top of page
Writer's pictureinfoislam

Мухаммед во очите на познатите светски личности

Постоеја многу тенденции и луѓето континуирано се обидуваа да ја дознаат вистината, вредноста и улогата на Пратеникот Мухамед која ја имал во историјата на човештвото. Но, сета поранешна и подоцнежна литература за исламското верување објавена на Западот, до одреден степен, е површна и не се базира на факти и адекватни научни аргументи, и покрај тоа што Европјаните ја имаа можноста да имаат удел во вредностите на исламскиот свет.

Но некои научници, особено оние кои доаѓаат од муслиманските земји донесоа во Европа нова тенденција која влијаеше на еволуцијата на Европското мнение за исламот и Пратеникот Мухамед. Таквите нешта им овозможија на луѓето да ја забележат светлината на исламската религија. Научниците, писателите, политичарите и многу личности од Западот, кои ги дадоа своите мислења за личноста на Пратеникот, треба да се поздрават и да се прочитаат внимателно, бидејќи овие проценки потекнуваат од добрите намери за давање на човештвото еден модел на совршен човек.

Бернард Шо,[1] во својата книга, за Мухамед вели: „Отсекогаш сум го ценел верувањето на Мухамед, едноставно поради неговата извонредна виталност. Моето мислење е дека исламот е единствената вера која е способна успешно да управува со многуте промени во животот.

Photo by Paulo Mu00e1rcio Dos Santos on Pexels.com

Јас сум убеден дека ако личност слична на него се справи со проблемите на денешницата, таа би ги решила успешно, носејќи му на човештвото мир и потребната среќа. Јас предвидувам дека верата на Мухамед би била прифатлива за утрешната Европа, како што почна да биде прифатлива за Европа денес.“

Наполеон Бонапарта[2] вели: „Мојсеј верата во Бога му ја објавил на својот народ, Исус на римскиот свет, додека Мухамед на целиот свет. Арабија била паганска земја. Шест векови по Исус, Мухамед го запознал светот со верувањето во Единиот Бог, кој е Богот на Авраам, на Мојсеј и на Исус.“

Истакнатиот англиски ориенталист и историчар, Томас В. Арнолд во неговата многу ценета книга „Историја на пропагирањето на исламот“, вели: „Вистина е дека Мухамед бил ентузијаст и дека поседувал верска љубов и огнен блесок. Тој го пренел овој неверојатен квалитет на многу негови следбеници…Не треба да се заборави дека аџилакот е Мухамедовата врска со Авраам, чијашто вера ја обновува неговата мисија. Нема погенијална проникливост од онаа на верскиот гениј која можела да се замисли за најдобриот човек да го потресе впечатливоста на душата на верниците и да даде толку големо значење на животот и вообичаеното братство, како односите преку оваа религија.“

Д-р Лаура Вечиа Ваглиери[3], познатата италијанска ориенталистка, пишува: „Арапскиот Пратеник, инспириран и цврсто врзан за неговиот Создател, им го проповедал најчистиот монотеизам на приврзаниците на фетишизмот, на следбениците на христијанството и на дегенерираниот јудеизам. Тој се соочил со отворен конфликт на тогашните заостанати тенденции кај луѓето кои воделе кон политеизам. Во неговите проповеди, за да ги убеди луѓето во верувањето во еден Бог, тој не користел различни природни феномени, за да ги мами, нарекувајќи ги негови чуда. Тој никогаш не ги терал луѓето слепо да го прифатат неговиот повик плашејќи ги со небесни закани, со што би ја ослабнал нивната способност објективно да размислуваат и одлучуваат.

