top of page
Writer's pictureinfoislam

Лекувањето на проблемите на насилството во семејството

Еден од светските проблеми од кој страдаат милиони луѓе е проблемот на насилство во семејството. Пратеникот ﷺ го лекувал овој проблем така што повикувал во меѓусебна милост, простување и преминување преку негативностите, онолку колку што сме во можност.

Пратеникот ﷺ кажал: „Нека верникот не ја мрази верничката, ако не му се допаѓа некоја нејзина особина, со друга ќе биде задоволен.“[1]

Со ова ги повикува сопружниците едни со други добрина да си чинат и дека не треба мажот да ја мрази својата сопруга заради нешто што таа го прави, туку е должен да ги забележи нејзините убави особини кои можеби се помногубројни од оние кои тој ги мрази.

И кажал: „Најдобрите од вас се оние кои се најдобри кон своите семејства, а јас  сум најдобар кон своето семејство.“[2]

Од Муавија б. Хајдет, р.а. се пренесува дека реколл: „Дојдов во една пригода кај Аллаховиот пратеник ﷺ и го прашав: ‘Што велиш за нашите жени?’ Тој одговори: ‘Хранете ги со онаа храна со која вие се храните и облекувајте ги со онаа врста на облека која вие ја облекувате. Немојте да ги удирате и немојте да ги понижувате.’“[3]

Пратеникот ﷺ ја познавал природата на жената и дека спроведувањето насилство над неа нема да користи. Тој кажал: „Порачајте им на жените добро (т.е. постапувајте убаво кон нив). Навистина, жената е создадена од ребро, а најискривениот дел на реброто е нејзиниот горен дел. Ако се обидеш да го исправиш ќе се скрши, а ако го оставиш тој и понатаму ќе остане искривен. Поради тоа порачајте им добро.“[4]

Пратеникот ﷺ се борел против сите причини кои водат кон насилство во семејството. Дошол еден човек кај Пратреникот ﷺ во една пригода па му кажал:

„Посоветувај ме.“, а Пратеникот ﷺ му кажал: „Немој да се лутиш,“ и тоа го зпрашал повеќе пати, а Пратеникот му го одговорил истото: „Не се лути.“[5]

И кажал: „Оној кој што ќе ја задржи својата лутина, Аллах ќе ги прекрие неговите срамоти, а оној кој ќе го совлада својот бес кога е во состојба да го спроведе во пракса, Аллах неговото срце ќе стори да биде задоволно на Судниот ден.“[6]

Пратеникот ﷺ забранил навредување, проколнување и грд говор, бидејќи тоа се причини кои предизвикуваат физичко насилство. Тој кажал: „Верник не е оној кој навредува, ниту оној кој проколнува, а ниту е непристоен.“[7]

Пратеникот ﷺ најдобро се однесувал кон своите сопруги. Така, се пренесува од Енес, слуга на Аллаховиот Пратеник ﷺ дека кажал: „Раката на Пратеникот ﷺ никогаш не удрила ниту слуга, ниту жена.“[8]

Пратеникот ﷺ бил пример за добрина и нежност. Никако не практикувал насилство и строгост со своите сопруги, како што наведува Џабир р.а. кога вели: „Пратеникот ﷺ беше едноставен човек, кога Аиша р.а. би поскала нешто тој до тоа би ја однел.“[9]

Следниот хадис ни претставува како Пратеникот ﷺ убаво се однесувал кон своите сопруги во време кога жената не претставувала ништо. Вели Омер б. Хатаб:

„Се колнам во Аллах ние во предисламско време не ги сметавме жените за важни, ниту тие имаа некаква вредност, сè додека Аллах не го објави за нив тоа што го објави и им го одреди она што го одреди. Така, еден ден бев зафатен со нешто кога мојата сопруга ми рече: „Да сториш вака и вака би било подобро.“ Кажав: „Каква врска имаш ти и ова во што сум јас? И што те интересира тебе тоа?“ Па ми кажа: „Чуден си ти Омер, не сакаш некој да ти се спротистави во нешто, а твојата ќерка се спротивставува на Пратеникот ﷺ така што цел ден да биде лут.“[10]

Па како оној кој има вакво однесување да биде насилен или насилството да е дел од неговиот приватен живот?

[1] Муслим, бр.2672 и Ахмед, бр.8013.

[2] Тирмизи, бр.3830 и Ибн Маџе, бр.1967.

[3] Ebu-Davud, br. 1832.

[4] Бухари, бр.3084 и Муслим, бр.2671.

[5] Бухари, бр.5651.

[6] Таберани, бр.861.

[7] Тирмизи, бр.1900

[8] Муслим, бр.4296.

[9] Муслим, бр.2127.

[10] Муслим, бр.2705.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page