Во моментите додека пролевала солзи покајаничката, изјавила: Во почетокот беше само една обична телефонска врска, која подоцна се претвори во лажна љубовна приказна – лажеше дека ме сака, и дека ќе ме побара за жена.
Побара да ме види…го одбив…Ми се закани дека ке ме напушти. Ми се закани дека ќе ја прекине врската…Попуштив…Му пратив слика, писмо и парфимирана ружа. Следеа писмо по писмо…Бараше од мене да излеземе…жестоко го одбив. Ме уценуваше со сликите, намирисаните писма, моите зборови на телефон кои претходно ги снимил…
Излегов со него, но со намера да се вратам што побргу…се вратив…се вратив но со срам и срамота…Му реков: брак…тоа е срам
Со голема роза на презир и потценување ми рече: ЈАС СО БЛУДНИЦА НЕ СЕ ЖЕНАМ!!!
МИЛА СЕСТРО…Ако имаш малку памет послушај го мојот совет. Не биди сигурна…Не биди сигурна дека бракот ќе дојде преку обичен телефонски разговор. Па и да се случи нешто слично тоа е сигурно крај со губиток, пропаст, сомнежи и каење. Немој да бидеш сигурна дека момчето ,колку и да е пријател и искрен и колку и да покажува љубов контебе и слатко ти зборува – ти ласка и така постапува само поради своите злобни намери кои секоја паметна личност може секогаш да ги примети.
Немој да им веруваш на оние што постојано повикуваат во современост, напредок и цивилизација, ослодобување на жените, нивните права и немој да се водиш според нивните приказни – љубов пред брак. Вистинската љубов доаѓа после влегувањето во брачна заедница а се подалеку од тоа е лажно, бидејќи предбрачната љубов заснована на сомнежи, лага, само желба за уживање и задоволување на своите страсти а често и со тоа, во предбрачниот период се покажуваат забите на вистината и на виделина излегуваат скриените намери.
Имам Бухари пренесува во неговиот Сахиху, дека Мухаммед с.а.в.с рекол: „Па наидовме на еден логор од каде се слушаше врева и врисок па погледнавме што е,кога видовме голи мажи и жени кои од време на време ги гореше пламен, и кога и да ги гореше врескаа од силна болка – па кога го праша ангелот за нив, му одговори: голите мажи и жени кои ги виде во логорот се блудници и проститутки…!Дали и ти мила сестро сакаш да бидеш како нив!
Пази се од телефонски разговори, бидејќи сите тие се запишуваат кај Аллах џ.ш.,но и одлуѓето – сатани кои исто така бележат и снимаат ,,залагајќи се за љубовта,, која подоцна ќе се искористи против тебе, како би ти вршеле притисок а на крајот да ти го одземат и образот и честа.
Пази се од фотографирање и сликање од било кој вид, затоа што тоа е блиско на било кој вид грев, а и опасно оружје е за волците во човечки лик, може да го употребат против тебе, за да се дофатат за својата жртва и плен.
Пази се од пишување на писма, затоа што и тие можат да бидат употрбени против тебе.
Пази се од разни списанија, бидејќи меѓу тие обоени страници се кријат различни видови на отрови, кои утре може да бидат фатални за тебе.
Пази се од погрешни серии и филмови кои ќе го извадат срамот од твоите гради, сета убавина ќе ја отфрлат од тебе а твојата зграда на убаво однесување и морал – ќе го уништат.
Пази се од откривање, несоодветна облека и непотребно изложување во јавност,бидејќи само ќе се изложиш на лутината на Аллах џ.ш.
Пази се од возење со странци и непознати луѓе, сама, бидејќи тоа се смета како да се состануваш со мажите, кое е инаку грев, а тоа нашиот благороден Шеријат го забранува, и немој случајно да се браниш под изговор дека си била приморана така да постапиш.
Пази се од лошо друштво, расипани другарки, заблудени лица кои само знаат да ги одведат и другите во заблуда.
МИЛА СЕСТРО!
Пази се од влегување во грев и грев, бидејќи тоа е причина за тешкотии и несреќа,изчезнување на благодети и појава на тешки искушенија.
Пази се од ангелот на смртта кога ќе дојде да ти ја земе душата, така што ќе сеподготвуваш за оној свет со искрено каење и добри дела, бидејќи и сама не знаеш когаќе дојде тој момент.
После овие совети, треба да знаеш, Аллах ти помогнал, вратата за покајанието е секогаш отворена за сите покајници, бидејќи Аллах џ.ш вели:
Кажи: „О робови Мои кои кон себеси во гре-
вовите претерувавте, не губете надеж во Алла-
ховата милост! Аллах, сигурно, сите гревови ќе
ви ги прости; Тој, навистина, многу простува и
Тој е милостив. (Ез-Зумер)
Па, ако знаеш дека некаде си згрешила и дека прашината на гревот те замаглила,побрзај во искрено покајание, пред да ти се затвори вратата а ти да бидеш во земја закопана, тогаш кога каењето нема да биде од корист.
We sallallahu’ala Muhammed.
Comentários