top of page
Writer's pictureinfoislam

Морални доблести на искрено пријателство

По некои свои морални особини луѓето се сврстуваат во девет групи:

– Група која пофалува во присатност, а критикува во одсатност. Тоа е особина на лицемер и критичар, и овој вид на морал е многу проширен меѓу светот и доминира.

– Група која критикува во присатност и во одсатност. Ова е карактеристика на зајадливи и дрски критичари.

– Група која пофалува во присатност и во одсатност. Ова е особина на ласкавец и честољубец.

– Група која критикува во присатност, пофалува во одсатност, што е особина на малоумен и будала. Само крепосните се создржуваат од пофалби и критикувања во присатност, а изкажуваат пофалби за доброто во одсатност или се создржуваат од критика. Што се однесува на оние кои укажуваат на недостатоците, а не се лицемери ниту се дрски, тие се создржуваат од пофалби и критикување и во присатност и во одсатност.

Секоја од набројаните групи имавме прилика да ги запознаеме и почувствуваме. Кога даваш совет, чини го тоа насамо и со благи зборови. Не припишувај им на другите корења на оној кому му се обарќаш па да бидеш еден од оние кои пренесуваат туѓи зборови (неммам). Ако твојот совет биде груб тогаш ќе заведува и одбива, наместо на придобива. А Аллах џеллешануху вели: “И кажете му благ збор…!” Аллахов Пратеник, , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: “Не растерувај! Ако пак својот совет го условиш со негово прифаќање, ти си насилник. А може советот да ти биде и погрешен па ќе испадне да бараш прифаќање на своја грешка, а напуштање на она што е исправно.

Недостаток кој најповеќе е сличен на доблестта е желбата за самофалба. Директно тоа е знак на малоумност на оној кој со тоа се задоволува. Но, понекогаш може да биде и од полза нпр. кога со тоа се избегнува злото, а се зголемува доброто или кога служи како пример за убав морал за оној кој за тоа слуша.

Поедини видови на давања на совети скоро да представуваат некоја форма на пренесување на туѓи зборови. Така кога некој ќе слушне некого како го озборува оној кој му нанесол некакво зло или кога гледа дека извесна особа подготвува некаква измама и тоа го сокрие од оној на кого се однесува тој говор и кому му се подготвува стапица, тогаш и оној кој тоа го сокрива, впрочем, чини насилие. А ако дотичниот го информира за тоа, тогаш кон оној кој критикува и подготвува измами го чини тоа што тој уште го нема заслужено како казна заради тој свој чин, па така сега нему му чини насилие. А не е исправно насилникот да се казни повеќе отколку што тежи самото негово насилие.

Во слична ситуација умниот ќе го сочува оној на кого се однесува тој говор така што нема да му го пренесе од оној кој го кажал, значи нема да го информира за тоа што дотичниот го кажал за него, како не би преминало во непотребно проширување и така и самиот себе се уништил. А кога се работи за сплеткарења кои некој ги чини, тој го чува оној кому тоа му се подготвува криејќи го тоа што е можно подобро од оној кој тоа го чини и внимавајќи добро на самата сплетка, и ништо повеќе.

Неммимет е пренесување на тоа што е слушнато, а во што нема ништо штетно по оној кому тоа се пренесува. Советот двапати се дава: прв пат е должност и верска обврска, а втор пат е предупредување и опомена. Веќе трет пат тоа е прекор и пресуда. Единствено кога се работи за вера должност е на човекот да го повтори советот повеќе пати, без оглед дали тоа му се допаѓало или не му се допаѓало на оној кому е упатен, вознемирувајќи го со тоа или не вознемируваќи. А кога даваш совет, прави го тоа тајно, а никако јавно, и тоа со алузија, а никогаш отворено.

Ова последно можеш да го чиниш само кога дотичниот не ја разбира твојата алузија, то ест отворено. Никогаш својот совет не го условувај со нужно прифаќање. Ако излезеш од овие рамки тогаш повеќе не си тој кој дава совет, туку насилник кој сака да придобие за себе покорност и власт. И со тоа не ја извршуваш својата верска и братска должност. Значи, овдека веќе не се работи за судот на разумот и пријателството, туку за начинот како владетелот постапува со своите потчинети и господарот со своите робови. Никогаш не го оптеретувај својот пријател повеќе отколку и самиот му нудиш, зашто ако бараш повеќе отколку што нудиш, тогаш чиниш насилие. И не стекнувај освен под услов да трошиш и не другарувај освен под услов на самотија. Ако така не постапуваш, ќе си наштетиш на самиот себе и ќе бидеш со лошо владение. Да се толерираат оние кои бесправно присвојуваат и претерано уживаат и да се држиш по страна како да не ги гледаш како тоа го прават не е никаква човечност ниту доблест. Токму спротивно, тоа е знак на нискост и слабост како и поттик за нив да истраат во тој неморален чин. Потоа, тоа е настојување да се следат во тоа и да им се пружи помош во чинењето на злото.

