top of page
Writer's pictureinfoislam

Лагата наречена „чудото на Меѓугорје“


Во Меѓугорје пред некое време во куќата на Вицка, на која во 1981 година, кога била со група деца и се укажала „богородица“, почнал да свети кипот со нејзиниот лик, стар повеќе од 40 години.

Веста за тоа се проширила во местото само за неколку минути, па пред куќата масовно почнале да се собираат верници, јавува Dnevnik.hr.

Кипот на „богородица“ сјаеше и ја осветли целата соба. Но не беше можно да се фотографира, бидејќи на сликите не се гледаше ништо. Неколку професионални фотографи се обидоа да го фатат моментот со најсовршени апарати, но попусто. Освен од крајот почнале да доаѓаат луѓе и од други места и набрзо се собрале неколку илјади лица, да го видат ова последно чудо во Меѓугорје, каде од 1981, во рамките на верскиот туризам, година доаѓаат луѓе од целиот свет.

Чудото не било чудо: Статуата на „богородица“ е премачкана со светлечка материја

Чудото од Меѓугорје сепак не е чудо, статуата на „богородица“ е премачкана со стронциев алуминат кој и’ овозможува да свети во мрак.

„Ова е уште еден школски пример за природен феномен, кој се нарекува фосфоресцентност. Овој ефект се добива со цинк сулфид и стронциев алуминат “, вели д-р Павле Мочилац, хемичар во Институт за органска хемија и биохемија во Прага.

Тој вели дека некој, кој сакал да направи чудо, ја премачкал статуата и го лаже народот. „Јасно е , тука нема чудо“, вели хемичарот, додавајќи дека е ова е само еден евтин трик за наивни. Медиумите на интернет пронајдоа и оглас каде некој си продава ваква статута – притоа рекламирајќи ја дека свети во мрак.

 И кажи: „Господару мој, воведи ме со воведот на Вистината и изведиме со исходот на Вистината! И дарувај ми од Себе сила која ќе ми помогне!  И кажи: „Дојде вистината, а исчезна лагата; лагата навистина исчезнува!“(Куран; Ел Исра, 80-81)

0 views0 comments

Commenti


bottom of page