top of page
Writer's pictureinfoislam

Лекување на душевни болести

Пратеникот ﷺ најстрого забранил празноверие, песимизам, злослутност, талисмани, врачање, пророкување и гледање во ѕвезди и судбина, магија и сл.

Тој ﷺ кажал: „Кој ќе обеси амајлија околу врат припишал содруг на Аллах; магијата, талисманите и записите се сметаат за ширк.“

Пророкувањето пред појавата на Мухаммед ﷺ кај арапите било широко распространето, но оваа врста на занает била потполно отфрлена. Во еден хадис се наведува: „Пророкувачот е магионичар, магионичарот е врач(сихрбаз), а сихрбазот е неверник.“

Душевната болест е возбудата на емоции, кои, ако премногу се возбудат, стануваат претходник на шејтанскиот допир, бидејќи тој не напаѓа, освен при раздразнети и возбудени нерви. Затоа, забрането е човек да спие сам и сам да патува. Спомнато е во хадисот: „Еден патник е еден шејтан, двајца патници – двајца шејтани, дури тројца патници – се патници.“ Раздвоена личност е сериозна ментална пореметеност која лекарите се обидуваат да ја излекуваат со различни таблети и инекции. Многу ретко се случува целосно повраќање. Спротивно на тоа, Аллах излекувал многу болни по шеријатската рукја која им е проучена. После неа, менталното здравје на болниот целосно се вратило.

Сомнежот е еден од многуте болести кои, најверојатно го предизвикува џиннот (кој има за цел да ја прекине блискоста меѓу робот и неговиот Господар). Таа започнува со сомнежот во правилноста на абдестот и завршува со различни недоумици во поглед на верувањето. Лечењето на замислените сомнежи е честото спомнување на Аллах (зикр) и во барањето засолниште кај Алах од шејтанот со зборовите “e’узу биллахи минеш-шејтани-р-раџим“, после што ќе се потплукне на левата страна. Многу е важно да не се обрнува внимание на својата вообразеност како и да се спротистави на самите сомнежи. Занимањето со некои корисни работи, одржување на роднинските врски, како и одење меѓу друштво со драги пријатели, многу ќе помогне во избегнување на сомнежите кои не следат.

Што се однесува до вистинските сомнежи (чувствителните), тие се многу потешки од замислените, бидејќи предизвикуваат и болки во различни делови во телото на болниот. Тие се познати меѓу психолозите уште како „поразителни” сомнежи. Како би се излечиле неопходно е на веќе горенаведените начини да додадеме и некои конкретни работи.

На пример, миењето со ладна вода ради подобрување на крвотокот, вежбање, занимавање со спорт, патувања, движење и сè што на било кој начин би помогнало во отстранување на мрзеливоста, како и создавањето на оптимистички дух низ благо насмевнување со своите соговорници и личното задоволство со Аллаховата одредба. Личноста која се бори против своите сомнежи е како борецот на Божјиот пат. Рекол Возвишениот Аллах преку јазикот на Ejjуб, aлејхи селлам: „Навистина, шејтанот ме допира со јад и страдање.“

Бидејќи во прашање се чувствителни шејтански вообразености, неговиот Господар не му рекол да Го спомене како би ги отстранил тие сомнежи, туку му наредил да направи конкретно дело: „Удри со ногата по земјата – и ете ладна вода за капење и пиење!“

Како би ги отстраниле своите сомнежи нема пречка да користиме и одредени лекови, ако едноставно сме принудени на тоа. Но, важно е да се напомене дека тие носат само еднократно смирување, а не конечен лек. Тие се вбројуваат во шеријатски дозволени средства на здравствениот третман, кои ги комбинираме со основниот начин на лекување, а тоа е шеријатската рукja.

Лекот за депресијата се наоѓа во честото одење и задржување во џамија. Рекол Пратеникот, алејхи селлам: „Радоста на моето срце е во намазот.” Кога нешто би го притиснало во неговиот живот тој, алејхи селлам, одморалиште ќе наоѓал во намазот. Џинните секогаш се обидуваат да се повлечат човекот во осама како со него полесно би управувале. Затоа исламот му забранил на човекот да заноќува сам, да патува сам, итн. Кога шејтаните не успеваат да го контролираат некоја личност тие ја повлекуваат во подсвесна самотијата, така да, таа се чувствува осамена, дури и во присуство на други луѓе.

Поради тоа, кај таквите луѓе се повеќе и повеќе се зголемува нивната расеаност, а нивните мисли стануваат несредени.

0 views0 comments

Comments


bottom of page