Почитувани, браќа и сестри во Ислам.
Есселаму алејкум ве рахметуллах.
Дозволете ми да ви се обратам и заедно со вас да го споделам она со што Возвишениот Аллах, ме почестил од корисното знаење за кое се надевам дека и мене а и вам ќе ви помогне да го пронајдеме патот на спасот на овој и на оној свет. Патот кој треба да го следи еден верник треба да се разликува од патот на неверниците. Не случајно Аллах, субханеху ве те’ала ни наредил во дневните намази да го учиме поглавјето Ел Фатиха во кое јасно од Него,Возвишениот,бараме да не оддалечи од патот на заблудените и оние кои ја заслужиле Божјата лутина.
Мухаммед, сал-лаллаху алејхи ве селем, во еден хадис[1] јасно не опоменува: Тој што имитира еден народ, нему му припаѓа. (Ебу Давуд)
Такво имитирање на немуслиманите е и славењето на нивните празници. Секако дека не сме слушнале за христијани кои резервирале хотел, купиле подароци, заклале курбан за да го прослават Курбан Бајрам. Ваквата реалност ќе ја најдеме кај многу муслимани кои за жал повеќе се подготвуваат за славењето на новата година отколку за славењето на двата исламски празници Фитр[2] и Курбан Бајрам. Исламските зналци се единствени во ставот дека не е дозволено да се присуствува на невернички празници и нивно имитирање. Ова е став на Ханефиската, Маликиската, Шафииската и Ханбелиската правна школа[3]. (Види: “Iktidau-s-siratil mu-stekim”, 2/524., “Ahkamu ehli-z-zimmeti” 2/722., 725., “Et-Teššebbuhu-l-menhijju anhu fi-l-fikhi-l islamijji”, 335)
Неколку факти за “Новата година” кои можеби не сте ги знаеле:
– Славењето на новата година е пагански обичај кој го практикувале старите римјани кои на крајот на годината го славеле „раѓањето на непобедивиот бог на Сонцето“ (Sol Invicitus)
Тоа се случувало кон крајот на годината кога тие се плашеле дека Сонцето нема да се врати.
– Подоцна црквата го избрала овој ден за славење на „божиќ“ за да го прикрие варварскиот празник. Во Католичката енциклопедија издадена во 1911 година пишува: Божиќ не се вбројува во славите на првата заедница на верниците. Првите докази за тоа славење ги наоѓаме во Египет. Незнабожечките празници кои временски се славеа во декември станаа божиќни обичаи.
– Елката која ги „краси“ домовите во текот на новата година е исто така варварски обичај за кој се верувало дека е извор на животната енергија. Античките народи верувале дека зимзелените дрва им даваат живот на нивните домови.
– Дедо Мраз кој е симбол на новата година е всушност врзан за германското паганско верување во „богот Один“ кој јавал врз летечкиот коњ Слипнир кој има осум нозе. Один се сметал за „светец – пријател“.
Во Англија бил познат како Клапербоки и Олдхог верен следбеник на Исус кој одел зад него и на послушните им давал подароци додека непослушните ги казнувал со стап. Подоцна со неговата комерцијализација преку Кока Кола се трансформира во лик кој ги наградува послушните.
Се на се овој таканаречен празник се врзува со пагански традиции на политеизмот кои немаат врска со чистото верување во само еден Бог, Аллах џел-ле ше’нуху. Со самото искажување на шехадетот ние муслиманите јасно се одрекуваме од сите видови на пагански обреди и верата единствено му ја исповедуваме на Аллах, Возвишениот.
Зарем не е време да примиме поука и да се откажеме од гревот на славењето на туѓите празници.
Превел : еф.Талха Куртиши
[1] предание
[2] Рамазан Бајрам
[3] 4-те исправни исламски школи
Comments