top of page
Writer's pictureinfoislam

Мустаф Пашината џамија во Скопје


220px-mustafa-pasina

Мустафа-пашината џамија — џамија во Скопје, којашто се наоѓа на потегот меѓу Куршумли ан, иКалето. Џамијата била изградена во 1492 година, како завештание на везирот Мустафа-паша, во чијашто чест и го добила своето име. Историски, во склоп на градбата влегувале турбе, шадрван, имарет и медреса, од коишто денес се зачувани турбето на Мустафа-паша, саркофагот на неговата ќерка Уми и шадрванот во дворот на џамијата, како и остатоци од надгробни нишани и имаретот и медресата.

Историја

Џамијата била изградена во 1492 година, како завештание на Мустафа-паша, кој бил везир на султаните Бајазит II иСелим I и извршувал високи функции во Отоманската Империја.[1] Тој поседувал голем имот во Румелија и четирисела во околината на Скопје: Булачани, Батинци, Раштак и Црешево. Бил син на Абдулах (Абдулкерим), имал две жени, и двете по име Хуршид, и четири ќерки Хани, Уми, Шах Земан и Хума. Во Скопје, од сопствени средства, изградил џамија и месџид, а во џамијата имарет и станбени објекти во кои живееле духовните лица. Евлија Челебија, во своите патеписни белешки, забележал постоење на медреса на Мустафа-паша во Скопје.

Од мермерната плоча над влезната врата, на која е запишан текст со арапско писмо, се дознава дека објектот бил изграден на темелите на некоја средновековна црква. За разлика од останатите градби во и околу чаршијата, Мустафа-пашината џамија не претрпела големи оштетувања со земјотресот од 1963 г., но сепак по него се извршени некои реконструкциски зафати.[2] Последното обновување заврши во 2011 година, а на свеченото отворање на џамијата присуствуваше делегација од Турција, предводена од вицепремиерот Бекир Боздаг.[3]

Архитектура

Градбата на џамијата е карактеристичен претставник на раната цариградска архитектура. Нејзината основа е квадратна и е покриена со купола, чиј пречник изнесува 16,3 m. Куполата била изградена на тромпи коишто се украсени со арабески и од чијашто лева страна се наоѓаат мотиви насликани од времето на изградбата на џамијата, додека од десната страна понови и без некоја посебна уметничка вредност. Објектот е ѕидан со клепан камен и два реда тули. Влзот во џамијата е преку тремот, којшто е изработен од бел мермер, а пред него се наоѓаат четири мермерни столбови кои се поврзани со полукружни лакови. Целиот овој дел е покриен со три мали куполи. Минарето високо 47 m е издигнато на северниот дел од џамијата и е изградено од клепан бигор. Во внатрешноста на џамијата се наоѓа молитвениот простор, на чијшто југо-источниот дел е сместен михработ, од кој оџата го читаКуранот, а десно од михработ се наоѓа говорница (мимбер), од која се читаат молитвите. Во кружниот простор со арабеси, на исток и запад се запишани имињата на Мухамед и Алах, додека на југ и север оние на халифите:Евубекир, Омер, Осман и Али. Веднаш над влезната врата се наоѓа галерија (мехвил).[2]

Во рамките на џамијата влегуваат и турбето, каде што во 1519 година бил погребан Мустафа-паша; саркофагот на неговата ќерка Уми; шадрван, пред самиот влез на џамијата; надгробни нишани и остатоци од некогашните имарет и медреса.[1]

0 views0 comments

Comments


bottom of page