top of page
Writer's pictureinfoislam

Мајка Тереза и тргување со светоста

Таа е позната дека основала болници, народни кујни, училишта, колонии со лепрозни и домови за напуштени деца и беше наречена „Светица“ на бедните за нејзината работа во сиромашните квартови на Калкута. Хуманизмот и човештвото се секаде пофалена работа, но митот или иконографијата на величење на култ на светци и добри луѓе некогаш попримаат ненаучна и сосема друга димензија.

Милосрдието и милоста се една од Божјите особини и особеност и неможе да се споредува човечката добрина и милост со таа која потекнува од Бог, макар наизглед ни делувало дека тој некој е „непогрешив“ и вистински човек од Бог. Поради тоа човекот нетреба да му се моли на човека, нетреба да чека од човека, туку само од Единиот и Семилосниот и единствен Бог кој ги создал сите луѓе еднакви, но сепак грешни и со слабости, а најдобри кај Бог се оние кои најмногу го почитуваат и се богобојазни. Затоа не не чудат и обвинувањата на кои се подложни оние кои навидум изгледаат безгрешнио и големи.

Лондонскиот доктор Аруп Четерџи во 2003 година објави обемна критика на калуѓерката, откако направи околу 100 интервјуа со луѓето поврзани со нејзиното сестринство. Тој го нападна очигледниот недостаток на хигиена – повторна употреба на игли, на пример, и хаотичните услови во домовите, помеѓу другото. Чатерџи ја обвинува Мајка Терезеа,дека и покрај бројните донации одржувала прикриен култ на сиромаштијата и на страдањето, за да биде мисионерка на католичката црква. „Сето она по кое е позната, е обвиено со тајни и гласини. Таа основа Куќа за луѓето на умирање. Човек воопшто не мора да оди таму. Доволно е да ги погледне сликите од тоа место. Луѓето немаа пристојни кревети и место малку да се движат. Додека Мајка Тереза беше жива, постоеше политика за повеќекратно користење на шприцевите, дури и во времето на ХИВ.“ Хемли Гонсалес од Мајами, кој работеше како волонтер во еден од домовите на Мајка Тереза во Колката во 2008 година, вели дека е „шокиран од страшната негрижа со која оперира хуманитарната организација“. Од неодамна, индиски рационалисти како Санал Едамараку се сомневаат во чудата коишто доведоа до прогласување на Мајка Тереза за светица. За да станеш светец во очите на Ватикан, треба да ти бидат припишани чуда. Настаните треба да бидат верифицирани со докази пред да бидат прифатени како чуда. Најчесто тоа се излекувања или закрепнувања од болести за кои нема логични медицински објаснувања.

Пет години по смртта на Мајка Тереза, Папата Јован Павле Втори во 2003 година го прифати првото таканаречено чудо – излекувањето на жена од бенгалско племе, Моника Бесра, која имаше стомачен тумор и тоа беше објаснето како резултат на натприродна интервенција. Папата Фрањо го призна второто чудо во 2015 година, кое вклучуваше излекување на Бразилец со тумор на мозокот седум години претходно. Господинот Едамараку се прашува како може жена да биде излекувана со фотографија од калуѓерката ставена на нејзиниот стомак, кога има докази дека примала медицинска терапија. Сега, тој вели дека „ повеќето луѓе не сакаат зборуваат против калуѓерката, поради нејзиниот имиџ како некој што работел за сиромашните“. „ Ако се сомневате во Мајка Тереза, тогаш ве гледаат како да сте против сиромашните. Јас немам ништо лично против нејзе, но тргувањето со чуда не е научно“, кажа Едамараку. Во Индија има и група академици и социјални работници кои испратија петиција до министерот за надворешни работи Шушма Шварај да не присуствува на утрешната церемонија во Ватикан. „Несфатливо е министер за надворешни работи во земја чиј устав бара од своите граѓани да имаат научни сфаќања да одобри канонизација базирана на ‘чуда’“, се вели во петицијата.

Верниците без разлика на се, треба да уделуваат милостина и дел од имотот што го поседуваат, но сето тоа нетреба да го прават со посредништво на светци или на други добри луѓе, бидејќи само Бог е Добар. За ниеден друг човек неможеме да кажеме дека е добар човек без додавката, А Аллах најдобро знае! Веровесницте и Пратениците не предупредувале на ова богохулие бидејќи води во посредништво и погрешно заоговорништво.

О, верници, дајте дел од тоа со што Ние ве снабдуваме, пред да дојде Денот кога нема да има ни откупи, ниту пријателства, ниту посредништва! А неверниците се навистина неправедни! (254, Ел Бекаре)

Посредништво нема да има доколку не се верници и на Судниот ден нема да се прифати откуп ни злато големо колку целата Земја.

0 views0 comments

Комментарии


bottom of page