top of page
Writer's pictureinfoislam

Курански рецепт за здрава исхрана

Др. Џемил Кудси Дувејк специјалист за исхрана, по потекло од Палестина, поаѓајќи од размислувањето дека во Куранот се наоѓа одговор на секое прашање открил потполно нов пристап на лекување, со земање на храна по Курански рецепт. Дувејк напишал поопширна енциклопедија под наслов „Исламски концепт на енергијата и исхраната” која се состои од 7.000 страници.

Др. Дувејк тргнува од Куранските ајети, во кои се зборува дека Куранот е лек:

„Ние во Куранот го објавуваме тоа што е лек и милост за верниците, а на неверниците тој само им ја зголемува пропаста.“

„Кој ме создаде и на Вистинскиот пат ме упати, и Кој ме храни и пои, и Кој, кога ќе се разболам, ме лечи.“

Аллах џ.ш. одредил зборот Месечина во Куранот да се споменува 12 пати, точно толку пати , колку што е бројот на месеците во годината. Зборот „ден“ во Куранот е спомнат 365 пати, зборот „намази“ (во множина) пет пати колку што има молитви во денот, зборот „азм“ (решителност) пет пати, точно толку пати, колку се споменати посебно одбраните пратеници на кои им е даден азм.

Таквите примери навистина, ги има многу во Куранот. Др Дувејк понатака вели: „Тогаш, на самиот себеси, си реков, Аллах џ.ш., за се одредил мера, тогаш и јас сигурно од Куранот ќе ја откријам мерата (формулата) за исхраната и пиењето.”

Тој ги издвоил сите ајети кои зборуваат за јадење и пиење. Заклучил дека терминот јадење во Куранот се наведува 109 пати, од тие, ги издвоил јадењата кои се харам, кои се споменуваат 19 пати, и го добил бројот 90. Потоа ги навел сите видови на храна кои се споменати во Куранот, и колку кој вид се споменува и после долга анализа дошол до фантастично откритие.

Бројот 90 претставува, бројот на залаци кој секој од нас би требало да го внесе во организмот секој ден, за да нормално функционира организмот. Во овие 90 залаци треба да има од сите видови на храна, кои во Куранот се споменуваат, секој вид на храна во толкав број на залаци – колку пати се споменува. Така на пример, месото се споменува 4 пати, еден залак тежи 20 до 25 грама, што значи дека, треба да се јаде секој ден по 100 грама, ни помалку, ни повеќе. Потоа останатите видови на храна, точно онолку колку што е по овој Курански рецепт одредено. Потоа направил една голема табела, која ја поделил на 240 квадратчиња, зошто Куранот се дели на 30 џузеви/делови, секој џуз на два хизба, секој хизб на 4 четвртини, и сите ајети за еден вид храна ги препишал во едно квадратче во кој првиот вид храна, прв пат се споменува. Така добил 6 оброци со точен список на храна, што би значело, најидеално за секој од нас да јаде 6 пати на ден – со помали оброци. По пат на таа шема дошол до прецизни податоци што треба да се јаде наутро, што напладне, и што навечер.

Наутро е предвидена полесна храна, а на пладне појака, како грав и месо, а навечер само три работи: урми, грозје и нар (калинка). Според Дувејк во Куранот постојат и општи правила на кои треба да се придржуваме во исхраната, односно секогаш прво се споменува храната па после пијалокот, што значи дека оброкот треба да се започне прво со храната, а да се заврши со пијалок. Исто така, секогаш прво се споменува овошјето па после храната, што значи дека оброкот би требало секогаш да се почне со овошје, па после со храната.

Многу интересно е тоа што во Куранот секогаш се споменува месото на морските животни, пред месото на копнените животни. Д-р. Дувејк во својата опширна енциклопедија, појаснува уште многу правила, од кои ги истакнуваме следниве:

-После млекото добро е да се испие оцет,

-Мед да се зема после оцетот,

-Секогаш да се јадат урми после грозје, а не обратно,

-Нарот (калинката) секогаш треба да биде она последно што го јадеме,

-Киселото млеко е подобро од благото(со тоа и јогуртот),

-Мед и млеко да не се јаде заедно.

Со споменатиот проект исто така е покажано дека покрај зајакнувањето на имунитетот на организмот, се подобрува и oднесувањето на пациентот. Нивната психичка состојба многу брзо се нормализира. Помеѓу останатото, зависниците од тутунот за само 21 ден од третманот, многу лесно стануваат непушачи, зошто, нивниот организам едноставно, одбива да прими се што е неприродно и штетно.

Др. Дувејк, покрај останатото, не учи како да го правиме природниот оцет, обрано кисело млеко, како да го користиме пченичното зрно со лушпа и сл.

А најважно од се е дека примерот на д-р. Дувејк кој не учи како треба да се однесуваме спрема Куранот и на кој начин да го изучуваме. Тој ги повикува муслиманите, експерти во разни области, да пристапат кон изучување на Куранот од аспект на својата струка и да ја откријат Куранската формула, како најдобро решение за секоја област.

0 views0 comments

Kommentarer


bottom of page