top of page
Writer's pictureinfoislam

Миење на рацете

Миењето на рацете пред и по јадењето е суннет[ Пракса на Пратеникот], како што се наведува во преданието на Аиша р.а..

Во преданието кое го пренесува Ебу Хурејре р.а., се предупредува:„Koј ќе заспие со измрсени раце од храната, неизмиени, па ако нешто му се случи, никого нека не го укорува освен самиот себеси!“ Нечистите, со микроби заразени раце имаат клучно значење во пренесувањето на причинителите на цревните, респираторните и кожните заразни болести. Меѓу нив  е и актуелниот коронавирус Ковид19.

Миењето на рацете со сапун е една од најефективните мерки за превенција од пролив (дијареа) и воспаление на белите дробови, болести кои се најодговорни за умирање на децата до пет годишна возраст. Ширењето на навиката на миење на рацете со сапун и топла вода може значајно да придонесе за намалувањето на заболувањата и степенот на смртност. Истражувањата покажуваат дека рацете најредовно ги мијат луѓето кои живеат во урбаните населби, меѓу кои најчесто жените. Лекарите советуваат дека рацете не треба да се мијат само пред јадење и кога видно се нечисти, туку задолжително и по јадење и по посетувањето на тоалетот, по допирањето на носот, устата или очите, по контакт со болно лице, но и при секојдневните активности во домаќинството. Сапунот со кој ги миете рацете, треба да по користењето да се измие под млаз вода и да се чува така што ќе биде сув, а добро е со него да се истрие целата површина на кожата на рацете, порачуваат лекарите. Денес, кога науката го достигнала врвот на нејзиниот напредок и која јасно нагласува дека миењето на рацете пред и после јадење е нужност која мора да се уважува, заклучуваме каква брижност исламот му донесе на човештвото, сакајќи да го едуцира, не само во важните верски, туку и најобични прашања кои живот и здравје значат. Koлку оваа Пратеникова ﷺ препорака муслиманите сериозно ја разбрале, најдобро потврдува примерот на имамот Ханбел. Eбу Бекр ел-Мерузи кажува: „Видов дека имам Ахмед б. Ханбел, ги мие рацете пред и после јадењето, иако пред тоа земал абдест!“ [ Ритуално миење со вода]

0 views0 comments

Comments


bottom of page