Од таа ’голема експлозија’ настанал нашиот сончев систем како и галаксиите во универзумот, и бидејќи немало отпор кон таа прапочетна движечка сила која се создала од таа прва експлозија, ѕвездите и планетите пливаат по своите патеки. Нашиот свет (вселената) се зголемува. Галаксиите сè побрзо и побрзо се оддалечуваат од нас, и кога ќе ја достигнат брзината на светлина, ние повеќе нема да бидеме во можност да ги видиме.
И што можно побрзо мора правиме сè поголеми и подобри телескопи, како би ги проучувале тие хоризонти, инаку би задоцниле на возот“. „Кога сте ја откриле оваа приказна?“ – го прашуваме.. „Не, тоа не се бајки, тоа се научни факти!“ вели нашиот пријател. „Во ред е, се согласуваме со вашите податоци, но, кога всушност сте дошле до тие факти?“„Неодамна!“, вели тој. Во историјата на човекот, педесет години претставуваат ’неодамна’“.
„Еден неписмен арап од пустината, пред 1400 години неможел да ја знае теоријата на ’голема експлозија’и’ширењето на вселената’, зарем не? “- го прашуваме.„Не, никако!“- одговара тој, гордо. „Е, па тогаш, слушнете што рекол тој според Божјото упатство“:
„Зарем, не знаат неверниците дека, небесите и земјата беа една целина, па Ние ги разделивме? … (Куран, 21:30)
„Негово (Аллахово) дело се и ноќта и денот и сонцето и месечината, и сите (небески тела) пловат, секое по својата патека.“ (Куран, 21:33)
„Зарем, не гледате дека овие зборови се упатени и конкретно се однесуваат на ВАС, научниците, земјописците, астрономите, кои откако ги откривте овие неверојатни пронајдоци и ги предадовте на човештвото, сепак останувате толку ’слепи’ и ’не гледате’ на Творецот на Универзумот?“„Со нашата наука и енциклопедии, ние често забораваме на БОЖЕСТВОТО во овие лаборатории“ вели Thomas Carlyle. „Како и тоа што е можно, еден чувар на камили во пустината би можел да биде во состојба да ги собере ’вашите факти’ пред 1,400 години, освен, ако тоа не ги добил од самиот Креатор на ’големата експлозија’?“
„И вие, биолози, вие кои сте ги зариле прстите во сиот органски живот и вие имате ли смелост да негирате, да го негирате постоењето на овој извор на животот, односно, Бога.
Кажете, според вашите истражувања, со кои толку сте горди, каде почнал животот?“ И тој, како и неговиот научен колега астроном, ’безбожен’, истотака почнува – „Значи, пред милјарди и милјарди години, првобитна материја во морето почнала да произведува протоплазма од која произлегле живи клетки, од таа морска протоплазма произлегле сите живи нешта. Со други зборови, сиот живот произлегол од морето, односно, од водата!“
„А кога сте го пронашле фактот дека сите живи нешта произлегуваат од водата?“ Неговиот одговор е ист, како неговиот колега, астроном:“Неодамна“.
„Значи, пред четиринаесет векови, никаков научник, ни филозоф, ниту поет, некако не би можел да го погоди ова наше откритие, нели?“ Нашиот биолог, истотака е одлучен како и астрономот. „Не, никако!“, вели тој.„Па добро, сега слушнете го само неписмениот син на пустината
“:„И дека Ние од вода создаваме сè што е живо, зарем нема да верувате?“ (Куран, 21:30)
Треба да запомнете дека ова се зборови на Семоќниот, Сезнајниот, Создателот на светот (вселената) упатени кон Вас, научниците, како одговор на вашиот скептицизам, како и тоа дека вистинското значење на тие зборови било неразбирливо за жителите на пустината пред четиринаесет векови наназад.
Аллах ви се обраќа Вам, научниците, па како Вие не верувате во Бога? Барем вие не би требало да се осмелувате да гонегирате Неговото постоење, но вие сте тие што баш и се чудат! Што е со Вас? Дури и ботачинарите, зоолозите и физичарите, кои дури и покрај нивните исклучителни способности за нештата на природата, не сакаат да го признаат Создателот. Како тогаш тие би можеле да ги објаснат овие Курански зборови:
„Славен нека е Оној (Семоќниот Бог) кој создава сè во пар од она што на земјата никнува (растителниот свет) и во нив самите (човекот и животинскиот свет) и во она што не го знаат (како и во физиката).“ (Куран, 36:36)
Ајетите од оваа Божја Книга се разбирливи сами по себе. Оние кои Куранот го студираат, гледаат непогрешност на Божјото создавање во секој нов пронајдок кој човекот го открива. Тоа беа ’Знаците’, ’Чудата’ на неговиот Милостив Бог, Доброчинителот, како би ги отстранил сомнежите од човекот и би ја поткрепил неговата вера.
„ .. Тоа се навистина поуки за оние кои знаат.“ (Куран, 30:22)
Каква иронија! Всушност ’научниците’ се тие, што често се непослушни и надуени со гордост заради нивните богати знаења во однос на материјалните нешта. Тие немаат вистинска и искрена понизност која што човек би требало да ја има, ако поседуваат право и вистинско знаење.
Литература: „Куранот – најсовршена му’џиза“ од Ахмед Дидат
Komentar