top of page
Writer's pictureinfoislam

Куранот изнесува докази против лажливците

Куранот изнесува докази против лажливци, докази кои секој нормален разум мора да ги прифати, така што со логичко размислување неможат да бидат побиени.

Аллах с.в.т. вели:

35. Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!

  1. Дали тие небесата и Земјата ја создадоа?! Не, туку тие не се убедени! (Ет-Тур)

Ние постоиме, тоа е факт кој никој не го негира.. А и небото и земјата постојат, во што нема сомнеж.Во човечкиот ум е врежано уверение дека се што постои мора да има свој Создател. Ова го знае и чобанинот кој чува камили во пустината и вели:

„Триците укажува на стоката, трагот укажува на чекори, а зарем воздигнатото небо и распукнатата Земјане укажува на Сезнајниот и Оној кој е за се известен?“

Исто така големите истражувачи, научници тоа го разбрале преку науките врзани за живот- биологија, антропологија, археологија..

Научниците исто така го познаваат „законот за причините“ кој вели:„секоја работа не настанува сама по себе и без причина, бидејќи предметот сам по себе не поседува доволно причини за постоење, како што не е ни независна од промените.

Таа неможе на друг да му подари тоа што ни сама не го има.“

Извор„Верувањето во Аллах во светлината на Куранот и суннетот“

Автор Др. Омер Сулејман Ел Ешкар

Преземено и преведено од Ислам Иман

0 views0 comments

Comments


bottom of page