градовите многу побрзо се адаптирале на новата религија и тие надвор во селата биле наречени пагани , бидејќи сеуште ја следеа старогрчката религија и Митраизмот за кој подоцна ќе стане збор во книгата.Некои од научниците веруваат дека цивилите нехристијани во Римското царство биле наречени како „пагани“ бидејќи небиле војници на Христа.И уште една теорија е дека зборот „паган“ означува група на луѓе кои се од страна односно„аутсајдери“. После третиот век од новата ера тој термин ги опфаќа сите нехристијани и евентуално станува термин кој го опишува некој кој што верува во Сатаната.Истото се случува подоцна во исламот кај терминот „ќафир“ и „мушрик“ или некој што верува во ѓаволот односно на арапски е попознат како „тагут“. Кај христијаните сепак поимот на паганизам се распространил на обичаите кои се поврзани со култното и околтизмот,односно обожување на ѓаволот. Но овде ќе наведеме неколку дефиниции на паганизмот и неговото значење. Прво значење : Паганите се состојат од Волшебници и други Неопагани Ова би било прво значење, но не и единствено.Прво е бидејќи истите самите се нарекуваат така.Пример на ова ќе наведеме: -Друзите се следбеници на античка Келтска класа на свештеници. -Асатру се следбеници на античката Норска религија -Волшебниците (Вика) се следбеници пред Келтската религија во Европа. -Другите Неопагани го следат Хеленизмот(старогрчка религија), Романизмот(старата Римска религија), Кеметизмот(старата Египетска религија) и други традиции. Волшебништвото и друидизмот се пред се врзани со Земјата и природата и следејќи ги тие промени и циклуси. Додека другите како старогрчката, Романската и Египетската миологија се врзани со принцип на божества. Волшебништвото уште може да се нарече како вештерство или тоа е дел од окултното, познато денес како Сатанизмот. Денес во Америка постојат најмалку 6 милиони луѓе кои практикуваат вештерство и се дел од 10 милиони други луѓе кои ги следат правците како што се Друидизмот и Американски шаманизам. Второ значење: Пагани се сите секуларисти и атеиси Терминот „пагани“ им припаѓа на сите тие што до вчера се нарекуваа себе си така , а тоа се : Атеистите, Агностчарите, Хуманистите и од некои други групи, на кои откако почна да се користи терминот неопагани во средина на прошлиот век ,и се поретко ги нарекуваат така. Трето значење: Пагани се античките политеисти(многубошци) Терминот „Пагани“ понекогаш се однесува на античка политеистичка религија и како што е опишано во Кембриџскиот напреден речник на поими- „Паганизмот“ припаѓа на религија која обожава многу богови и постоел пред појавата на трите светски религии.Во Стариот Завет и во Кур’анот често наоѓаме такви реченици кои ги дефинираат овие поими. Псалми 106:37,38: „Да , и тие ги жртвуваа нивните синови и нивните ќерќи на ѓаволот, И пролеваа невина крв, дури и крв на нивните синови и ќерќи, кои ги жртвуваа на идолите на Канан: и земјата стана загадена со крв.“(се мисли на многубошците) Кур’анот на многу места збори за паганите и ќе наведеме неколку реченици од него: 5:50:„Зар тие бараат како во паганско време да им се суди? А кој од Бог е подобар судија на народ кој цврсто верува?“ 48:26:„Кога неверниците ги полнеа своите срца со жар, жар пагански, Бог ја спушти смиреноста Своја на Пратеникот Свој и на верниците и ги задолжи на Речта богобојазлива – а тие и се најзаслужни и најдостојни за тоа – а Бог знае се.“ И во Јудаизмот и во Христијанството , како и во Исламот наоѓаме дека поимот дефинира една група на луѓе во тоа време позната како политеисти или луѓе кои што се идолопоклоници.Ако тогаш тоа идолопоклонство се изразувало преко обожување на божества кои како Бал кој го преставувал сонцето, тогаш тие и денес се присатни и кај модерниот човек.