Изучувајќи ги хадисите на Божјиот Пратеник ﷺ каде што го навестува појавувањето на лажниот месија деџал, доаѓаме до две битни имформаци кој ни укажуваат на денешново време, кој во тоа време не беа присутни, што е воедно уште една од многубројните муџизи со кој дошол Аллаховиот Пратеник ﷺ.
Прво: Нема да остане ниту едно место во кое што нема да влезе деџал освен Мекка и Медина, затоа што тие два градови му се забранети. Кога деџал ќе пристигне до периферијата на градот Медина ќе запраша: “Чиј е белиот замок?” Ќе му биде одговорено: “Тоа е замокот на Мухаммед.” Аллаховиот Пратеник во овој хадис ни наговестува како деџал ќе гледа во правецот на неговата џамија опишувајќи ја како бел замок, што во тоа време било чудно и незамисливо, бидејќи џамијата на Аллаховиот Пратеник била градена од кални тули и гранки на палма. Но денес, тоа навистина изгледа како бел замок. Џамијата на Аллаховиот Пратеник кога се гледа од далеку изгледа како замок и бел бисер помеѓу остантите градби во Медина. Второ: Ебу Бекр радијаллаху анху пренесува дека Аллаховиот Пратеник ﷺ рекол: “Медина нема да биде погодена од ужасите на деџал. Медина тогаш ќе има седум порти (пристапи), на секоја порта ке стојат по два мелеки.” (Бухари) Ако ја погледнеме денешната карта на градот Медина, ќе видиме дека денес има седум главни влезови во градот, од правец: Џеда, Мека, Рабиг, Тебук, аеродромот и два од правец на околните места. Фитнето на деџал е најголемото фитне кое ќе се случи на овој дуњалук и тоа е клуч и првиот голем предзнак на Судниот ден. Тоа е фитне од кое се плашеле и на кое опоменувале сите Аллахови Пратеници и Веровесници, од Адем преку Нух па се до последниот Божји Пратеник Мухаммед ﷺ.
Да Му се покаеме на Возвишениот Аллах, да ја разбудиме нашата верска свест и да се вратеме во Неговата вера, искрено обожувајќи Го Него и следејќи го суннетот на Неговиот миленик ﷺ затоа што тоа е најголема заштита на верникот во време на секое фитне.
Нермин И.
Comments