Толеранцијата е човечност кога се работи за праведни кои се натпреваруваат во чинењето на простувањето и алтруизмот. Само на таквите вредните треба да им возвратат на ист начин, особено кога нивната потреба е поголема и нужноста поизразена. (Ако на ова некој би забележал): Ако од овој твој став произлегува дека треба да им се прости на пријателите правејќи се како да не се приметуваат, тогаш со тоа се изедначуваат пријателот и непријателот и странецот во комуникација со нив, што е очигледна грешка. (Одговараме): Успехот е од Аллах џеллешануху ! Нашиот горен став поттикнува на толерантност и алтруизам, но не кон грабливците туку кон искрениот пријател

Ако сакаш да ја осознаеш вистинската постапка во ова и да ја разбереш вистината, тогаш знај: Алтруист е човек кој му дава секогаш предност на својот пријател над самиот себе. Во случај на искрснување на некоја потреба или неминовност двата пријатела треба добро да размислат за тоа, па кога ќе се покаже чива потреба односно нужност е поголема , тогаш судот на пријателството и човечноста налага на другиот да се даде предност над себе си. Оној кој од нив тоа нема да го стори, тој е грабливец кој сака да натрупува што е можно повеќе. Кон таквиот не треба воопшто да се биде толерантен зашто тој не е ниту другар ниту пријател. Ако се покаже дека нивните потреби се изедначени и нужноста подеднаква, вистинското пријателство налага секој од нив да побрза да му даде предност на својот пријател над самиот себе. Ако така постапат, тие се пријатели. Ако пак само еден од нив тоа го направи, а другиот не, па ако тој обичај е негов обичај, тогаш овој другиот не е пријател и со него не треба да се постапува како кон пријател. А ако тој тоа го направи во некој друг случј, тогаш тие се повторно пријатели. Ако сакаш да му направиш некому нешто откако тоа од тебе ќе го побара, или сакаш да започнеш со тоа, чини го само тоа што тој го сака, а не тоа што ти сакаш, во спротивно воздржи се од тоа. Зашто ако така не постапиш ти тогаш правиш зло, а не добро за што заслужуваш прекор од него и другите, а не благодарност. Со тоа шириш непријателство, а не пријателство.

Не пренесувај му на својот пријател тоа што ќе го погоди и од чие запознавање нема полза. Тоа е манир на расипник. Немој ниту да криеш од него тоа што ако не го дознае би му наштетило. Тоа е манир на тие што чинат зло. Не радувај им се на пофалбите за тоа што не се наоѓа кај тебе, па со тоа да си ја зголемиш тагата. Зашто тоа е недостаток твој кој на другите им го свртува вниманието кон тебе, прави да се дознае за него. А потоа ти со тоа стануваш предмет на исмејување и подсмев. Само глупавиот и малоумниот тоа може да го задоволи.

Нема ништо лошо во тоа ако те критикуваат за нешто што не се наоѓа кај тебе. Напротив, нека те радува тоа зашто тоа е твоја доблест која им се разоткрива на другите. Радувај се ако во тебе се наоѓа тоа што заслужува пофалба, сеедно дали те пофалуваат или не. А тагувај ако има при тебе нешто што заслужува прекор, сеедно дали те прекоруваат или не заради тоа. Ако некој слушне нешто лошо за жена на својот пријател, нека воопшто не го информира за тоа, особено ако е оној кој тоа го зборува познат како критичар, клеветник, зборлест и огнен самобранител кој сака да бидат што повеќе слични нему меѓу луѓето. А тоа го има навистина многу. Накратко, потребно е човекот да ја зборува само вистината. Меѓутоа, често не се знае дали говорникот изнесува вистина или лага. Особено во верата тоа е голема работа. Па ако слушне нешто такво, сознавајќи покрај тоа и од други поинформирани луѓе дека за тоа постои оправдана основа и дека тоа не доаѓа само од еден човек, или ако лично ја востанови вистината, но не е во можност да го увери својот пријател во тоа, тогаш нека му го каже тоа на само и тоа благо, со зборови: Жени има доста, а ти заштити ја својата куќа со ѕид, воспитај го семејството, одбегнувај го тоа и тоа и огради се од тоа и тоа. Па ако тој го прими советот и се огради од тоа, ја нашол својата среќа. ако пак види дека, покрај се, не се оградува и не му придава на тоа никакво внимание, ќе престане за тоа да му зборува, не изрекнувајќи веќе ни еден збор, додека и понатаму ќе продолжи да пријателува со него. Зашто тоа што тој не ги признава неговите зборови за вистина, нема причина заради тоа да го напушти.

Ако пак тој ја дознае вистината и е во можност да го увери својот пријател во најголем дел од вистината во која лично се уверил, тогаш има должност да го информира за тоа за да и тој има јасна представа за што се работи. И тогаш, ако тоа промени нешто, добро е, а ако не промени ништо, тогаш ќе го напушти зашто во дружењето со него нема повеќе никакво добро па со оглед на тоа ни потреба од него.

Се има своја полза. Секој искрен се исползил особено многу расправајќи се со незнајковци. Не воспоставувај женидбени врски со пријател ниту со него врши купопродажба.

Се уверивме дека овие односи доведуваат до раскинување на пријателствата макар што неупатените тврдат дека напротив тие врски само уште повеќе ги зацврстуваат, што е очигледна грешка. Спомнатите  уговори налагаат секоја страна да тежнее да постигне во тоа свој интерес, зашто во овој случај многу се ретки тие кои даваат предност на другата страна. А секогаш кога секој тежнее да го постигне тоа што му припаѓа, неминовно доаѓа до расправа, која од своја страна ја уништува секоја човечност…

1 view0 comments

Comments


bottom of page