top of page
Writer's pictureinfoislam

Молчењето – некогаш најдобриот аргумент

Соочувањето со молчење од страна на личноста која што ја сакаме може да биде прилично болно искуство. Фрустрацијата настаната поради игнорирањето може да боли повеќе од било кои изговорени зборови. Иако се чини контрадикторно, молчењето понекогаш е најјакиот аргумент што го имаме:

Не зборувај туку слушај

Тешко е да се слуша и во потполност да се сфати некој ако не му се даде прилика да зборува. Иако не се сложуваш со она што другата страна ти зборува, со активно слушање и даваш до знаење дека го цениш нејзиното мислење без оглед на твоето несогласување со истото. Откако си ислушал тоа што твојот партнер има да ти каже, земи време и размисли за тоа што ти го зборувал. Вреди ли реално да се караш и да се вознемируваш поради спорни теми околу кои сте се „закачиле“? Ако одговорот е потврден, темата започни ја одново кога двајцата сте смирени и ослободени од притисок.

Нема да ти биде жал поради изговореното

Ако ја држиш устата затворена кога си вознемирен, покасно нема да жалиш поради изговорените зборови во жар и лутина. Во такви моменти многу е лесно да се каже она што не го мислиме, така што понекогаш е подобро да се молчи отколку „да се удира под појасот“.

Дишење и одбројување

Дишењето и одбројувањето се одлични начини за смирување на ситуацијата, особено ако си од „експлозивните“ типови на луѓе. Пред да пламнеш и да реагираш онака како всушност не би сакал – длабоко земи воздух и број до десет. На таков начин ќе си дадеш доволно време да се смириш и да ги прибереш своите мисли. Можеби на крајот ќе сфатиш дека она за кое што си се вознемирувал, всушност не е ни вредно за трошење нерви.

Тишината понекогаш е погласна од зборовите

Кога двајца се караат, обично двајцата сакаат да бидат во право па често се случува другата личност воопшто да не слуша туку само чека ред на изговарање на своето велеуважено дело. Ваквото нешто нема да му појде од рака ако молчиш и веројатно за време на твоето молчење другата страна ќе почне да ги преиспитува своите постапки и зборови и ќе се прашува каде тоа точно згрешила.

0 views0 comments

Comments


bottom of page