Кои биле сопругите на Мухаммед а.с.
Сопругите на Мухаммед, а.с., нека е Аллах задоволен со нив, завземаат значајно место во исламот. Наша исламска должност е да дознаме што повеќе за жените кои биле со Мухаммед, а.с., кога му било најтешко, кои го бодреле и советувале, кои го впивале исламското знаење директно од изворот. Толку е пишувано за нив, но сепак текстот кој го подготвив е чисто информативен и нуди само основни информации, а секому од нас ни е должност да дознаеме повеќе за нив.
Според Куранскиот говор жените на Пратеникот с.а.в.с. се Умехатул муминин (мајки на верниците).
Негова прва сопруга била позната и угледанта Меканлика Хатиџа, нека е Аллах задоволен со неа. Во своите млади години, кога во Мекка бил познат како Ес Садик (Оној кој секогаш вистината ја говори) и Ел Емин (Поверливиот), ја добива понудата за брак од Хатиџа, р.а. Иако била 15 години постара од него (според некои научници) сепак била прекрасна и грижлива жена, која и во џахиолискиот период бива позната по својот морал и чесност. Дваесет и пет годнини бил со неа во брак. Со неа Пратеникот ги поминал наубавите години во својот живот. Таа му ги родила сите деца, освен Ибрахим. Таа била многу грижлива како кон Мухаммед, а.с., така и кон совите деца. Љубовта која ја чувстувал Мухаммед, а.с. кон неа ја исполувал низ целиот свој живот. Нејзиниот степен бил толку голем што Возвишениот Аллах ја поселамил преку мелекот Џибрил. Хатиџа р.а. била првиот муслиман. Децата од бракот со хатиџа се, Фатима, Рукаја, Умму Кулсум, Зејнеб и Касим (кој бргу по своето раѓање умира).
Севда бинт Зем’а е втората сопруга на Пратеникот а.с. неа ја оженил во десетата година по пратеништвото. Кога се омажила за Мухаммед, ас, била вдовица и постоела потреба од нејзино вдомување и грижење. Благородниот Мухаммед, а.с., ја оженил.
Аиша бинт Ебу Бекр била третата сопруга на Пратеникот а.с. Неа единствено Мухаммед,а.с., ја оженил како девица. За Аиша р.а. има толку многу работи да се кажат. Доволно е тоа дека таа е најучената жена во нашиот уммет. Пренесува 1/3 од хадисите, и во своето време била муфитија. Праверните халифи за многу работи по Пратениковата а.с. смрт доаѓале да се консултираат за неа за шеријатските прашања.
Хафса ќерката на Омер ибнул Хатаб била исто така вдовица. Таа истота така имала слична природа како и својот татко. Најдобар начин да се зацврсти пријателската врска е тазбинството
Зејнеб бин Хузејме била позната и како Уммул месакин (мајка на сиромашните), поради големата грижа кон сиромашните и сираците. Таа била сопруга на шехид, и во МЕдина била позната по својата добрина и грижа. Кога Пратеникот с.а.в.с ја оженил таа имала 60 години, бргу после женидбата со Праеникот с.а.в.с. таа преселила на ахирет.
Умму Селеме ел Махзумијје била исто така жена на шехид, која својот живот го посветила грижејќи се за своите деца. Пратеникот, а.с., ја оженил со ветување дека ќе се грижи за нејзините деца.
Зејнеб бинт Џахш, која била мажена за Зејд, но откако бракот бил неуспешен и тие двајца се развеле, во петтата година по хиџра Мухаммед, а.с. се жени со неа.
Џувејрија бинтул Харис била ќерка на племенски поглавар. Таа била дел од воениот плен кој бил здобиен со битката со племето Бенул ел Мусталик. Со оглед на тоа дека Праеникот а.с. бил многу обзирен кон тоа што ја снашло понижување после животот во кој уживала углед и чест, тој со неа набргу се оженил. На тој начин таа била поштедена од тоа да некој ја земе како слугинка како и фактот што целото нејзино племе било ослободено, бидејќи сега била тазбинството на Мухаммед, а.с. Припадниците на тоа племе набргу потоа го примаат исламот.
Умму Хабиба Ремла бинт Ебу Суфијан т.е. Ебу Суфијановата ќерка.Била една од првите кои го примиле исламот. Со преселбата во Абесинија нејзинот маж умира. Мухаммед, а.с., дознава дека таа е многу осамена таму, и му праќа допис на Абесинискиот владетел Неџаши (кој бил муслиман) да ја ожени со неа. И бил даден мехр од 400 златни динари, и се смета дека била од Праениковите сопруги кои имале најголем мехр(дар).
