top of page
Writer's pictureinfoislam

Личноста на Пратеникот во Куранот

Благородниот Куран завзема значајно место во поглед на едукацијата и изградбата на особините на секој муслиман, затоа што е Божествена книга во која лежат темелите на исламската религија, го дефинира патот на нашето расудување, и го вкоренува концептот за заедништво и размислувања поврзани со исламот, општо и поединечно.

Куранот е книга која го води нашето духовно и практично убедување на вистинскиот пат. Тоа е јасна книга со која Бог ги упатува оние кои се стремат кон Неговото задоволство, низ патеките на интелектуалното, духовното и практичното спасените; ги изведува од темнината и ги доведува во светлина; ги води низ правиот пат и им ја објаснува вистината за она околу што има несогласувања. Куранот е упатство и милост за луѓето кои веруваат; лек е за болните; доказ и аргумент од Господарот на световите; книга на која лагата не може да и се доближи од ниту една страна; заштитен документ кој Бог го заштитил од било какво искривување, одземање или дополнување. И како што Тој вели:

„Ние[1] навистина Куранот го објавуваме и навистна над него ќе бдееме.“ (15: 9)

Куранот – првиот извор за Пратениковата биографија

Куранот се смета за прв извор за биографијата на Пратеникот. Тоа е книгата на Божествената Порака, за особините на Пратеникот од различни аспекти: за неговиот карактер и капацитет, неговиот морал; неговите методи и динамичноста на проповедањето на исламот, неговиот приватен и јавен живот; неговиот внатрешен живот со грижливи мисли, чувства и емоции додека се соочувал со многубројни предизвици; неговата врска со верниците во мир и војна и сл. Со други зборови, секој опис кој се однесува на пратеничката личност на Мухамед, и отелотовреноста на неговата мисија во практичниот живот е воден и базиран врз Куранот, а не врз филозофски идеи кои ја сметаат пратениковата мисија како општа мисла, далеку од јасните стихови на Куранот. Куранските стихови, со својата изразителна едноставност се стремат кон лесна прифатливост кај луѓето, во нивното теоретско и емоцинално сознавање за концептот на Пратеникот и неговата мисија.

Пратеничката димензија за личноста на Мухамед е света тема, која не може да се осознае, освен преку она што Бог ни го објавил во Својата Книга или преку традицијата на Неговиот Пратеник. Поради ова, муслиманите имаат обврска да ја проучуваат оваа тема со помошта на Куранот (кој Бог им го испратил на луѓето за да го разберат, веруваат и практикуваат), посебно во текот на првиот период од Објавата (во Мека), каде што Пратеникот живеел со своите следбеници, а во исто време и со своите непријатели. Секако дека оваа ситуација предизвикувала компликации и дилеми, како долг на тоа дека Божествената Објава е базирана на битни идеи на тероетско ниво па сè до практичното имплементирање. Луѓето во Пратеникот видоа исполнување на Куранските стихови и олицетворение на идеите кои тие ги создржат.

[1] Ние – заменка која се однесува на Бог. Тоа е вообичаена осо­бе­­­­­­­­но­ст на арапскиот го­вор, користен за истакну­ва­ње на важноста на говорникот. Во никој случај не претставува множина на говорни­кот, туку напротив, ги истакнува едноштвото и важноста на гово­рни­кот (заб. на прев.).

1 view0 comments

Comments


bottom of page