top of page
Writer's pictureinfoislam

Кој е Шејтан?

  1. ШТО Е ТОА ШЕЈТАН?

Рекол Ибн Џерир Ет-Тавери, rahimehullah : Зборот шејтан, Арапите го користат за се што е непокорно, џините, луѓето и животните. Во тој контекс нашиот Господар рекол:

Така на секој веровесник непријателите му ги одредивме, шејтани меѓу луѓето и џините……(El-En`am,112)

Рекол за луѓето дека се шејтани како и за џините.

Потоа го навел преданието на својот ланец преносител од Еслема Ел-Адевија, rahimehullah, дека Омер radijallahu `anhu, јавнал едно магаре кое го јавал многу отмено и пополека, па почнал да го удира но тоа упорно одело само отмено. Се симнал од него и рекол:”Ми дадовте шејтан да јавам, само што се симнав од него, поинаку се чувствувам.” Ланецот на ова предание е добар.

Потоа имам Тебери, rahimehullah рекол: “Непокорните од секоја врста на живи битија се наречени шејтани поради различноста на нивниот карактер и постапките во однос на останатите единки од истата врста, и поради оддалеченоста од добрата.” (Dzamiu `el-bejani, 1/49)

  1. ПОЧЕТОКОТ НА ШЕЈТАНОТ

Кога Алах, azze ve dzelle, го создал Адем (`alejhi selam) им наредил на анѓелите да му паднат на сеџда. Сите му паднале на сеџда бидејќи тие не се спротивставуваат на она што Алах им го заповедал, и тоа што ќе им биде наредено тие покорно го извршуваат. (Рекол Возвишениот во сурата Et-Tehrim,6)

Со нив било и едно створение кое чинело ибадет, но не било едно од нив, бидејќи тие биле создадени од светлина, а тој од оган.

Се излажал со материјата од која бил создаден, во моментот на испит, одбил да падне на сеџда на Адем (`alejhi selam), тврдејќи дека е почесен и подобар од него. Ја споредил материјата од која што биле создадени, а го занемарил Оној кој што му наредил да направи сеџда. Рекол:

Јас сум подобар од него; мене од оган ме создаде, а него од земја….(El-Ea`raf,12)

Чудно ли чудо! Признал дека Алах azze ve dzelle, е Создател, признал дека Алах azze ve dzelle, оживува и усмртува велејќи:

Дај ми време до денот на нивното оживување!…..(El-Ea`raf,14)

Но, користи ли знаењето, ако по него не се работи? Не, никако!, и покрај тоа на Судниот ден ќе биде голема несреќа и доказ против оној кој ова го присвоил. Тогаш пристигна Божјата наредба за негово прогонство и проклетство:

Тогаш излези од Рајот, рече Он, навистина си проклет! И нека проклетството биде врз тебе до денот Суден! (El-Hidzr,34-35)

Од тогаш настанало непријателството помеѓу него и Адем (`alejhi selam), а тој веднаш почнал осветата да ја смислува!

  1. БРЗИОТ ПЛАН НА ШЕЈТАНОТ

Тогаш го смисли подлиот и прљав план и набрзина рече:

Господару мој, дај ми време до Денот кога тие ќе бидат оживеани! (El-Hidzr,36)

Рекол Сејјид Кутб, rahimehullah: Не бараше одложување за да се покае за својот грев направен кон Створителот, ниту пак да се врати, да се покае и искупи за својот голем грев, туку ја сака осветата на Адем (`alejhi selam), и неговото потомство поради проклетството и прогонството. Го поврза Алаховото azze ve dzelle, проклетство со Адем (`alejhi selam), наместо да си ја увиди својата непокорност кон Алах (subhanehu ve te`ala).

  1. ЦЕЛТА НА ШЕЈТАНОТ

Кога се увери дека ќе биде оставен до Судниот ден, после Алаховите azze ve dzelle, зборови:

Ти се дава рок до Денот веќе одреден! (El-Hidzr,37-38)

без ни малку страв и стравопочитување почнал да ги изнесува детаљите на својот план и своите зацртани цели, велејќи:

Господару мој, рече, затоа што во заблуда ме доведе, јас на нив на Земјата пороците убави ќе им ги претставам и сите ќе ги заведам, освен Твоите искрени робови меѓу нив. (El-Hidzr,39-40)

Рече Сејјид Кутб, rahimehullah, зборовите:

