top of page
Writer's pictureinfoislam

Која книга има повеќе насилство Куранот или Библијата?

Анализата која била спроведена со цел да се утврди дали Куранот е понасилен од Библијата, утврдила дека убивањето и деструкцијата се почести во христијанските текстови отколку во исламските.

Истражувајќи дали Куранот навистина е понасилен од христијанските текстови, софтверскиот инженер Том Андерсон анализирал текстови од светите книги за да открие која од нив има повеќе насислство.

За таа цел тој користел текст анализа со софтвер кој го развил, наречен “Один Текст“ и ги анализирал Стариот и Новиот Завет и англсиката верзија на Куранот од 1957 година.

Зборовите од светите книги биле анализирани во осум емоции – радост, исчекување/претчувство, гнев/лутина, гадење, тага, изненадување, страв/анксиозност и доверба. Анализата покажала дека Библијата има повисоки резултати во категоријата гнев и лутина и многу пониски во категоријата доверба од Куранот. Куранот повеќе го спомнувал зборот „доверба“ за разлика од Библијата.

Понатамошната анализа покажала дека Стариот завет е понасилен од Новиот завет, и повеќе од двојно понасилен од Куранот.

Од сите три текстови, Стариот завет е најнасилен текст.

“Убивањето и деструкцијата се со мала разлика помеѓу Новиот завет со 2,8% и Куранот со 2,1%, но Стариот завет јасно води, повеќе од дупло во споменувањата на деструкција и убивање – 5,3%“, вели Андерсон и додава: Сакам да појаснам дека мојата цел не е да потврдам или да негирам дека исламот е понасилна од другите религии.“

“Освен тоа, сосема  е јасно дека овие свети книги не се едиствената литература во исламската или христијанската религија, ни дека ја претставуваат целина на учењата и записите на овие религии. Исто така овие анализи се површни и ова што е откриено не значи дека е целосно точно. Ова е нашата анализа на трите свети книги“, заклучува Андерсон.

0 views0 comments

Comments


bottom of page