Алија ибн Ебу Талиб р.а. рекол: „Навистина овој свет ќе отпатува а идниот свет ќе дојде. Секој има синови. Бидете синови на идниот свет – Ахиретот, а не на овој свет – дуњалукот, бидејќи денес е работа без полагање на пресметката, а Утре е пресметката без работа.“
Ибн Тејмијје р.а. рекол: „Седење со тешки личности е четиридневна грозница. Но нашите души се навикнале на таа грозница, па тоа и стана секојдневен обичај.“
Имам Ахмед р.а. спомнува дека Омер Ибнул ел-Хаттаб р.а. рекол: „Пресметајте се самите пред да ви биде пресметувано, измерете сe самите пред да ви биде измерено! Навистина утре на Денот на пресметката ќе ви биде полесно ако самите денеска се преиспитате. Украсете се со најголемото излегување, тој ден кога ќе бидете изложени и ништо нема да може да се скрати.“ Малик ибн Динар р.а. рекол: „Аллах да му се смилува на робот кој на својата душа и вели: „Зарем тоа не си го направила? Зарем тоа не си го направила? И после ја претекне и и стави јаже, а потоа ја врзе на следење на Аллаховата Книга.“ Хасан ел Басри р.а. рекол: „Аллах да му се смилува на робот кој ги запре своите страсти, па ако е заради Аллах-продолжува, а ако биде заради нешто друго-одложува“. Хасан ел Басри р.а. рекол: „Кој ќе го запознае својот Господар – ќе Го засака, а кој го зпознае дуњалукот – ќе се одрекне од него.“ Јахја Ибн Му’аз ер-Рази рахметуллах кажал: “Оној кој вистински го спознал Аллах, и го напушта овој свет, а да не се заштитил со двете работи: Плачење над самиот себе и копнеж за средбата со Возвишениот Аллах”. Биди од синовите на Ахирет а не од синовите на дуњалукот, затоа што детето оди со мајката.
Медицината на срцето и душата- Ибнул Кајјум ел Џевзиј
Comments