Куранот изнесува докази против лажливци, докази кои секој нормален разум мора да ги прифати, така што со логичко размислување неможат да бидат побиени.
Аллах с.в.т. вели:
„ 35. Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!
Дали тие небесата и Земјата ја создадоа?! Не, туку тие не се убедени! (Ет-Тур)
Ние постоиме, тоа е факт кој никој не го негира.. А и небото и земјата постојат, во што нема сомнеж.Во човечкиот ум е врежано уверение дека се што постои мора да има свој Создател. Ова го знае и чобанинот кој чува камили во пустината и вели:
„Триците укажува на стоката, трагот укажува на чекори, а зарем воздигнатото небо и распукнатата Земјане укажува на Сезнајниот и Оној кој е за се известен?“
Исто така големите истражувачи, научници тоа го разбрале преку науките врзани за живот- биологија, антропологија, археологија..
Научниците исто така го познаваат „законот за причините“ кој вели:„секоја работа не настанува сама по себе и без причина, бидејќи предметот сам по себе не поседува доволно причини за постоење, како што не е ни независна од промените.
Таа неможе на друг да му подари тоа што ни сама не го има.“
Извор„Верувањето во Аллах во светлината на Куранот и суннетот“
Автор Др. Омер Сулејман Ел Ешкар
Преземено и преведено од Ислам Иман
टिप्पणियां