Има голем број на мали предзнаци на Судниот ден. Први два најпознати се појавата на Мухаммед а.с. и неговата смрт.
Од предзнаците на Судниот ден кои се оствариле е и освојувањето на Бејтул Макдис или Ерусалем(Кудс). Во хадисот на Афв б. Малик р.а. се пренесува дека кажал: „Кажал Пратеникот а.с. : Број шест работи пред самото настапување на Судниот ден:..па меѓу другото го спомнал освојувањето на Месџидул Акса“.
Во времето на вториот праведен халифа Омер р.а. бил освоен овој трет по важност храм во Исламот, и тоа 6 години по смртта на Пратеникот а.с.. Самиот Омер р.а. отишол лично ги помирил жителите на Ерусалем, дури го исчистил местото и изградил храм.
Се пренесува преку Имам Ахмед дека кажал:
Слушнав од Омер б. Ел Хатаб како му кажува на Кеаб ел Ахбари: „Што мислиш кај клањам јас? Тој одговорил: Ако од мене бараш одговор тогаш клањај позади карпата, додека целиот Ерусалем ќе биде пред тебе. На тоа Омер р.а. му кажал: Се жртвуваш за евреите? Не, туку ќе се клањам наспроти тоа што се клањал Божјиот Пратеник а.с., па се завртел во правецот на киблата и клањал. Потоа дојде и си ја простре наметката и ја стави нечистотијата во неа, а тоа потоа го стори и останатиот свет“. Со тоа нечистотијата надворешна на тоа свето место, а потоа и онаа побитната нечистотија ,а тоа е ширкот и неверството биле тргнати и на тоа место, каде била изградена џамија.
Втор пат Бејтул макдис бил освоен во време на Ејубската држава, под водство на Салахудин Ејуби во 1187 година.
По некои хадиси тоа ќе се случи и по трет пат .
Мухаммед ибн Абдулрахман ел Арифи
Comments