На почеток сакам да кажам дека се што знаев за исламот беше тоа дека муслиманите само го читаат Куранот и не јадат свинско месо. Јас пораснав со нив, дури и еден од моите најдобри другари е муслиман и многу е чудно тоа што никогаш не сум го прашала што е всушност исламот.
Медиумите се чудо, исламот го претставуваат во најлоша смисла. Муслиманите како терористи, а вистината е сосема поинаква.
Родена сум во православно семејство, крстена од мојата деветта година, во црква не сум одела, ниту сум ја читала Библијата, бидејќи татко ми беше атеист, иако и околината беше таква, да се одеше во црква значеше дека сте ’луд’.
Немојте да мислете дека не бев верник, бидејќи јас сум. Верував во Исус како син Божји со сето свое битие. Го прославував Божиќ и Велигден. Верував во неговото распетие и дека го дал својот живот за нашите гревови. Крстот и иконата на богородица со Исус од крштевањето сите овие години ги носев со себе.
Како почна сето ова? Хм, тоа беше само едно барање за пријателство на социјалната мрежа фејсбук. Го прифатив, иако името ’Светло на вистината’ тогаш ми беше смешно. На прашањето ’Кој си ти? Добив одговор: ’Твоето светло на вистината’. Веднаш ме вклучи во групата ’Ислам или Христијанство’ каде останав чисто само да видам што се случува таму. Имаше се.
Христијаните го бранеа своето, а муслиманите нивното. Ме болеше тоа, признавам, секогаш кога муслиманите ќе говореа ’Исус не бил распнат, Исус бил муслиман, Исус не е бог’ некогаш и ги навредував, затоа што изнесуваа лаги, со сите сили го бранев христијанството. Ми рекоа ’Имаш чуда во Куранот, имаш докази’ а јас им реков ’Се колнам дека никогаш нема да го прочитам Куранот’. Влегов во друга група (при што останав и во првата) каде ѕидот го исполнуваше само еден христијански теолог, а муслиманите само коментираа.
Имаше еден муслиман кој толку добро зборуваше. Така смирено коментираше. Тој ми испраќаше докази од Куранот и јас читав. Верував во сето тоа, но јас одбивав да ја прифатам вистината. Муслиманите правилно ја претставуваа својата вера, јас тоа го забележав, но не сакав да го прифатам тоа. Во првата група на муслиманите им реков дека ја напуштам групата и дека Бог ќе ми даде време да сфатам што е вистината. Нивниот одговор беше ’Како знаеш, можеш да умреш утре?’ Јас им одговорив ’Јас верувам’ и ги напуштив двете групи. Во контакт останав со некои од нив, со една брачна двојка од Србија и некои други.
Плачев, солзи пролевав и му зборував на Бога да не ме остава. Една жена (брачната двојка од Србија) ми испрати видео за христијани кои го прифатиле Исламот. Потоа ја прашав што е дова, а таа ми рече ’Испружи ги своите раце кон небото и замоли го Бога да ги направи твоите гради широки и да те упати на вистинскиот пат’. Го направив тоа. Никогаш нема да го заборавам. Знаев дека Бог не ме сака, не го молев Исус, туку Бога. И тогаш, една вечер сонував дека сум со другарката и барам некого но не можам да го најдам. Тука таа ми кажува нешто што и не сфатив во сонот и ја прашувам ’Од каде ти е тоа? А таа одговори ’Па од Куранот’. Кога се разбудив помислив дека тоа не е ништо, само сон. Но, Бог не ме напушта, повторно сонувам сон како шетам со некој и тој некој ми зборува за нешто со акцент дека тоа не е вистина, а јас му одговарам ’Се колнам во Аллах, вистина е’.
Знаев дека тоа е тоа, Бог ме упати. Се вклучив на нет, го најдов Куранот и читав. Не се сомневав, се што не ми беше јасно го прашував мажот на оваа жена. Дури и на англиски ми објаснуваше мојот другар Арап од Египет, потоа престанав после 20 и неколку сури. А знаете зошто? Бидејќи Божјиот Збор треба да се чита лично. И сопругот на оваа жена ми донесе Куран од Србија. Тогаш за прв пат го слушнав Арапскиот јазик на ЦД, срцето ми чукаше пресилно. Одвај чекав да дојдам дома за да читам Куран.
Абдест? Смешно, немав поима што е тоа, но Куранот не смее да се чита ако си нечист. Влегов на нет и ја набљудував групата ’Ислам и Христијанство’. Забележав како човекот на фин начин комуницира па му пратив порака на фејсбук со прашање: “Дали си спремен?“ Неговиот одговор беше ’Зависи за што!“ на што му одговорив: “Да ме учиш за Исламот“, а тој на тоа ми одговори “За тоа сум секогаш спремен“. Морам да напоменам дека дека никогаш предходно не комунициравме. Јас му ја соопштив својата ситуација, читав Куран, а тој ми го толкуваше месец дена. Покрај него беа уште многумина кои ми помагаа. Кога го прочитав Куранот во кој веќе немав сомнеж и кој го читав со солзи на лицето, решив да прифатам ислам. Изговорив шехадет пред сведоци и сега пред сите сведочам дека јас со срце верувам а со јазик изговарам дека нема бог освен Аллах и сведочам дека јас со срце верувам а со јазик изговарам дека Мухаммед е Негов Пратеник и Негов роб!
Се сеќавате ли на мојот друг од почетокот? Кога му реков дека сум муслиманка неможеше да верува!
Сега клањам и учам понатаму.
Патот до вистината е долг, а јас со Аллахова помош зачекорив по него и го молам Аллах со Негова помош да поминам низ капиите на Неговиот Џеннет!
Некои ќе речат дека сум слаба, а јас ним им порачувам дека сум јака!
Најубави зборови се Аллаховите зборови, а Тој вели:“НЕ СЕ СЛЕПИ ОЧИТЕ, СЛЕПИ СЕ СРЦАТА ВО ГРАДИТЕ, А СВАЌААТ САМО СО РАЗУМ ОБДАРЕНИТЕ“.
Аллах да ги награди сите кои ми помогнаа!!!
Црногорка
Kommentare