top of page
Writer's pictureinfoislam

Муслиманскиот придонес на науката и цивилизацијата


Современиот свет е во полна заблуда,затоа што не знае, или се прави дека не знае, колку Исламската цивилизација придонела во развивањето на науката.

“ИКРЕ БИСМИ РАББИКЕЛЛЕЗИ ХАЛЕК,ХАЛЕКАЛ-ИНСАНЕ МИН’АЛЕК…”

“Учи во името на твојот Господар кој се создава,Кој човекот го создал од капка течност.”

“Читај, Господарот твој е Благороден, кој те подучува на перо, кој човекот го подучува на она што не го знае.”(Алек,1-5)

Овие се првите зборови,кои Аллах (سبحانه وتعالى‎) , му ги објавил на Својот последен Пратеник, Мухаммед  (عليه السلام‎) .

Од овие ајети се гледа Исламот, колкава важност и посветил на науката. Впрочем, факт е дека многу научници од запад станале “славни”, физичари, математичари,хемичари и друго,на сметка на исламските научници.

Право

Правната наука прво се развила кај муслиманите.Пишаниот устав потекнува од муслиманите. Прв таков устав  составил Аллаховиот Пратеник (صلى الله عليه وسل‎) ,кога ја основал првата Исламска држава во Медина, уставот на Шеријатот, до ден денеска е сочуван.

Историја

Допринесот на муслиманите за проучување на историјата е голем,посебно во утврдувањето на автентичноста на документите. Исламот роден во полно светло на историското доба,нема потреба за легенди и претпоставки во својата лична историја. Биографските лексикони се една од карактеристиките на историската литература кај муслиманите.

Географија и Топографија

Аџилакот во Мека и трговијата влијаеле  врз развитокот на комуникацијата низ распространетото  исламското царство. Најстарите муслимански географски карти ја претставуваат Земјата во кружен облик. Ибн Меџид,кој бил кормилар на бродот на Васко де Гама до Индија,дури оттогаш го спомнува компасот како позната работа. Зборовите “адмирал’,”арсенал”,”тарифа”,’кабл” итн.се изворни арапски зборови,кои јасно говорат за влијанието на муслиманите на модерната западна цивилизација.

Астрономија

Астрономијата е наука на која муслиманите и дале голем допринос. Многу ѕвезди и денес во европските јазици имаат арапски имиња. Реформата на календарот,која ја направиле муслиманите е далеку поуспешна од реформата на Грегоријанскиот календар. За време на халиф Ме’мун,измерена е површината на Земјата,со неверојатен степен на точност. Пишани се дела за раѓањето и заоѓањето на Сонцето,за зајдисонцето,а особено за движењето на Сонцето и Месечината.

Аллах (سبحانه وتعالى‎) ,вистината ја рекол:

“И се во вселената плови.”(Јасин,40)

До откритието дека во вселената се се движи,дошло дури при крајот на XVII век. Ако се вратиме низ историјата ке најдеме информации кои тврдат како црквата ги палела научниците,поради тоа што тврделе дека: “Земјата се движи.” Значи,од примериве можеме да заклучиме дека муслиманите многу допринеле за развивањето на науката.

И на полето на природните знаменитости,муслиманите оствариле големи резултати,но западот многу од откритијата ги препишува на своите “научници”.

Ботаника

Ботаничката Енциклопедија од Динаверије (починал 899),во 6 тома,е објавена дури пред некое грчко дело за Ботаниката да биде преведено на арапски јазик. Динаверије не го опишувал само изгледот на растенијата,туку и ги класифицирал,и ги опишувал нивните хранливи,фармаколошки и други особини.

Медицина

Медицината кај муслиманите доживеала голем напредок во анатомијата,фармакологијата,организираноста на болницата,обучувањето на медицинскиот кадар,итн. Медицинските дела на исламските лекари останале темел на целокупната медицина,вклчувајки ја и медицината на запад.

