top of page
Writer's pictureinfoislam

Мухаммед а.с. и неговиот однос кон природата

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, бил активен во борбата против проблемот на околината така што луѓето ги упатувал и советувал да водат грижа за водата, земјиштето, балансот на животната околина и да ценат живот, па дури оној животински, доколку не се работи за штетници.

Кажал Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем: „Нема ниту еден муслиман кој ќе засади семенка или садница, па со неа да се нахрани птица, човек или животно, а да тоа не му биде пресметано како милостина.“[1]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, забранил вршење на нужда по патишта и каде луѓето минуваат, како и во изворите на водите, ладовините, кажувајќи: „Чувајте се од четири работи кои се причина на проклетство: вршење на нужда на изворот на вода, средина на пат по кој луѓе минуваат и по ладовините.“[2]

И забранил претерано трошење на водата кажувајќи: „Немојте претерано да ја трошите водата, па дури да се работи за река што тече.“[3]

Забранил бескорисно убивање на животните кога кажал: „Кој ќе убие птица и тоа што е над неа бесправно, Аллах ќе го праша за тоа на Судниот ден“ Кажано е: „О Божји Пратенику, а кое е нејзиното право?“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, одговорил: „Да ја заколе и да ја изеде, но не да и ја исече главата и да ја фрли.“[4]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, водел грижа за чистотијата на земјата така што ја споредил со џамиите кога е во прашање истата. Тој кажал:„Мене земјата ми е направена месџид(место за клањање) и чиста.“[5]

Се пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал:„Една мравка каснала некој пратеник и тој наредил целиот мравјаник да се запали. Аллах му објавил: ‘Зарем за една мравка која те гризна си уништил цела заедница на мравки која го спомнувала Аллах?’ А во друго предание стои: ‘Зошто не си казнил само една мравка?’“[6]

Во ова е доказот за одржување на балансот на околината, бидејќи кога секој човек кој ќе го вознемири некој вид на животно, па тој ќе убие стотина или илјада исти, не би останала ниту едно животно од тој вид, а ова се спротиставува на системот кој Аллах го воспоставил.

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, наредил да се чистат и да се одржуваат куќите за да не се појави епидемија. Тој кажал: „Одржувајте ги вашите домови чисти!“[7]

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, поттикнувал на земјоделие кое е добар пријател на здрава животна околина. Тој кажал: „Ако некој има садница во рака и притоа види дека настапува Судниот ден, нека ја посади пред да настапи истиот.“[8]

[1]Бухари, бр.2152 и Муслим, бр.2904.

[2]Ебу Давуд, бр.24, Ахмед, бр.2580 иИбн Маџе, бр.323.

[3]Ахмед, бр.6768 i Ибн Маџе, бр.419.

[4]Несаи, бр.4369 и Ахмед, бр.6264.

[5]Бухари, бр.419 и Муслим, бр.811.

[6]Бухари, бр.2796 и Муслим, бр.4157.

[7]Таберани, бр.4057.

[8]Ахмед, бр.12512.

0 views0 comments

Comments


bottom of page