Колку човекот може необјективно и тенденциозно да зборува и со тоа многу луѓе да ги доведува во заблуда. За пример може да ни послужи случајот на еден професор од Загреб, кој во воведот на една книга пишува дека таа е `после Библијата најчитана книга на светот, затоа што била отштампана во седумнаесет милиони примероци, на разни јазици.
Проблемот, да биде уште поголем, е што се работи за доктор на науки, човек со завидна титула, која би требало да гарантира дека нејзиниот носител ги почитува научните кодекси и меѓу другото да изнесува само проверени податоци.
Дека тој податок е апсолутно неточен и далеку од вистината, сведочи фактот дека на само едно место , во центарот (комплексот) `Крал Фахд` за штампање на Чесниот Куран во Медина , во периодот од 1985 год. па до мај 2001 год. се одштампани дури 165.000 000 примероци на Куран! Тој податок може да се најде на званичната веб-страница на Центарот: http://www.qurancomplex.org. Пошто тој центар и понатака работи , па може да се претпостави од тогаш па до денес, за 14 години, колку во него дополнително се изштампани примероци од Куранот.
Ако покрај тоа се земе во предвид дека е тоа само на едно место , од бројните места на штампање на Куранот, така дека тој се издава во секоја муслиманска (па и некоја друга) земја , тогаш е повеќе од јасно дека е неможно да се дојде и до прецизен број на испечатени Курани, или со приближна сигурност може да се потврди дека се работи за милјарди примероци.
Покрај тоа, и ако се земе во предвид љубовта и вниманието на муслиманите спрема Куранот во целиот свет, која е истакната при секојдневното учење , читање на преводи и учење напамет на Аллаховата објава, тогаш сигурно може да се потврди дека Куранот е најчитана книга а и книга која најповеќе е учена напамет, од кога се знае за неа па до денешен ден! Имено, учењето и разбирањето на Куранот посебно е нагласено – како добро дело во Исламските извори, а неговото учење напамет Пратеникот с.а.в.с. многу ни го препорачал и ги пофалува хафизите на Куранот во бројни хадиси. Резултат на тоа е фактот дека стотици милиони муслимани ширум светот секојдневно учат, читаат Куран, и така да во светот има неколку стотици илјади регистрирани хафизи на Куран, односно од оние кои го знаат напамет до последната буква. А сигурно таков пример неможеме да најдеме никаде , ако се работи за некоја друга книга на оваа земјина кугла.
Comments