Тој, човештвото го повикал кон благонаклонетост, не за да ги остави своите убедувања, туку да размислува за универзумот и неговите правила. Неговата неколеблива убеденост во еден Бог, во Единствениот и Неопходниот, правела тој непрекинато да им нуди на луѓето да ја читаат книгата на животот…“

Францускиот ориенталист Е.Демернген[4] ги напишал делата „Биографија на Мухамед“ и „Мухамед и традицијата“; откаде ги извлековме следните зборови: „Мухамед се сметал за инструмент на Објавата. Настојувањето на Мухамед се состоеше во фактот да се биде доверлив, слушател и верен запишувач и непогрешлив раскажувач на она што го чул од просветлената сила и смирувачкиот глас на овој свет, зборовите на Алах. Тие зборови се чувани од благородни ангели на седумте небеса. Секој Пратеник треба да има доказ за својата порака. Секој од нив треба да има некое чудо за да го предизвика другиот… а Куранот е единственото чудо на Мухамед, неговиот извонреден стил и вчудоневидувачката моќ продолжува дури и во наше време. Тој го вовлекува читателот, дури и да не е посветен обожувач.“

Во делото “The vision of the Islam belief“ во 1851 година, напишано од Селвин Гурнеј, стои: „Мухамед објавил вера која ја следат милиони луѓе. Од почетокот влијанието на оваа вера непрекинато е во пораст. Тираните, кои и веруваат само на силата и само на неа се потпираат, не се во состојба да влијаат врз подоцнежните генерации, нивното влијание се чувствува само во текот на нивниот живот. Меѓутоа ние, по смртта на Мухамед, ги гледаме најсветлите примери на победите кои светот не ги видел никогаш порано.“

Гете[5] вели за Мухамед: „Исклучителен човек, светлината Божја сакал да ја рашири низ светот… Во историјата, барав пример за исклучителен човек и го најдов во личноста на арапскиот Пратеник.“

Ахмед Сусе[6] вели: „Која намера е поблагородна и поблиска за човештвото од верата во Бога и намерата на Пратеникот за единство на срцата и за триумф на Вистината? Да го замислиме Мухамед кога им ја диктирал на своите следбеници објавата на Алах:

„Кажи: ,О следбеници на Книгата, дојдете да се собереме околу зборот еден, нам и вам заеднички, никого освен Бог да не обожуваме, ништо да не Му здружуваме, едни со други, покрај Бога, за божества да не се сметаме!‘ Па ако не се согласат, вие кажете: ,Бидете сведоци дека ние сме муслимани!‘“ (Али Имран: 64)

Мухамед е пример за човековиот живот, со неговиот живот и со искреното, длабоко и силно верување. Тој е совршен пример за чувањето на аманетот и упатството. Жртвувањата за ширењето на неговата света мисија се најсилните аргументи кои сведочат за совршенството на битието, за благородната намера, за големината на личноста и светоста на неговото пратеништво.

Мајкл Х. Харт[7] во делото “The 100: A Ranking of the Most Influential Persons in History”, New York, Hart Publishing Company, Inc. 1988, стр. 33, вели: „Ставањето на Мухамед на чело на листата на највлијателните личности во светот може да изненади некои читатели, а другите да ги натера да се запрашаат за овој вид реакција, но тој беше единствениот човек во историјата кој беше убедливо најуспешниот, како од верски, така и од материјалистички аспект. Мухамед успеа да создаде и прошири една од најголемите религии во светот и да стане еден политички лидер со извонредна делотворност. Денес, четиринаесет века по неговата смрт, влијанието на неговата религиозна активност сеуште е многу големо.“

Принцот Ото вон Бизмарк[8], политичар и голем државник, основач на Германија, познат кај народот како „железниот лидер“, вели: „Мухамед е неверојатен човек. Не случајно Бог не извади некој друг на светската сцена на настаните. Мухамед, жалам што не сум твој современик. Оваа книга, чијшто учител и проповедник си ти, не е твоја книга. Таа е Божествена Книга. Да го негираш неговиот извор е исто толку смешно колку да зборуваш за неточноста на егзактните науки. Затоа човештвото само еднаш виде таква уникатна личност каква што беше ти, и веќе нема да има можност да види некого сличен.“

Едвард Гибон[9], генијален историчар, во познатото дело „Историја и падот на Римската Империја“, меѓу другото, вака се изразува: „Мухамед имаше одлична меморија, хумано однесување, праведен суд и одлучувачки став. Беше храбар во идеите и во дејствувањето. Првата Објава која ја доби од Бога, остави длабок печат кај него до крајот на неговиот живот.“