На Земјата пороците убави ќе им ги претставам,

Иблис го прецизирал бојното поле, тоа е Земјата. Со тие зборови го прецизирал и оружјето, разубавување, прикажување на грдото во убаво, и навраќање на вештачкото разубавување тоа да се шири и прави. Така човекот кое било зло да го стори, шејтанот му го разубавувал, му го украсувал и прикажувал во нереален изглед и деградација. Луѓето треба да го имаат на ум неговото оружје и треба да бидат внимателни секогаш кога нешто им се допаѓа или пак кога ќе почувствуваат дека нешто сакаат, нека се чуваат бидејќи шејтанот можеби е во близина. Освен ако имаат цврста врска со Алах azze ve dzelle, и вистински го обожаваат, во тој случај шејтанот не може да дојде до Алаховите azze ve dzelle, искрени и одбрани робови, согласно со условот кој тој самиот си го поставил велејќи:

Освен Твоите искрени робови меѓу нив. (Fi zilali el-Kur`an 4/2141)

  1. ПРВИОТ НАПАД НА ШЕЈТАНОТ

Шејтанот се задолжил на непријателство кон потомството Адемово (`alejhi selam). Па при тоа, првиот напад на човекот го извршува веднаш по раѓањето, објавувајќи му на тој начин жестока војна без можност на помилување и примирје.

Пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека пратеникот Мухамед sallallahu `alejhi ve sellem, рекол:

Шејтанот секој човек го прободува во слабината после раѓањето, освен Иса синот на Мерјем, него сакал да го прободи но го спречило препрека. (Buhari mea`el-Feth,6/337)

Тој шејтански бодеж е причината за врисокот на новороденчето веднаш по раѓањето, пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека пратеникот Мухамед sallallahu `alejhi ve sellem, рекол:

Шејтанот го прободува секое новороденче, освен Иса, синот на Мерјем, и поради неговиот бодеж, детето веднаш по раѓањето плаче.

Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, рекол: Ако сакате проучете му:

Јас него и породот негов го ставам под Твоја заштита од проклетиот шејтан!

(Buhari mea`el-Feth,8/212; Muslim bi sherhi en-Nevevi, 15/121)

Пренесено е од Ебу Хурејре, radijallahu `anhu, дека пратеникот Мухамед sallallahu `alejhi ve sellem, рекол:

Детето кога ќе се роди, плаче поради шејтанското вознемирување! (Muslim,148)

Дали е само Иса (`alejhi selam) сочуван од тој бодеж или сите пратеници? Невеви, rahimehullah, пренел од кадија Ијад, rahimehullah, дека рекол: Сите пратеници имаат удел во таа Исаова (`alejhi selam), посебност. *(Така кажал! Меѓутоа, хадисот укажува на спротивното!)

  1. ШЕЈТАНОТ ЈА ПРАЌА СВОЈАТА ВОЈСКА ДА ГИ ЗАВЕДЕ ЛУЃЕТО

Пренел Муслим, rahimehullah, од Џабир, radijallahu `anhu, дека рекол: Рекол пратеникот Мухамед sallallahu `alejhi ve sellem:

Иблис ја поставил својата престолнина на вода и ја праќа својата војска да ги заведе луѓето, па најблиску до него се оние кои најмногу луѓе ќе заведат. Доаѓаат и му кажуваат што сториле, едниот му вели: Го направив ова и ова. Тој му вели: Ништо не си направил! Доаѓа друг и му вели: Не го пуштив се додека не се раздели од сопругата! Тој го приближи до себе и му рече: Да, ти!

Еа`меш, rahimehullah, рекол: Мислам дека рече и дека го прегрнал. (Muslim bi sherhi Nevevi,17/107)

Од Ебу Муса ел-Ешарија, radijallahu `anhu, се пренесува дека рекол:

Кога ќе се стемни Иблис ја праќа својата војска на Земјата и вели: Кој ќе заведе муслиман ќе му ставам круна на главата! Еден од нив му рече: Не го пуштив човекот се додека не се разведе од сопругата! Иблис му рече: Наскоро ќе се ожени! Друг му рече: Не го пуштив човекот се додека не направи блуд! Иблис му рече: Добар си! Третиот му рече: Не го пуштив човекот се додека не се опијани! Иблис му рече: Добар си и ти! Четвртиот му рече: Не сум го пуштил човекот се додека не го уби другиот човек! Иблис му рече: Ти,ти!!! (Es-Sahiha,1280)

Пренесоа Ахмед и Ибн Хиббан, rahimehullah, а Албани, rahimehullah, го оценил хадисот веродостоен.

0 views0 comments

Comments


bottom of page