Еден ден, една жена со уморен израз на лицето, со тага во очите тивко влезе во продавницата.Замоли на касата ако може да земе на вересија неколку намирници.
Продавачот дојде и почна да објаснува како тие не можат да даваат производи на вересија.
Сосема тивко жената почна да се правда…имаме седум деца а сопургот е тешко болен и не може да работи. Сега моментално немаме приходи и дека им е потребна храна за децата.
Продавачот арогантно ја погледна и рече:„Ве молам напуштете го дуќанот, не даваме намирници на вересија.“ Во тој миг еден човек кој стоеше подолу во редот пред касата рече: „Дајте и на жената што и треба, јас ќе платам.“
Кога го слушна тоа шефот на продавницата ја праша жената:„Имате ли список на намирниците што ви требаат?“
Таа тивко одговори:„Да, имам.“
„Дајте ми го листот, ќе го ставиме на вагата, колку тежи, толку ќе ви дадам во намирници.“
Жената ја отвори чантата, запиша нешто на лист и му го даде на трговецот. Со спуштена глава го стави листот на вагата. Тој, а и човекот кој сакаше да плати за нејзините намирници гледаа во чудото. Вагата се спушташе и спушташе до самиот крај.
„Не ми се верува“ – рече трговецот.
Почна да става намирници на другата страна на вагата, но никако да го превагне тасот со листот хартија. На крај, лут и нервозен трговецот го зеде листот хартија за да види што пишува. Се запрепасти кога виде дека нема список со намирници туку молитва упатена кон Аллах те´ала.
На листот пишувало: „Мили Боже, Ти ги знаеш моите потреби и јас препуштам се во Твои раце.“
Трговецот молчешкум ги собра намирниците, и и ги даде на жената.
Comments