Мејџор А. Г. Леонард во својата книга[10] пишува: „Читателот веднаш треба да сфати дека Мухамед немал некаква извонредна душевна инспирација, не бил обичен водач, или за повеќето номад, тој бил еден од најголемите мислители на сите времиња и епохи. Бил човек со сериозни и искрени цели, не бил само голем, туку најголемиот меѓу најголемите. Бил човек за кој човештвото никогаш порано не знаело. Бил величествен не само како Пратеник, туку како јунак и државник. Бил душевен поттикнувач што го создал најголемиот народ, најголемата држава и најголемата вера. Бил скромен со луѓето и премногу понизен и посветен на Бога. Читателот треба да сфати дека исламот има длабоко значење и се труди неговите следбеници да ги извади од човечката темнина кон високите сфери на Светлината на Вистината.“

Лорд Хизу[11] е англиски интелектуалец и писател кој го проучувал животот на Мухамед и го прифатил исламот. Меѓу другите, тој вели: „Арапскиот Пратеник Мухамед имал извонредна личност, силен карактер и покажувал таква храброст која се рефлектирала во секој чекор од неговиот живот. Ако треба да имате пример за следење во животот, тогаш јас, без двоумење би рекол: Мухамед го издигнува животот на луѓето, затоа што неговиот живот е како огледало кое ја одразува остроумноста, дарежливоста, мажественоста, храброста, трпеливоста, достоинственоста, простувањето, скромноста и сето добро однесување кое му дава на човекот најдобри одлики. Не би пропуштил да спомнам дека Пратеникот бил потполно убеден во Вистината, тој се молел повеќе од другите, клањал ноќе сè додека нозете не му отекнат.

Р.В.Ц. Бодли[12] вели: „Посебноста на појавувањето на Мухамед во историјата на религиите се должи на тоа што тој бил инспириран за секоја работа и не бил прогласен ниту за светец, ниту за ангел. Тој имал својства кои биле потполно човечки. Освен неговата огромна човечка личност, тој немал ништо друго што го разликувало него од останатите муслимани.“

Д-р Назми Лука[13] вели: „Мухамед, со неговите одлики и особини, не бил како другите. Кај него се собрале сите знаци на Пратениците и храброста на храбрите, затоа секој објективен истражувач е обврзан да изрази почит кон еден таков пример и да покаже внимание кон него. Тој бил единствениот човек кој бил јазикот на небото, над него стоел само Бог и никој друг, под него беа верниците, Божјите обожуватели…

Наспроти ова, тој никогаш не покажал мегаломанија… На овој Пратеник, на кого му било подарено Упатството за луѓето, кој ја постигнал величественоста, возвишеноста и власта – и кога би се гордеел со сите тие работи, не би му се замерило. Меѓутоа, наспроти ова, тој вели: ,Не воздигнувајте ме така како што христијаните го воздигнуваат синот на Марија. Навистина јас сум Алахов роб. Затоа кажете (за мене) Алахов роб и Негов Пратеник.‘ Еднаш кога сретнал една група верници, тие станале на нозе од почит, но тој ги сопрел велејќи: „Не станувајте на нозе како што стануваат децата.

Секој човек заслужува неговата биографија да биде далеку од секаква предрасуда така како што заслужува овој Пратеник, којшто преобратил милиони луѓе од уништувачкото обожување на идолите во обожувањето на Бога, Создателот на универзумот, кој ги оддалечил од изгубеноста и скршнувањето и ги однел кон височините на верувањето. За борбата што ја направи не доби ништо од работите за кои се борат профитерите на овој свет, ниту тој, ниту неговото семејство.“

Џејмс Х. Харт и Џејмс А. Мишенер,[14] велат: „Во секоја работа Мухамед бил длабоко рационален. Смртта на неговиот сакан син Ибрахим била проследена со помрачувањето на Сонцето. Народот почнал да зборува дека со ова Бог изразува тага. Откако Мухамед го слушнал ова, рекол: ,Помрачувањето на Сонцето (и Месечината) е природен феномен. Тоа не е поврзано со раѓањето или со смртта на некој човек.‘

