top of page
Writer's pictureinfoislam

Маслиново дрво старо 1652 години сеуште дава плод


МАНИСA (АА) – Едно од најстарите маслинови дрвја во светот се наоѓа во турското село Киркагач во покраината Маниса, а многу научници веруваат дека тоа е многу постаро од 1.652 години колку што покажаа првите студии, јавува Anadolu Agency (АА).

Шефот на локалната служба за земјоделство и сточарство Meликсах Таскин за АА рече дека маслиновото дрво во 2013 година е ставено под заштита на Заводот за заштита на природните ресурси и животната средина, а наскоро ќе биде завршена и анализата која ќе ја покаже точната возраст на дрвото.

Истакнувајќи дека прелиминарната анализа покажала дека дрвото е старо најмалку 1.652 години, Таскин рече дека дури и тогаш ова дрво ја добило титула на најстаро дрво во Турција и едно од најстарите на планетата.

„Ова дрво привлекува големо внимание на домашни и странски туристи, како и научници. Покренавме иницијатива со оглед на бројните тврдења од страна на научниците дека дрвото е многу постаро од првобитно утврдената старост. Претпоставуваме дека дрвото е постаро за околу 500 години од првите наоди”, рече Таскин.

Сопственикот на земјиштето на кое се наоѓа старата маслинка, Мехмет Адиѓузел, рече дека пред три децении го купил земјиштето и знаел дека ова е старо дрво, но тој не можел ни да замисли дека тоа е единствен примерок кој егзистира колку една ера од човештвото.

„Многумина ми велеа да го исечам дрвото кога го купив земјиштето. Мојата рака не можеше да го направи тоа, па побарав стручна помош за да се утврди неговата возраст. Тоа е старо дрво, но сè уште произведува одлични плодови од кои правам квалитетно масло”, рече Адиѓузел.

0 views0 comments

Commenti


bottom of page