И денеска се обожава Бал и денес луѓето го носат сонцето и месечината како свои симболи на своите национални грбови и химни. Модерниот паганизам е претставен преку цртежи и преку култови на личности и симболи кои се следат и величаат. Четврто значење: Паганите ги следат Абориџинските(Домородечките) учења Паганизот повремено се користи за анимистички и спиритуалистичко системи на верување. Тие верувања вклучуваат директна перцепција на силите во природата и обично се занимаваат со користење на идоли , талисмани и табуа за да се здобијат со почит од овие сили и невидливи суштества. Многу од домородечките религии потпаѓаат под оваа дефиниција. Петто значење: Паганите се следбеници на не-Аврамските религии -Многу ретка употреба на „Пагани“ е да се опишат личности кои не ги следат главните Аврамовски религии.Тоа е дека тие религии не го признаваат Авраам како нивен патријарх. Такви личности не се ниту Христијани, ниту Муслимани, ниту Бахаи , а ниту Евреи . Тоа ги вклучува Агностичарите, Атеистите, Будистите, Таоистите и со ваква дефиниција околу 45% од населението се пагани. Шесто значење: Паганите не припаѓаат на ниедна од главните светски религии
Кембриџскиот напреден речник на поими вика дека зборот „паган“ се однесува на :„на религиско верување кое не припаѓа на ниту една од главните религии на свет“ Оваа дефиниција е доста нејасна бидејќи не е дефинирано кои се „главните светски религии“ . Дали се според бројност дефинирани или според учењето?! Седмо значење: Пагани се Атеисти , Агностици, Хуманисти… Терминот „пагани“ нашироко се користеше помеѓу Атеистите, Агностичарите, Хуманистите и други, кои така и беа опишувани од страна на другите. После појавата на Неопаганизмот во средина на 20-от век и многу ретко се користи во денешно време. Осмо значење: Паганизам е верување во божества и сили покрај едниот Бог и земање посредништво од таквите сили Оваа дефиниција како последна , а по некои најисправна, претставува верување во видливи и невидливи сили и во посредништво помеѓу човекот и Бог. Тоа верување се изразува со земање на светци, идоли , добри луѓе, свештени лица и се што потекнува од овој свет како нешто што може да ја одлучи нашата судбина.Тоа може да биде и нешто невидливо како што се духови или џини(арапски), демони, самовили, змејови, аждаи, а може да биде и материја или нешто видливо како што се волшебници, гуруа, учители, природата и елементи од природата, односно се што е присатно во овој свет и тоа како нешто што влијае на Божјиот суд или дека тоа нешто ќе не приближи до Бог или ќе не направи суштества слични на божества. Ваквото „божење“ го гледаме кај сите верувања, па дури и кај трите „еднобожачки“ религии. Кај евреите преку ционизмот и „избраниот“ народ, кај Христијаните преку изградената догма на „свето тројство“ и крштевањето, а кај Муслиманите преку девијантните појави на Суфизам и Шиизам. За другите религии нема ни да потенцираме која е разликата помеѓу нив и паганизмот , бидејќи самите религии во нивното учење пропагираат многубоштво или следење на измислени филозофии на поедини луѓе со што и самите себе се нарекуваат „пагани“. Тука би ја ставиле и астрологијата, гатањето, таротот и секој што пророчува и се служи со невидливи сили за да ја види иднината или да лечи со помош на невидливи сили, биоенергија и слично. Со ваквиот поглед на работите од постоењето на човечката цивилизација, па се до денешно време над 90% на луѓето се следбеници на паганското и окултното, односно на работи кои што се човечка фантазија, филозофија и начин на живеење. Движејќи се низ историјата ќе спознаеме за различните верувања кои постоеле кај различни цивилизации и народи во различен временски период. Мозаикот на верувањата кој постоел не го оправдува темелот на постоење на истите , ниту ја докажува својата супериорност над другото верување со достигањата што ги имаат следбениците на тоа верување во светски рамки. Супериорноста во едно верување над друго би можела да биде само во предметот на обожување и начинот на верување, односно што се постига при тој чин, дали се обожува Создателот или создаденото!
Comments