Ако би почнале да го споменуваме Куранот како лек за болестите на органите, нашиот говор во голема мера ќе се издолжи. Но, сепак ќе спомнеме некои примери. Постојат голем број на разни болести (психички и физички), на кои шејтанот има голем удел, поради своето арбитрарно и диктаторско однесување во нашиот крвотокот.
Рекол Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем: „Навистина, шејтанот поминува низ синовите Адемови со кружење на крвта низ човечките вени, па задржете го шејтанот со глад(пост).“
Од ова заклучуваме дека гневот е причина за многу болести. Заради тоа, на Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, му дошол човек барајќи од него, да го посоветува на нешто корисно, тој му рекол: „Не лути се!“ Оваа реченица ја повторил неколку пати. Трагите кои лутината ги остава врз телото се јасно видливи.
Ќе забележиме дека блиски пријатели на лутината се чирот на желудец и желудечната киселина и тие секогаш верно ја следат. Големата лутина пак резултира и со еден вид нервоза на дебелото црево, додека шеќерната болест кај некои луѓе, настанува од чести прекумерни возбудувања. Многу болести на главата, како што е главоболката, мозочниот удар, капка и ненадејна парализа се болести предизвикани од страна на лутината. Овда ќе ги додадеме уште неколку срцеви болести како што се ангината и стенокардијата. Лутината игра голема улога во создавањето на овие болести како и нивното влошување. Со еден збор, таа е причина за сите абнормалности, бидејќи доаѓа од шејтанот.
Возвишениот Аллах, рекол: „И спомни го Нашиот роб Eјјуб, кога тој го повика својот Господар: „Навистина шејтанот ме допира со јад и страдање.“ Се вели дека Ejуб, aлејхи селам, бил погоден со сите можни видови на психички и физички болести. Неговите зборови „со јад и страдање“ (би нусубин ве азабин) би означувале болно и исцрпно, со душевно страдање поради болест. Сето тоа му го припишал на шејтанот бидејќи тој е причината за неговото тешко искушение и, се разбира, од учтивост кон Аллах.
Надополнето е учењето на Куранот, благодарение на Аллах, над многу болни кои страдале од различни болести, особено оние кои се наречени неизлечиви, и за кои постои голема веројатност дека ги предизвикал шејтанот. Некои од тие болести се: ракот, последиците на инфарктот, хроничната астма, парализата, неплодноста, шеќерната болест и сите биле излечени со Алаховата милост.
Нередовните менструации кај некои жени, било да се работи за нејзино задоцнување или подолго траење, без некоја посебна причина, е обично предизвикана со посредство на џин. Запрашан е Пратеникот, алејхи селлам, два пати за тоа. Првиот пат тој одговорил: „Тоа е крв од вените“. Другиот пат и вели на Хамни бинт Џахш, кога таа се пожалила дека има невообичаено изобилно крварење во текот на менструацијата „Тоа е убод од шејтанските убоди.“ Шејтанот се обидува да го одвлечи времетраењето на крварењето со делумно задржување на менструрацијата со цел потоа повторно да ја пушти по поминување на нејзиното вообичаено време и сето тоа со цел да и оневозможи на жената да клања и учи Куран. Друг начин со кој се користи во таа зла намера е да повреди некој дел од вена. Во овој случај жената е збунета и не успева да прави разлика меѓу менструалната крв од обичната крв и последователно, престанува да клања. Слично на овој случај е и примерот на парализа. Џинот притиска дел на телото на болниот, така што тој повеќе не е во состојба да го движи. Покрај ова доаѓаат и честите несакани појави како што е голема душевна депресија, тескоба и последователна главоболка. Ако би се почнало со учење на Куран, на таков пациент тој во својот парализиран дел од телото ќе почувствува дека му поминуваат морници. Во случај да не чувствуваа никаква реакција, тоа би значело дека џинот го напуштил неговото тело, но претходно оштетувајќи му ги нервните влакна, поради што телото и му останало такво (парализирано). Вака тешки и комплицирани состојби бараат многу трпение и непрекинато учење на Куран, со искрена намера за исцелување.
Симптомите и нарушувањата на дигестивниот, нервниот и скелетниот систем се отстрануваат така што оној кој ќе учи рукја, ја става својата десна дланка на болното место и вели: „Eу’зу бикудретиллахи вe ‘иззетихи мин шерри ма eџиду вe ухазиру.“ (Барам заштита од Аллах и Неговата семоќ против злото, кое го наоѓам и од кое се плашам) Со Аллахова дозвола, по ова, болката ќе исчезне.
Ќе ни биде доволно интересно да осознаеме како тоа шејхул-Ислам Ибн Tejмијје, ги лекувал телесните болести. Да ја погледнеме напишаната рукја за човекот кој многу крварел: „И беше речено: ’О земјо, проголтај ја својата вода, а ти, о небо, престани! ” И водата се повлече и се исполни одредбата, а бродот застана на планината Ел-Џуди и беше кажано: „Далеку нека е народот невернички“ После ова, со Аллахова дозвола, тој беше излечен. Семоќниот Аллах пропишал излекување и лекот потоа ќе користи со Неговата дозвола, а никако спротивно.“ „И Кој, кога се разболам, ме лечи …“ Погледнете само во величественоста на Аллаховите зборови, кои не се одредени само за големиот потоп. И всушност во овој случај е опишан правилениот начин на лекување со Куран кога шејхот го споредил човекот со Земјата наведен во овој ајет. За ревматизам и нервни болести може да се учи: „И кога земјата ќе се растегне, и кога ќе го исфрли она што е во неа, и целосно се испразни, и го послуша својот Господар, а таа – за тоа ќе биде должна …“ Ајети за лечење на болести на градите се: „Зарем твоите гради не ги направивме широки, и товарот твој од тебе не го симнавме, кој плеќите твои ги тиштеше …“
Додека за интермистичка болест можеме да учиме: „Кога земјата со најжесток потрес свој се потресе …“ и така натаму … Секој од овие ајети може да се учи како за овие така и за сите други болести, како што за овие болести можат да учат било кои други ајети од Куранот. Доказ за ова се зборовите на Аллаховиот Пратеник, алејхи селлам, упатени до Aјша, р.а., кога и дошла некоја жена да ја лечи: „Лекувај ја со помош на Аллаховата Книга.“
Comments