Сафија бинт Хујејј ибн Ахтаб, била ќерка на поглаварот на племето Бену Недир и била дел од воениот плен од битката на Хајбер. На Мухаммед, а.с., му било речено дека таа била принцеза и лепотица во племето и дека согласно друштвениот стаус би требало Мухаммед, а.с., да ја земе.
Мејмуна бинтул Харис е последната жена која Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. ја оженил. Тоа се случило седмата година по хиџра.
Превод : Ебу Тарик(ово сам ја)
Повеќеженството според исламот и христијанството
Родители на Ајша биле оние кои дозволиле брак со Мухаммед салалахуалејхивеселем. Истите тие родители дури и пред тоа на нејзина четиригодишна возраст ја вереле за еден човек.
Следбениците на Мормонската црква практикуваат многуженство
Пренесува Ахмед Ибн Ханбел дека после смртта на Хатиџа р.а.,Кхаулах р.а. пошла кај Мухаммед а.с. во желба да го посоветува во врска со нов брак.Кога Мухаммед а.с. ја запрашал кого има на ум по нејзин избор,Кхаулах му рекла: Можеш да ожениш ДЕВИЦА(БИКР),или жена која што веќе била во брак..Кога Мухаммед а.с. Ја запрашшал за која ДЕВИЦА се работи, Кхалах ја предлозила Ајша р.а. Само некое време пред ова Ебу Бекир отишол кај Мутам-чиј син бил верен со Ајша р.а. Во тоа време-и го прашал дали може Ајша да остане во неговата куќа, како идна жена на неговиот син. Мут’ам го одбил,бидејќи Ебу Бекир го примил Исламот-и набрзо потоа ја раскинал веридбата на својот син со ќерката на Ебу Бекир ,Ајша р.а. Набргу потоа Пратеникот а.с. ја сонува Аиша р.а., која иако не ја видел ,наредбата му дошла да ја земе за жена и ќе му биде сопруга на двата света, односно една од Џеннетските Хурии.
И во тоа време не постоел муслиман или дури и спротиставувања помеѓу многубожците и евреите на бракот помеѓу нив,бидејќи таа пракса била широко практикуван. Па дури и до денес во 3-ти земји во светот (муслиманите и немуслиманите), мали девојчиња на возраст од 9 или 10 се мажат. Во секој случај, причина се познати: 1. Луѓето тоа го користат зошто имаат многу краток живот. 2.Тие живееле меѓу 40 до 60 години максимум.
Значи тогаш беше нормално и природно за девојките да се венчаат на возраст од 9 или 10 или слично.
Брак со млади девојки бил широко практикуван меѓу Арапите во тоа време, па дури и денес во многу од третиот свет кои не се муслимани и муслиманските земји.
Според христијанството можеме да го најдеме следново.
Јосип, мажот на Марија, кога ја зема за жена, Марија, имаше 90 години, а таа помеѓу 12-14 години според библиската приказна.Никој него не го смета за педофил или слично, туку напротив бракот е глорифициран.
Општо е познато дека во библиските денови девојката се мажела веднаш кога ќе почнеле да и растат градите и со првото месечно перење. Родителите веднаш гледале да ја омажат, бидејќи така најбрзо се ослободувале од уште една уста за хранење и добивале со тоа подобра племенска,социјална и друга заштита.
Во библијата може да го забележиме следново:
Во Егзодус 21:7-11 . Ако некој ја продаде ќерката своја за робинка, таа да не
си оди како што одат робинките;
ако не му се свиди на годподарот нејзин, за која ветил дека ќе ја земе за
жена, нека ја отпушти. Но нема право господарот да ја продаде на туѓ народ, кога сам ја отфрлил;
ако, пак, ја
свршил за синот свој, нека го даде правото, што го имаат ќерките;
ако земе друга за себе, првата не смее
да ја лиши од храна, облека и сопружничка должност.
Не и‘ направи ли една од овие три работи, тогаш нека
си оди од него дарум, без откуп.
Еве овде се гледа дека тој што ја зел робинката која уште може да ја земе за жена, дека таа е на возраст слична на неговиот син, што значи дека разликата може да биде и над 30 години помеѓу сопружниците.