Кога умрел Мухамед, луѓето го воздигнале на божествен степен, но човекот што станал негов административен наследник (Ебу Бекр ес-Сидик) веднаш ја отстранил оваа тенденција во еден од највозвишените говори во историјата на религијата, велејќи:

,Доколку меѓу вас има такви што го обожуваат Мухамед, нека знаат дека тој умре. А оние што Го обожуваат Алах, треба да знаат дека Тој живее вечно и никогаш не умира.‘

Џон Давенпорт во својата книга „Апологија за Мухамед и Куранот“, страна 52-53, вели: „Како пријател, како родител, тој покажувал многу суптилни чувства, но, бидејќи неговото срце било полно со пријатни и благородни чувства и бил способен да исполни многу општествени задачи, тој никогаш не ја обесчестил титулата Пратеник на Бога. Тој ја разбрал својата должност, преку едноставност, што била толку природна за толку голем ум. Тој ги извршувал и наједноставните работни обврски. Дури и кога станал првиот човек на Арабија, тој продолжил да ги чисти своите чевли и облека, ги молзел овците, ја чистел куќата и го палел огнот. Палмините плодови и водата биле негова вообичаена храна. Додека, млекото и медот луксуз за него. Кога патувал, тој ја делел храната „од уста“ со своите слуги. Искреноста и милозливоста биле очигледни, бидејќи тој заминал на оној свет не оставјќи богатство зад себе.“

Вашингтон Ирвинг,[15] во неговата книга пишува: „Тој бил совршен во јадењето; тој строго го практикувал постот. Него не го задоволувала убавата облека; неговата едноставност во облекувањето не била лажна, туку била резултат на игнорирањето на незначајните нешта. Неговото однесување било коректно. Тој на ист начин се однесувал кон пријателите, странците, богатите, сиромашните, слабите и моќните, и луѓето ја сакале добрината и љубезноста што ја покажувал тој слушајќи ги нивните проблеми.

Поради воените успеси не се фалел, како што би било кога би се правело за егоистични цели. Во времето на неговиот најголема подем, тој го сочувал своето едноставно однесување, како и во деновите кога бил обичен човек. Тој стоел настрана од кралската величественост така што при влегување во просторија, се чувствувал непријатно ако бил невообичаено почитуван.“

Томас Карлај[16] изјавува: „Неговото семејство било едно од најекономичните, негова вообичаена храна била леб и вода, понекогаш огнот не бил пален. Тие гордо кажуваат дека тој си ги поправал сандалите и ја крпел својата облека сам. Во текот на 23 години тежок труд, открив тој дека е вистински херој, нешто толку неопходно за моето постоење.“

Босфорт Смит во својата книга[17] пишува: „Во неговото битие била здружена храброста и религиозноста; тој бил Папа без претензии на Папа и Цезар без легиите на Цезар. Тој немал постојана војска, лично обезбедување, палата или плата. Ако постоел човек за кого треба да се каже дека владеел според Божественото право, тогаш тој човек е Мухамед, бидејќи ја имал сета сила дури и без средства и поддршка.

Тој се ставил себеси над сите титули и церемонии, и кралската етика. За кралевите и принцовите родени во кралските семејства, овие нешта биле природни, како воздухот што го дишеме. Но дури и познатите луѓе, владетели што влегле во историјата Цезар, Кромвел, Наполеон, не можеле да му одолеат на) искушението на скапоценостите… Мухамед бил задоволен со реалноста; тој не се грижел за моќта. Оваа едноставност на неговиот приватен живот била во хармонија со јавниот живот. ,Бог –пренесува Бухари –му го понудил клучот на овосветските богатсва, но тој не прифатил.‘

Лексикологот Д-р Стеинџес[18] вели: „Чесноста на Мухамед, делата и решителноста во потрагата по вистината, неговата постојана упорност да ги соопштува Божествените правила, неговото силно верување, способноста да ги натера да ја слушаат вистината, тие не сакаат да ги слушнат сите овие убедливи докази дека овој Пратеник, според мене е печат на сите Пратеници.“

