top of page
Writer's pictureinfoislam

Монотеизмот – теухидот како најважен столб на исламот

Теухидот е најважниот столб на Исламот и неможно е човек да стане муслиман доколку не го потврди единството на Аллах и доколку не биде убеден дека Аллах е единствениот кого требаме да го обожуваме, негирајќи ги истовремено лажните божества.

1.Божјиот Пратеник, алејхи селам, рекол: Исламот се издигнува врз пет (столба):

• Сведочењето дека нема друг Бог (кој што заслужува да се обожава) освен Аллах и дека Мухамед е негов пратеник,

• Клањањето на намазот

• Давањето на Зекатот

• Постењето на месецот Рамазан

• и обавувањето на Хаџот. (Муттефекун алејхи)

2. Теухидот е прва и најважна должност на луѓето. Тој е пред сите останати должности заради високата позиција и големата важност. Впрочем Теухидот е првата работа кон која се повикуваат луѓето.

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, испраќајќи го својот другар Муаз, Аллах нека е задоволен со него, во Јемен му рекол: „Пратен си кај народ од следбениците на Книгата. Првата работа кон која треба да ги повикаш е сведочењето дека нема друг Бог освен Аллах..“ Во едно друго предание стои да го реализираат Теухидот. (Муттефекун алејхи)

3. Ниедно дело нема да се прими без Теухид. Теухидот е услов за валидноста на секое дело и основа за прифаќање на делата. Делата не се сметаат за ибадети(обожување на Аллах) доколку од нив е изоставен Теухидот, како што намазот е невалиден без условот на чистотата (абдест). Со Ширк делата стануваат безвредни како што и намазот станува невалиден доколку се расипе абдестот. Делата кои наликуваат на ибадети стануваат безвредни и се ништавни доколку истите не се извршени исполнувајќи го условот на Теухидот. Ширкот е причина човекот да ја заслужи вечната казна во Џехеннем.

4. Теухидот дава сигурност на овој и на оној свет и е гаранција за останување на правиот пат. Доказ за ова тврдење е ајетот во кој Возвишениот вели:

„Ќе бидат сигурни само тие што веруваат и верувањето свое со многубоштвото не го мешаат: Тие ќе бидат на Вистинскиот пат!“ (Ел Енам, 82)

Во дадениот ајет за многубоштвото е употребен зборот неправда, а истиот Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи ве селем, го прокоментирал како многубоштво. Ибн Кесир во тефсирот на овој ајет напишал: „Тие што ја заслужиле сигурноста и што се на Вистинскиот пат се верниците кои биле искрени во своите ибадети и кои верувањето свое не го помешале со многубоштво. Тие ја заслужуваат сигурноста на оној свет и тие се на Вистинскиот пат на овој и на оној свет.

Ширкот е најголема неправда додека Теухидот е кулминација на правдата.

5. Теухидот е причина за влез во Џеннет и причина за спас од Џехенемскиот оган.

Божјиот Пратеник, Мухамед, сал-лаллаху алејхи ве селем, рекол: „Кој ќе посведочи дека нема друг Бог освен Аллах, кој е еден и единствен, и дека Мухамед е негов роб и пратеник и дека Иса е Аллахов роб и пратеник и Зборот кој Аллах и го пратил на Мерјем и душа од Него дадена, и дека Џенетот е вистина и Огнот е вистина, Аллах ќе го внесе во Џенет со неговите дела какви и да се.“ (Муттефекун алејхи)

Во еден друг хадис стои: „Аллах му забранил на џехенемскиот(пеколен) оган да го казни тој што ќе го изговори Ла илахе ил-лаллах, барајќи го Аллаховото задоволство.“ (Муттефекун алејхи)

6. Теухидот е спас од овоземските и оноземските потешкотии

Познатиот алим Ибн Кајјим, Аллах му се смилувал, напишал: „Теухидот е уточиште, на Неговите одбрани робови како и и на непријатели на Теухидот .

Што се однесува за непријателите на Теухидот тој им е спас од тешкотиите и маките на овосветскиот живот:

За одбраните Аллахови робови тој е спас од потешкотиите и маките на овој и на оној свет. Тоа е Аллаховиот закон за верниците. Ништо како Теухидот не може да ги олесни и да ги одалечи потешкотиите на овоземниот живот. Затои и молитвата која се чита во тешки ситуации е составено од Теухидот! Таква е и довата на Јунус, алејхи селам која ја проучи во внатрешноста на китот и по која Аллах го спаси а која започнува со зборовите: „Ла илахе ил-ла Енте– Нема друг Бог освен Тебе…“

Нема поголема причина за проблеми од Ширкот (многубоштвото), додека пак Теухидот е клуч на секое добро и на секое олеснување.

7. Теухидот е мудроста и целта заради која Аллах ги создал Џинните и луѓето.

Најпримерниот и најдобар пат кој води кон продуховеност е остварување на вистинскиот тевхид[1].

Возвишениот вели: „Тешко на оние кои Нему други рамни му сметаат, кои зекат не даваат и кои во оној свет не веруваат.“(Фусилет 6-7)

„Повеќето коментари на Куранот сметаат дека овде под поимот зекат се мисли на тевхид, односно, сведоштвото дека не постои друг бог освен Аллах , џ.ш., т.е. на верување со кое се чисти срцето. Сето ова е поради тоа што остварување на тевхидот подразбира негација на било кои божества покрај Аллах и со самото тоа се чисти срцето и со потврдата дека само Аллах е Бог, и тоа е основа на секоја духовност и напредок.“[2]

Во претходниот цитат Аллах џ.ш. тевхидот е наречен зекат(прочистување) , како што ширкот[3] е наречен нечистотија и кажал: „ О верници, неверниците се сама нечист“(Ет тевба,28)

Ибн Кајим вели: „Тевхидот е најпрефинета , најчиста и најдобра работа на оваа вера, така што и најмали нечистотии се приметуваат на неа. Тоа е како бела чиста облека на која што и најмала точка е воочлива или е како кристално чисто стакло на кое се гледа било каков недостаток.“ [4]

Што се однесува до ширкот[5] тоа е нешто најпрљаво , најнечисто и најбедно.

Тевхидот е зеќат со кој доаѓа благослов со добро дело, а можен е само со покорност, и тоа исклучиво таа покорност во која е во име на Аллах, а за такви покорности следи голема награда.[6]

Од друга страна ширкот ги поништува сите добри дела и е причина за вечно пребивалиште во оган. Тој е секогаш причина за осудување и оставање без подршка, како што вели Возвишениот: „Не ставај со Аллах некој друг бог- за да не заслужиш осуда и да останеш без подршка.(Ел Исра 22) и ќе бидеш без оној кој ќе те пофали и никој во помош нема да ти притекне.[7]

[1] Монотеизам

[2] Тефсир Куртуби

[3] Сметање нешто дека е рамно на Севишниот Бог

[4] Ел феваид 184

[5] многубоштво т.е сметање нешто рамно на Аллах-Единиот Бог

[6] Минхаџус сунне 6/218.

[7] Меџариџус саликин 1/458

0 views0 comments

Comments


bottom of page