Прашање: Сура 34:50 му заповеда на Мухамед (а.с.) да каже: „Ако залутам, ќе залутам само за себе (како сопствена загуба)“, што е „сериозна“ грешка во Куранот, како и спротивно на учењето на Куранот во голем број други ајети и укажува дека Мухаммед погрешил?
Одговор:
Ајетот гласи : „Кажи: „Ако скршнам во заблуда… па, навистина, скршнувам за себеси а ако по патот вистински се упатам, тогаш, тоа, навистина, е заради она што ми е објавено од Господарот мој. Тој, навистина, Се слуша и Близок е!“(34;50)
Прво, ајетот започнува со „АКО““. Значи, тоа скршнување е дефинирано со услов „Ако“. Ако Мухамед, саллалаху алејхи ве алихи весалам, погрешил, тогаш не можел да продолжи да го кажува Куранот.
„[Тоа е] откровение од Господарот на световите. И ако Мухамед измислил за нас некои [лажни] зборови, ќе го фатевме за десната рака, а потоа ќе му ја пресечевме аортата и нема никој од вас што би можел да [нѐ спречи] од тоа.“(Сура 69 ;43-47).
Но, бидејќи нашиот чесен пратеник Мухамед с.а.в.с. продолжил да го проповеда и пренесува Куранот, тоа значи дека всушност, Тој бил потполно и апсолутно во право. Тој бил воден од Аллаховата објава. Вториот услов „Навистина“ споменат во ајетот е оној кој се исполнил и кој бил вистинит за пратеникот Мухаммед а.с и битен за нас. Потврда е друг ајет од Светиот Куран, „па потпри се на Аллах; навистина, ти си на јасната вистина“..(Сура Немл 79)
Забележете дека не постои АКО во ајетот кој е споменат, но има збор НАВИСТИНА, така што вистинскиот услов е исполнет за претеништвото на Мухамед а.с. кој беше на јасна вистина, водена од Аллаховата објава.
Comments