Професор Наниел Шмит[19] вели: „Во искреноста на Мухамед не може да се сомнева никој; и историската критика која не ги затвора очите пред фактите и го прегледува секое сведочење и нема никаков едностран интерес и поглед освен само кон вистината, треба да го прифати неговото место во редот на Пратеници, бидејќи, без оглед на нивните искуства, тие предупредија, учеа и изразија едноставни и возвишени мисли, дефинираа принципи на однесување, поблагородни од претходно-постоечките и се посветиле себеси кон нивниот повик, бидејќи се водени од внатрешна сила кон својето религиозно дејание.“

Професорот Парсан[20] вели: „Раскажано ми е дека Мухамед бил обичен човек и дека не знаел да пишува и чита. Тој живеел пред повеќе од 1400 години, бил неписмен и дал многу длабоки објаснувања, кои чудесно се совпаѓаат со науката. Јас лично не можам да кажам дека ова настанало случајно. Има многу работи кои се спомнати точно. Поради тоа, како и на доктор Кит Мур, и мене не ми е тешко да признаам, според мојата логика, дека Куранот е инспирација или Небесна Објава дадена на Мухамед, нека е Божјиот мир над него, за објаснување на работите.“

Ламартин,[21] еден од најголемите поети на Франција, вели: „Ако величественоста на целта, скромноста на мислењето и постигнатите резултати се три мерила за човечката генијалност, кој може да има храброст да го спореди било кој друг голем човек во историјата на човештвото со Мухамед, нека е Божјиот мир над него?

Мухамед беше разурнувач со сабја за лажните божества, воспоставувач на идејата со зборови. Филозоф, говорник, учител, законодавец, борец кој се бореше за неговите идеи, обновувач на рационалното верување и обожување без слики, основач на дваесет земни и на една духовна империја. Тоа е Мухамед. Земајќи ги предвид сите мерила со кои може да се мери човековата големина, со право може да прашаме: Зарем постои поголем човек од него?“

Големиот руски писател Лав Николаевич Толстој[22] вели: „Нема сомнение дека пратеникот Мухамед е еден од најголемите реформатори на човештвото. Нему му припаѓа најголемата заслуга за упатството на човештвото кон светлината на вистината, на правдата и мирот. Тој го спречил крвопролевањето на невините и го отворил патот кон напредокот и просперитетот. Ова големо дело не можел да го направи никој друг освен тој човек којшто е заслужен за секаква почит, восхит и разбирање. Мухамед е Пратеник на исламската вера. Тој ги повикувал луѓето да го обожуваат само Алах.“

Франсоа Мари Волтер во својата историска книга[23] пишува: „Внукот на Абдул Муталиб, Мухамед, кој подоцна ќе го промени погледот на голем дел од светот, бил мудар и скромен, поет, астроном, и реформатор на арапскиот календар, како и законодавец и доктор. Во текот на периодот од три века, генијалноста на арапскиот народ, Мухамед ја ставил во движење, имал зачудувачки напредок.“

Едвард Монтел[24] вели: „Мухамед, преку своите реформи, му направил голема услуга на човештвото и заслужува да биде вбројан меѓу најголемите добродетели и реформатори на човештвото.“

Д-р М. Х. Дуран[25] го изразил своето мислење кога рекол: „Пратеникот го променил менталитетот на светот, дури и традициите и моралот. Тој ги обединил Арапите под едно знаме, еден закон, една религија, култура, цивилизација и владеење. Оваа нација, која не видела поголем човек, заслужува да биде спомената низ вековите. Под влијание и водство на Мухамед, таа нација создаде илјадници благородни луѓе, сè до најоддалечените делови на светот, со цел да ги повика луѓето да се придружат кон исламските принципи и морал. Тие ги повикуваа луѓето да се придружат во исламскиот начин на живот.“

Насри Селхеб[26] вели: „Големината на Мухамед успеала, во текот на тој краток период, да направи една морално, духовно и општествено законодавство. Никој во историјата не успеал да стори такво нешто, со таква огромна брзина. Овој човек, кој не знаел за мирување, релаксација и богатство, успеал помеѓу таква маса на луѓе да воспостави државни начела и да втемели системи.“

Карен Армстронг[27] истакнува: „Тој е еден од најголемите гении на светот. Создавањето литературно ремек-дело, голема религија и голема светска сила не се едноставни достигнувања. Но, со цел потполно да се процени неговата генијалност треба да го анализираме општеството, во кое што бил роден и со силите со кои се справувал.