Аллах(سبحانه وتعالى‎) ,кажува:

“Излегува од нивната утроба (утробата на пчелите), пијалок во различни бои, во кои е лекот за луѓето.Тоа навистина е доказ за луѓето кои размислуваат.(Нахл,69)

Ако сакате да го сочувате парчето од месо,ставете го во мед,и верувајте дека нема да се расипа,затоа што медот има својство на уништување на бактериите.

Аллаховиот Пратеник,Мухаммед (عليه السلام‎),кажува:

“Кога не би се плашел од потешкотиите на моите следбеници,јас би им наредил за време на секој намаз да ги мијат забите со мисвак.”(Сахих)

Мисвакот има својство на чистење и дезинфекција повеке,отколку било која друга паста за заби.

Минерологија и Механика

Минерологијата го привлекува вниманието на исламските научници,како од аспект на медицински цели,така и поради познавањето на скапоцените камења,кои биле многу барани. Делата на исламскиот научник,Бируни и на многу други,се користат на тоа поле. Ибн Фирнас ја изумил машината за летање. Починал во несрекен случај,не оставајки наследник,кој би го усовршил неговото дело. Другите науцници во рамките на механиката изумиле справи за вадење на насукани бродови,корнење на големи стебла итн. Во областа на истражувањата на морето напишани се многу дела за рибите и за обработката на бисерот.

Хемија и Физика

Кур’анот бара луѓето да размислуваат за стварањето на вселената,и да проучуваат како земјата и небото им се подредени на човекот. Муслиманите многу рано почнале да се занимаваат со озбилно проучување на областа на хемијата и физиката. Со своите проучувања и наблудувања,они собрале голем број на факти. Со нивното влијание и старата алхемија се преобразила во наука,заснована на факти,кои можат да се докажат. Научникот,Џабир ги познавал хемијските процеси на калцинација и редукција. Тој истотака,ги разработил методите на сублимација и кристализација. Многуте латински преводи на Џабир и други научници,можат да покажат колку модерната наука им должи на муслиманските научници и како за својот развиток треба да им се заблагодарат на арапско-исламските методи на експериментот.

Математиката

Математичките знамености имаат неизбришани трагови на арапско-исламскиот допринос. Зборовите,”алгебра”,”зеро”,”цифра”…се од арапско потекло. Заслугата за откривањето на тригонометријата им припага на муслиманските математичари.

На крајот треба да се знае дека ова се само некои примери,кои говорат за муслиманските заслуги во развојот,напредувањето на човечката цивилизација. “Цивилизираниот” Запад,им затанал на пат на муслиманите во нивното понатамошно напредување. Барбарските разорувања ги погодиле двата главни интелектуални центри,Багдад на Исток и Кордоба-Гранада на Запад. Многу библиотеки со стотици илјади книги и ракописи,заедно со овие градови се разрушени,запалени… Познатиот филозоф Фридрих Енгелс уште во своето време изјавил дека палењето на библиотеките во Багдат и Кордоба-Гранада ја уназадиле цивилизацијата за 1000 години. Исто така со право можеме да истакнеме дека претставниците на исламската наука,не изостанале зад ниту еден од големите имиња во историјата на науката, иако денес се обидуваат,и тоа во голема мера да го прикријат. Истокот секогаш бил пред Западот како во областа на науката,така и на културата.

XX век западњаците го нарекуваат “век на технологијата”,но може да се рече и дека тие треба да се заблагодарат на муслиманите на сетоа тоа што претходниците им дале во поглед на науката и културата.

Речи:”Господару мој,прошири го моето знаење.”(Та-Ха,114)

Линкови: Link >> Абул Касим аз-Захрави Link >> Abu Abd Allah Muhammad al-Idrisi al-Qurtubi al-Hasani al-Sabti – Idrisi Link >> Џабир ибн Хајјан Link >> Ебу Џа’фер Мухаммед ибн Муса ел-Хаваризми

0 views0 comments

Comments


bottom of page