top of page
Writer's pictureinfoislam

Миење на рацете како предуслов на добро здравје


Нечистите, со микроби заразени раце имаат клучно значење во пренесувањето на причинителите на цревните, респираторните и кожните заразни болести. Миењето на рацете со сапун е една од најефективните мерки за превенција од пролив (дијареа) и воспаление на белите дробови, болести кои се најодговорни за умирање на децата до пет годишна возраст. Ширењето на навиката на миење на рацете со сапун и топла вода може значајно да придонесе за намалувањето на заболувањата и степенот на смртност.

Истражувањата покажуваат дека рацете најредовно ги мијат луѓето кои живеат во урбаните населби,меѓу кои најчесто жените.

Лекарите советуваат дека рацете не треба да се мијат само пред јадење и кога видно се нечисти, туку задолжително и по јадење и по посетувањето на тоалетот, по допирањето на носот, устата или очите, по контакт со болно лице, но и при секојдневните активности во домаќинството.

Сапунот со кој ги миете рацете, треба да по користењето да се измие под млаз вода и да се чува така што ќе биде сув, а добро е со него да се истрие целата површина на кожата на рацете, порачуваат лекарите.

Миењето на рацете пред јадење е суннет[1], бидејќи тоа го практикувал Аллаховиот Пратеник (с.а.в.с.), како што се наведува во преданието на Аиша (р.а.), како и после јадење, бидејќи Пратеникот (с.а.в.с.), тоа посебно го нагласил, нагласувајќи дека ако не се примени тој чин, на себеси итекако може да се наштети.

Во преданието кое го пренесува Ебу Хурејре (р.а.), се предупредува: «Koј ќе заспие со измастени раце од храната, неизмиени, па ако нешто му се случи, никого нека не го укорува освен самиот себеси!».

Денес, кога науката го достигнала врвот на нејзиниот напредок и која јасно нагласува дека миењето на рацете пред и после јадење е нужност која мора да се уважува, заклучуваме каква брижност исламот му донесе на човештвото, сакајќи да го едуцира, не само во важните акаидски, туку и најобични прашања кои живот и здравје значат.

Koлку оваа Пратеникова (с.а.в.с.), препорака муслиманите сериозно ја сфаќале, најдобро потврдува примерот на имамот Ханбел. Eбу Бекр ел-Мерузи кажува: «Видов дека имам Ахмед б. Ханбел, ги мие рацете пред и после јадењето, иако пред тоа земал абдест[2]!».

Со десна рака да се јаде

Преферирање на десната страна е една од особеностите на исламот, особено кога е во прашање конзумирањето на храната и течностите.

‘Aбдуллах б. Омер (р.а.), ја пренесува јасната Пратеникова (с.а.в.с.), напомена: «Kога некој од вас ќе јаде, нека јаде со десната рака, бидејќи, навистина шејтанот[3] јаде и пие со левата рака!».

Анализирајќи ги Пратениковите (с.а.в.с.), изјави за шејтанот и неговото делување, ќе установиме дека тој го спомнува за сè што би можело да има негативни последици за човекот, не само кога е во прашање неговата духовна, туку и физичка димензија. Логично е, ако левата рака се користи за отстранување на нечистотијата при извршување на физиолошката потреба, тоа би можело да ја загрози хигиената на една особа, па таа штетна можност нашиот Пратеник (с.а.в.с.), ја поврзува со шејтанот кој е соучесник во секоја духовна и физичка болест.

[1] Пракса на Пратеникот

[2] Ритуално миење со вода

[3] ѓаволот

0 views0 comments

Comentários


bottom of page