„и кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О, мравки, влегувајте во живеалиштата свои за да не ве прегази Сулејман и војските негови, а тоа и да не го забележат!“ (Поглавје, Мравка,18)
Во цитираниот ајет спомната е женска мравка и тоа е, како што е во случајот со комарецот, пчелата и пајакот еден од големите феномени на Куранот. Мравјата колонија покажува сличности со заедничката пчела. Единствена задача на машката мравка е оплодување на младата кралица, која што потоа брзо умира. Сите останати работи ги извршуваат мравките-работници, односно женките без сполни функции. Колиниите се значи како кошниците на пчелите, свет во кој доминира мајката и нејзината ќерка. Ако замислиме дека за доаѓањето на Сулејмановата а.с. војска исвестил собирач на храна или дежурна мравка, тогаш тоа би требало да биде женка, мравка-работник. Ако пак замислиме дека известил најпривелигираниот, најодбраниот член од колонијалната каста, тогаш тоа би била кралицата, а таа е женка. Се смета дека по главата на човекот има 10 милиони мравки. Тоа е доказ како на Аллах џ.ш. му е лесно да создаде; бројот, големината и дека не представува никаков проблем. Помеѓу секоја врста на мравка присатна е одлична организација.
Мравка
Тие поседуваат совршени и различни одлики, од мравки кои како кројачи, сечат листови, до пустински мравки и мравки сеачи,, кои работат во земјоделството. Заедничка страна на мравките и сите други живи суштества е нивното сведочење на големината на Аллаховите суштествата и уметности.
Тоа е Аллаховото создавање; а покажете ми што, освен Него, создале другите? Ништо! Многубошците се во вистинска заблуда.(31-Лукман,11)
Comments