top of page
Writer's pictureinfoislam

Кој ќе биде запрашан за знаење и ќе го сокрие

Аллах кажал: „А кога Аллах ја зеде обврската од тие на кои им е дадена Книгата дека сигурно на луѓето ќе им ја објаснуваат и дека од неа нема ништо да кријат,..“(Али Имран, 187)

Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Кој ќе биде запрашан за знаењето и ќе го сокрие на Судниот ден ќе дојде со узди од оган.“(Ебу Давуд, Тирмизи)

Ебу хурејре , радијалланху анху, говорел:„Да во Аллаховата книга не се два ајета не би ви говорел ништо. Навистина Севишниот Аллах кажал: „навистина оние што кријат од она што сме објавиле..“ овој ајет и оној кој следи после него – потоа кажал: „Луѓето навистина говорат: „Ебу Хурејре многу зборува“ – а потоа би го спомнал хадисот.(Бухарија и Муслим)

Језид б. Хурмуз кажал: „ Неџде пишувал на Ибн Абас прашувајќи го за пет работи, на што Ибн Абас одговорил: „Навистина луѓето говорат: Ибн Абас се допишува со харуриите( еден од називите за хариџиите). Да не се плашев дека ќе сокријам знаење не би му одговорил.“ Потоа го спомнал хадисот.“

Паметните луѓе кажале: „Оној кој ќе скрие знаење како да не го ни познава.“

Секој од луѓето што собирал знаење го правел она што го паметел и кога учените би биле немарни во погледд на собирањето на вестите, разликувањето на преданијата и кога би прекинале да ги разликуваат преданијата по потекло и извор, би исчезнало знаењето и мудроста. Но Аллах за овакво знаење ќе сочува луѓе дури и да се малкумина. Тие со Аллахова доброта и благодет ќе ги поучуваат луѓето и ќе укажуваат на ограноците. Луѓето ќе бидат на добро се додека постои барем еден кој ќе ги поучува другите, бидејќи знаењето ќе исчезне со исчезнување на учењаците како што ни кажал Аллаховиот Пратеник. Без таквото знаење не постои ни вистинско познавање на верата и теухидот, ниту вистинско знаење за моралот, нити познавање на прописите како што се намазот, постот, зекатот, борбата на Аллаховиот пат и др.

Затоа барањето на знаење е обврска како што рекол Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, во хадисот кој го пренесува Енес б. Малик: „Барањето на знаење е обврска на секој муслиман.“ (Хасен)

За стекнување на обврзителното знаење(намаз, пост, хаџ) не е потребно да се бара дозвола од родителите за да се оди и да се бара тоа знаење, но за посакуваното(препорачано) знаење потребно е да се прашаат родителите. Ибнул Мубарек сметал дека секое знаење кое треба човек да се поучи е обврзително знаење. Исто така се пренесува дека кажал дека не му е дозволено да стори нешто освен со знаење, а знаењето нема да го постигне без да запраша за истото.

Ебу Омер сметал дека постои обврзително знаење за секој поединец (фарзи ајн), потоа обврзително знаење за една група (фарзи кифае), односно должност за заедницата и доколку со тоа се подучил некој од заедницата обврската на муслиманите од тоа подрачје спаѓала од останатите. Она што е строга обврска е дека ниеден поединец нема да може да се правда со своето незнаење за:

– Сведочењето на јазикот, потврдата со срце дека Аллах е Еден и дека нема здружбеник, дека не Му е ништо слично и дека нема ништо што може да му се поистовети, дека Не е роден и Не родил, дека никој не Му е рамен, Создател на се што постои на кој ќе Му се вратиме, Оној кој све оживува, Оној кој све умртвува, Познавателот на на сето видливо и невидливо, кај Кого сите се еднакви, не му е скриен ниеден атом на земјата како ни на небото, тој е Првиот и Оној што знае се, Највозвиешниот и Најблискиот, и тоа што смета ехли суннет џемат е дека Неговите имиња се одсекогаш, дека Тој нема почеток ниту крај, дека се возвишил над Аршот.

– Сведоштвото дека Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, е Негов роб и Пратеник, печат на сите пратеници.

– Дека проживувањето после смртта поради награда за делата на вистината и дека вечноста е за среќните и оние кои што верувале и биле покорни, а вечно страдање е за несреќните.

– И дека Куранот е Аллахов говор и она што е во него е вистина. Исто како што е обврска да се практикуваат сите јасни ајети.

– Дека сведочењето на петте дневни намази е обврска и да се познава сето она без што тој намаз не би бил валиден како абдест и сл.

– Дека постот на месец рамазан е обврска и дека е обврска да се познава она што го расипува постот.

– Доколку има иметок треба да поседува знаење за зекатот и неговото давање.

– Обврска на должноста да знае за аџилакот и неговите прописи.

– Обврска да ги научи сите работи со кои нема да може да се правда со незнаење како што се: строга забранетост на блуд, алкохол, свинско месо, забренетоста на каматата, крадењето, мршата и други нечистотии, подмитување во пресуда, лажно сведоштво бесправно земање на туѓ иметок, забранетост на насилство на кое Аллах укажал, строга забрана на женење на мајки, сестри и сите оние кои се спомнати, строга забранетост на бесправно убиство, и слично на сето ова на што укажал куранот и на што се сложни учените. Потоа доаѓа сето неопходно знаење заради добробитта во верата и овој свет и олеснување на животот на луѓето и усовршување во науката.

Покрај овие обврски на знаење потребно е знаењето за облигативна борба во одбрана на жителите на една земја или соседна муслиманска земја. Потоа е знаењето за возвраќање на селамот и обвиткувањето на мртвите во ќефини, нивниот закоп, сведочење кое е неопходно за да се воспостави правда на земјата и сл.

Некои учењаци велат дека е фарз кифае езанот во населено место, теравих намазот, додека некој го смета за суннет и посакувана работа. Ел бера б Азиб пренеува од Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, дека наредил седум и забранил седум работи:

Наредил посета на болен, испраќане на џеназата, ширење на селамот, отповикување на гозба, наздравување на дова на оној кој ќе кивне, да се помогне на оној врз кој се прави насилство и да се исполнат заклетвите.“(Бухари и Муслим)

Суфијан б. Ујејне кажал: „Го слушнав Џафер б. Мухаммед да кажал:„Знаењето на луѓето се содржи во 4 работи: Прва е да го познава својот Господар, да го познава она со што те обдарил твојот Господар, трета да познаваш што бара твојот Господар од тебе и четврта да знаеш како да се исчистиш од гревови, а некои кажале ’ да познаваш што може да те изведе од вера’.

Свеопфатен показател на знаењето и неговите благодетти –Ебу Омер Јусуф ибн Абдул Берр

0 views0 comments

Comments


bottom of page