– Мухаммед сакам да знам што ќе правиш кога ќе се повлечеш од боксот?
– Кога ќе се повлечам од боксот?! Сакам да кажам нешто сите вас ќе ве подзамисли малку. Животот е навистина краток. На тоа додадете го вашето патување, вашето спиење, вашите училишта, вашите забави. Ќе најдете дека половина од вашиот живот не сте правеле ништо. Сега сум 35 години. За уште 30 години ќе имам 65. Немаме повеќе влијание, неможеме да сториме многу на 65, тоа и вашата жена ќе ви го каже. Кога си 65 нема што многу да сториш. Дали знаете дека ќе бидам 65 за 30 години, во кои јас треба да спијам 9 години, јас немам 30 години со дневна светлина. Меѓу друго треба да патувам во америка и тоа одзема 6-7 часа и околу 4 години патување одземаат 30 години. Од тоа 9 години се во спиење, 3 години во забава (телевизија, филмови, емисии). Од тие 30 години треба да бидам 16 години продуктивен. Епа тука сите ние можеме да си го смениме нашиот живот. Да се запрашаме што ќе правиме во следните 16 години, која е најдобрата работа која може да ја правиме. Подготви се да се сретнеш со Бог. Да одиш во продавница за недвижности, да отидеш во бизнис, да учиш боксери, тоа нема да ме внесе во рајот.
– Колку од овде веруваат дека постои Супериорно Нешто, верува дека постои Бог. Колкумина верува дека постои сила која ги создала сонцето, месечината, ѕвездите, колкумина веруваат дека работите околу нас не дошле тука така, туку дека некој помудар од нас ги направил. Колкумина овде веруваат во Бог? Колкумина овде не веруваат во Бог? – Добро. .. Ако ви кажам вие кои неверувате во Бог дека оваа чаша се создала себеси и дека ниеден човек не ја направил оваа чаша, дали ќе ми верувавте? – Дали ќе верувавте дека оваа работа се направила сама себе? Не… – Нема да верувате кога ќе ви кажам и дека оваа телевизиска станица само така настана и дека ниеден човек не ја направил. Би кажале Мухаммед Али е луд. – Ако оваа чаша неможе себеси да се направи, ако облеката која ја носите сама настанала и никој не ја создал, вие нема да ми верувате. – Па ако оваа облека не се направила себеси, ако оваа чаша не се направила себеси, ако оваа зграда не се направила себеси, тогаш како Месечината настанала таму некаде? – Како ѕвездите и Јупитер, Нептун и Марс и сонцето, како природата? Како сето ова дојде овде доколку некој мудар планер не ги направил? – Значи ова што јас го велам е дека јас верувам дека ќе ни биде судено. Дали човек како Хитлер ќе ги убие сите евреи и ќе се извлече со тоа? Некој треба да го казни и да одговара. Можеби овде нема да ја добие казната, но ќе ја добие откако ќе умре. Во пеколот вечно да гори. Значи она што јас ќе го направам кога ќе излезам од боксот е да се подготвам да се сретнам со својот Господар, бидејќи мојот авион може да се разнесе. Зарем не експлодираат авионите во оваа земја понекогаш и да бидат уништени. Зарем луѓето не умираат секојдневно? Страшна работа е да помислиш дека ќе одиш во пеколот и ќе гориш засекогаш. Па што ќе направам? Причината зошто јас завземам таков став и објаснувам за поставеното прашање кое јас неможам да го одговорам на лесен начин. Кога јас ќе излезам од боксот или кога ќе прекинам ќе сторам се што можам за да им помагам на луѓето и поради тоа јас сум овде со Џони Вокер. Тука пред вас е овој сиромашен човек кој дошол до америка. Таму има еден куп момци на кои им требаат пари и некој ме повикува да им помогнам. Бог ме гледа. Бог не ме слави бидејќи го победив Џо Фрејзер. Бог не дава ништо за Џо Фрејзер. На Бог не му е грижа за Америка и Англија како ние што се грижиме, тоа сето Му припаѓа Нему. Тој сака да знае како се однесуваме еден со друг, како си се помагаме, поради тоа јас ќе си го посветам мојот живот и моето име и популарност за да помогнам хуманитарно, да им помагам на луѓето, да ги обединувам луѓето, да не се бомбардираат луѓето помеѓу себе поради религија. Ни треба во светот некој за да помогне да направиме мир. Значи ако умрам и таму е Рајот, сакам да го видам. Бидејќи ние живееме колку долго? 80 години? Но некои од вас ќе бидат мртви за 20 години од сега, некои за 50 години од сега, некои за 30, 60 или 70 години и сите ќе умреме наскоро. И доколку би живееле дури и 125 години што не е случај, но да кажеме дека ќе живееш 250 години и можеш да имаш односи во 145 години од овие, на крајот повторно мора да дојде крајот. Но ние имаме најмногу 80 години на Земјата и ова е тест како ќе го потршиш својот живот, Рај или Пекол, тоа не е во овој живот, а вистинскиот ти си внатре во себе, твоето тело старее, некои од вас погледнете се во огледалото, немате повеќе заби, вашата коса ве напушта, вашето тело се заморува, но вашиот дух и вашата душа не умира, тоа засекогаш ќе остане за да вашето тело е само обезбедувач на сместување на вашиот дух и вашата душа. Поради тоа Бог не тестира, како се однесуваме еден кон друг, како живееме за да го видеме нашиот вистински дом, а тоа е Рајот. – Погледнете го видеото до крајот, преводот е на англиски.
コメント