Необично е што Земзем [ Земзем – изворот кој се наоѓа непосредно до Ќаба (заб.) ] тече среде цврсти, еруптивно кристализирани стени повеќе од 3000 години, наспроти сите ископувања и затрупувања кои се случиле во неговата внатрешност и околу него.
Дневниот проток на вода е меѓу 11 и 18,5 литри во секунда. Овој извор не бил познат сè до оној момент кога биле ископани тунели околу Мека. Работниците забележале дека водата се излевала низ пукнатините кои се ширеле на поголема оддалечност во сите правци околу Мека. Зем зем водата е природно газирана минерална вода. Таа се состои од минерали кои вкупно имаат 2000 mg/l и со тоа вода богата со минерали. Зем зем водата по литар содржи 200 mg калциум и 50 mg магнезиум. Земзем водата се вбројува во тешките води и денес научните истражувања укажуваат дека болестите на срцето се помали во местата каде луѓето пијат тешка вода. Зем-зем водата е очигледно чудо што го нагласува достоинствениот статус на пратеникот Ибраим а.с., таткото на пратеникот Исмаил а.с., кој му помогнал во изградбата на Каба, и неговата вистинољубива мајка Хаџера(Агара). Се пренесува дека мајката на верниците Аиша р.а. имала обичај секојпат кога ќе ја посетела Мека да ја донесе во Медина оваа Зем-зем вода, а истото го правел и Пратеникот ﷺ со цел да им ја даде на болните.[ Бележи Тирмизи со напомена дека е хасен.] Ја излевал врз нивните тела и тие, со Аллахова волја, бивале излечени. Молитвата на Ибраим а.с. се состоела од следниве зборови: „Господару наш, јас некои мои потомци населив во котлина во која ништо не се сее, кај Твојот Свет Храм, Господару наш, намазот да го извршуваат; затоа стори срцата на некои луѓе да копнеат по нив и снабди ги со разни плодови за да бидат благодарни.[ Куран 14:37.] Божјиот Пратеник ﷺ кажал многубројни хадиси за благодеттите на Земзем водата. Така Ибн Абас р. а. пренесува дека Божјиот Пратеник ﷺ кажал: „Најдобра вода на Земјата е Земзем. Во неа се крие храна за гладните и лек за болните. Џабир р.а. пренесува дека Божјиот Пратеник ﷺ кажал:„Водата зем-зем служи за она за што ќе се намени.[ Бележи Ахмед и Ибн Маџе] Јапонски научник Др.Месару Имути[ Јапонскиот истражувач и научник Др.Месару Имути , кој е директор и председател на Институтот за научни истражувања `Хаду` во Токио , ја посетил Саудијска Арабија и одржал предавање на факултетот `Дарул-хикме` каде биле присутни повеќе од 500 врвни научници и истражувачи , исто така потврдил дека извел неколку експерименти на Земзем-водата (која ја добил од некои Арапи ) и рекол :`Земзем е навистина единствена и посебна вода , се разликува од останатите води по својот состав и кристалните состојки (кристали) кои ги содржи , и сите истражувања кои се извршени на Земзем-водата не ги сменија нејзините особини и својства ,што укажува дека Земзем-водата не како другите води `.] потврдил дека Земзем водата се одликува со посебни својства и карактеристики кои ги нема кај обичната вода . Ова го потврдил после неговото долго истражување кое го спровел на Земзем-водата , со таканаречената `нано-технологија`, која не можело да смени ниту една специфичност, особина или својство на Земзем водата . Исто така додал дека мешањето една капка Земзем вода со 1000 капки обична вода се добива мешавина кој ги има истите особини и карактеристики како Земзем водата. Овој истакнат Јапонски научник , основач на теоријата `Кристализација на атомите на водата` , теорија која довела и отворила нова врата за истражување во науката за водата , потврдил дека изговарањето „Бисмиллах“[ Во име на Аллах.(ар.)] има чудно влијание на Земзем-водата и дека и дава посебно совршен и јасен кристален облик . Исто така др.Месару Имути истакнал дека во текот на експериментирањето на Земзем-водата пуштал касети со учење Куран во близина на Земзем-водата и тоа влијаело на Земзем-водата и доведувало до претворање на кристален облик на водата, кој бил совршено чист и блескав , и додал дека тоа му била најчудната случка во текот на неговото истражување на Земзем водата . Тој додал дека Земзем водата има својсво на ‘памтење`,[ kaheel7.com/eng/index.php/secrets-of-quran-a-sunnah/287-the-memory-of-zamzams-water] односно задржување податоци во себе , така нa пример ако би се учило некое поглавје(сура) од Куранот кај Земзем водата, подоцна со технологијата може да се открие за кое поглавје(сура) се работи , со тоа што се создаваат посебни бранови на Земзем-водата во текот на учење Куранот, невидливи со голо око .
Comments