1. Општествена мрзеливост
Општеството е сочинето од поединци, па ако поединците во тоа општество се мрзливи, цело општество ќе стане мрзливо.
Знакови на општествена мрзливост се ниска граѓанска свест за да се решат своите сопствени проблеми, претерано потпирање на власта при донесување решенија, разединетост, зголемен број на недела и кавги, сиромаштија и невработеност кое го погодуваат целото општество. Уште повеќе, општествената мрзливост исто така, се јавува кај луѓе во забранување на лошото и советување на добро, што има повеќекратни последици. Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., рекол: „Примерот на оној кој истрајува во извршување на Аллаховите наредби и пазење од Неговите забрани во споредба со оној кој ги крши е како пример на луѓе кои фрлаат коцка кога избираат место на брод. Некои добиваат места во горниот дел а некои во долниот. Кога овие кои седат во долниот дел ќе им затреба вода мораат да одат на горниот дел за да донесат (а тоа ги вознемирува другите) па тогаш велат: ,Ќе направиме дупка во нашиот дел на бродот за да имаме вода и да не ги вознемируваме оние над нас.’ Па кога оние горе би ги пуштиле оние долу да направат како наумиле сите луѓе на бродот ќе потонат, а ако ги спречат сите ќе бидат` сигурни.“ (Бухари)
2. Образовна мрзеливост Ова е мрзливост при образувањето и унапредувањето на самиот себе и зголемувањето на знаењето. Како муслимани, во текот на златното време на исламската цивилизација, бевме зачетници на сите науки, но кога станавме мрзливи и почнавме да уживаме во добрата на овој свет, други од нас го презедоа факелот на знаењето и го продолжија патувањето кон откритијата, кои доведоа до импресивни резултати. Срамота е за уметот на икрето (читај) дека престанал да чита и срамота е за умметот дека имал кралеви кои ги праќале своите деца во наши градови, а денес го прават спротивното.
3. Семејна мрзеливост
Семејството е основна клетка на општеството, па ако таа е цврста и општеството ќе биде цврсто, но ако таа не е стабилна тогаш и општеството е во опасност. Ако семејството е мрзливо, тогаш ќе нема ни правилно воспитување, родителите ќе бидат мрзливи кон своите деца а и децата ќе бидат мрзливи да ги исполнуваат обврските кон родителите и домот. И ако ниту еден член на семејството нема љубов и внимание која ги мотивира да се борат против мрзливоста и да дадат се за своето семејство, тогаш ќе видите слаби семејни односи или што е уште по загрижувачко ќе најдете разорен исламски дом. Изгледа дека понекогаш го забораваме хадисот во кој Пратеникот с.а.в.с., вели: „Секој од нас е чувар и одговорен за она што го поседува. Владетелот кој има власт над народот е нивен чувар и одговорен е за нив, човекот е чувар на своето семејство и одговорен за него, жената е чувар на куќата и децата и одговорна е за тоа, робот е чувар на добрата на господарот и одговорен е за тоа, така да сите сте чувари и одговорни сте за тоа.“(Бухари)
4. Физичка мрзеливост
Ова е вообичаен вид мрзливост на која сите помислуваме кога мислиме за мрзливост, а се манифестира во мрзливост за вежбање и движење на нашето тело за физички активности. За жал, таквата мрзливост го нарушува здравјето и повеќето лекари се сложуваат дека причина за повеќето болести на 21 век е пасивниот начин на живот. 5. Финансиска мрзеливост Ова е мрзливост на различни извори на обскрба/нафака. Повеќето луѓе во денешно време сака сигурна работа, која дава редовни плати и ништо повеќе. Забораваме дека девет десетини од нашата нафака е во трудот како што е споменато во хадисот, а ние се колебаме да основаме фирми и бизниси и да станеме претприемачи. Ако ги видиме нашите Пратеници, а.с., а тие ни се примери, секој од нив се занимавал со трговија или занает: Пратеникот Нух, а.с. бил килимар, пратеникот Идрис, а.с. бил шнајдер, Иса, а.с. бил дрводелец, Мухаммед, с.а.в.с. бил овчар а подоцна трговец. Заработувале за живот со сопствени раце и не се надевале на плати и олеснувања од страна на власта. Од Ебу Хурејре се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. рекол: „Се колнам во Оној во Чија рака е мојот живот, за секој од вас е подобро да земе јаже, да сече дрва, да ги носи на свој грб и да ги продава за да заработи за живот, отколку да барате од некого нешто, а не знаете дали ќе сака да ви даде или не.“ (Бухари) Ова е духот на муслиманот. Тој не се жали на невработеност туку станува и се бори низ животот да обезбеди своја финансиска позиција. Друг облик на финансиска мрзливост е во трошењето на нашата заработувачка на садака и во хуманитарни цели. Има голем број хуманитарни организации, навистина многу луѓе кои имаат потреба се околу нас, но ретко активно даваме, и даваме само лажни ветувања но ретко ги исполнуваме.
6. Деловна мрзеливост
Овој вид на мрзливост е таа која уништува многу фирми бидејќи вработените се мрзливи и не ги исполнуваат своите должности, па така прават штета на добавувачите, потрошувачите, инвеститорите и сите кои се вклучени во бизнисот. Мрзливоста се манифестира во губење време, незавршување на работата како треба, со доцнење, обиди да се измами системот или едноставно со прифаќање на поткуп побрзо да се заврши работата а се на туѓа сметка. Деловната мрзливост може да се манифестира и во тоа да не вложувате доволно труд при завршување на работата или да се натпреварувате за напредување или добивање на посебни задолженија. Деловната мрзливост некогаш настапува и после пензија, кога пензионерот едноставно се препушта на пасивен начин на живот, ја троши својата пензија и ја чека смртта откако веќе ја дочекал староста.
7. Религиска мрзеливост
Оваа мрзливост е кај извршувањето ибадети: намаз, пост, учење Куран итн. Ова е извор на мрзливоста бидејќи оние кои се мрзливи при робување на Аллах, џ.ш., Аллах џ.ш., ќе ги направи мрзливи во другите аспекти и сегменти на нивниот живот. Ова се луѓе кои клањаат забрзано (ако воопшто клањаат) или учат малку Куран и кои ретко се сеќаваат на Аллах џ.ш. Тие последни влегуваат во џамија, а први излегуваат, немаат желба да ја подобрат својата духовност или да му се приближат на Аллах. Ноќниот намаз дури не им е ниту на листата на желби, а постат само за рамазан. Има и други видови на мрзливост, но мислам дека ги истакнав оние најголемите до сега. Мрзливоста е вистинска болест која ја уништува мотивацијата и решителноста и го крши рбетот на умметот. Тоа е извор на нашата слабост и пораз како уммет и извор на наше понижување. Време е да се направат сериозни напори во насока на борба против мрзливоста.
Comments