Во прописите од стариот завет гледаме дека во прпоисите -За непознато убиство; за заробени жени и за непослушни синови е спомнато следново:
Кога ќе излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ќе ти ги предаде во рацете твои, и ти ќе ги заробиш нив,
па видиш меѓу заробените жена убавица, и ја засакаш, и ќе
посакаш да си ја земаш за жена,
одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои,
нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да станеш маж, и таа да ти биде жена.
Ако, пак, отпосле таа не ти е по волја, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту ја имај за робинка, зашто ти си ја унижил.
Ако некој има две жени – едната омилена, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ….
Значи овде веќе гледаме дека човекот може да земе жена и воедно да не ја сака ? Да има сакана и несакана?
Понатака ова ќе го надоврземе со повеќеженството со кое што бил обврзан Пратеникот а.с. кој иако несакал да се жени, но тоа му било наредено, а познато е дека неколку години апстинирал од брак.
Во Егзодус 20:10 стои дека човек може да земе неограничен број на жени, и неограничен број пати, во исламот тој број јасно е ограничен на 4 со тоа што доколку човекот мисли дека нема да биде праведен најдобро му е една доколку се плаши од тоа дека ќе биде неправеден. И ова е препорачано човекот да се обидува да биде праведен кон своите жени и за тоа постојат многу преданија со предупредувачки тон, и казна на тој свет, доколку не е.
Во Самуел 5:13; 1 и Хроники 3:1-9, 14:3, стои дека Давид имал 6 жени и огромен број конкубини.
Во Кралеви 11:3 стои дека Соломон имал 700 жени и 300 конкубини.
Во хроники 11:21 синот на Соломон –Рехобоам имал 18 жени и 60 конкубини.
Сето ова укажува дека и во библијата е познато дека повеќеженството не е ништо страно и непознато туку напротив и ден денеска многу христијански секти (пр.Моромони ) кои дозволуваат повеќеженство.
Не е непознато тоа дека Исус често имал интеракција и разговор и изгонувал бесови од жени.Некои од жените биле негови сопатнички се
Marија Магдалена , Јована и Сузана.(Лука 8-10 )
Во Лука 13:13 Исус излечи една вдовица во синагога и таа веднаш почна да го слави Бог(но не и Исус).
Но Исус го повторува Мојсевиот закон и го потврдува, со што вели:
Матеј 5:27-30
Познато ви е дека во Мојсеевиот Закон е заповедано:
,Не врши прељуба!28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака – во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа! 28Јас, пак, ви велам дека секој што ќе погледне туѓа жена и во мислите ќе ја посака – во своето срце тој веќе извршил прељуба со неа! 29Ако, на пример, твоето десно око те наведува на грев – извади го и фрли го; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот. 29Ако, на пример, твоето десно око те наведува на грев – извади го и фрли го; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот. 30 И ако, на пример, твојата десна рака те наведува на грев – отсечи ја и фрли ја; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.
30 И ако, на пример, твојата десна рака те наведува на грев – отсечи ја и фрли ја; подобро е за тебе да загубиш еден орган, одошто целото тело да ти заврши во пеколот.“
Тука се гледа дека Исус нема сомилост кон тој што врши блуд, со што единствено отстапува место за брак.
Интересно е тоа што Павле и покрај тоа што во стариот завет се дозволува развод на жена со маж кој и е починат, а кај Исус тоа се дозволува кога таа жена направила блуд и сл,Павле тоа го негира и го менува како пропис и дури го нарекува блуд доколку жеаната се омажи после смртта на мажот(Римјани7-2)..Да не заборавиме дека проповедничката мисија на Исус била 3 години, и дека за тоа време покажал пример на идеален човек кој го најавил доаѓањето на потполната вистина. Ние муслиманите веруваме и според хадисите знаеме дека Исус при неговото повторно доаѓање на земјата ќе се ожени и ќе ја употполни неговата мисија на земјата.
Како и да е, Куранот е последна Божја објава и ја дерогира претходната само во прописите кои не содржат губење на Едноштвото Божје, со тоа што ги обновува некои загубени заповеди од Стариот завет, воведува некои нови правила кои не постоеле и ги менува постојните, се во склад со развојот на човечкиот род и неговиот развој, духовен и материјален. Затоа и во темелите на исламот е да се верува во Тората ,Евангелието, Псалмите и Листовите на Авраам. Се со цел да се разбере дека истите доаѓаат од Еден единствен Извор кој единствено ја знае Мудроста на ова.
Comentarios