Ние на Западот, треба да се прочистиме себеси од старите предрасуди. Можеби, би можеле да почнеме од личноста на Пратеникот Мухамед, заради кризата и тешкотиите со кои се соочува човештвото.“[28]

Д-р Густав Лебон во своето дело[29] пишува: „Мухамед го постигнал успехот кој не го постигнала ниедна од претходните вери што се појавиле пред него во арапските земји, ни хебрејството, ни христијанството… Затоа, неговиот придонес бил величествен.

Ако величественоста на луѓето се мери со величественоста на нивните дела, тогаш Мухамед е еден од највеличествените луѓе што ги запознала историјата. Западните научници веќе почнаа да се покажуваат како објективни и наспроти тоа што историчарите се заслепени од верскиот фанатизам за да ја признаат супериорноста на Мухамед пред другите.“

Лафајет,[30] филозоф и еден од клучните идеолози на големата француска револуција од 1789 година, ги истражувал сите правни системи пред да ја печати „Декларацијата на човековите права“ и гледајќи ја супериорноста на исламското право, рекол: „О Мухамеде, тоа што ти го донесе и го спроведе во светот никој не го направил. Ти ја донесе правдата на недостижно место…“

Сложена личност, карактерна, која направила дела кои ние тешко можеме да ги признаеме, но имал генијален општествен поредок и основал религија и културна традиција, чие име е „Ислам“, што значи мир, помирување и спокој.

[1] Bernard Show, The Genuine Islam, vol.1 No.81936

[2] Bonaparte et Islam, Парис, 1912 година, стр.125

[3] Ајни Синани, Të tjerët për Islamin, Приштина 205, стр.145

[4] Ајни Синани, оп.цит. стр.149

[5] Goethe – Mendimet e njerëzve eminentë botërorë për Muhamedin, Dituria Islame, Приштина 1991, No25, str.24.

[6] Ајни Синани, оп.цит. стр.167.

[7] Michael H. Hart, 100 personalitetet më të shquara në histori, Ed. 2001, стр.7

[8] Ајни Синани, оп. Цит. Стр.127

[9] Ајни Синани, оп.цит., стр.130

[10] Islam, His moral and spiritual value, стр.20-21

[11] Др. Muhammed A. Jemani, “Edukoni fëmijët tuaj me dashuri për Profetin Muhammed” – Shkodër 1996, стр. 94-95

[12] “The Messenger”, London 1946, стр. 338.

[13] Египетски изучувач на христијанската религија.

[14] James H. Hart, James A. Michener, Памфлет: ç’thonë të tjerët për Muhammedin, Dituria Islame, Приштина, април 1991, No24, стр. 16.

[15] Mohammed and his succesory, Лондон 1909, стр. 192, 193, 199.

[16] On heroes, Hero-worship and the heroic in history, стр. 62.

[17] Mohammad anh Mohammadanisam, стр. 92.

[18] Автор на Арапско-англиски речник.

[19] “Heril Enciklopedia” 1916, vol. XVI, стр. 72

[20] Проф. Парсан – Раководител на Одделението за Анатомија на Медицински Факултет, Канада. Труд на тема: „Mbi fenomenin shkencor në Kuran dhe Hadith“.

[21] Historia de la Turqiue – Ulfe Aziz-us Samed,оп.цит. стр. 25-26.

[22] Видете во студијата, „Pejgamberi urtiplotë Muhamed“ – Изд. 1909 год. или книгата „Толстој за Мухамед“ 2008 год.

[23] Mbi arabët dhe Muhamedin – Глава VI

[24] Edward Montet, La propaganda Chertienne et ses Adversaires Muslimans, Парис, 1890.

[25] Д-р М. Х. Дуран, според Dr. Imadudin Halili, оп.цит. стр. 105-106.

[26] Ајни Синани, оп.цит. стр.166.

[27] Англиска писателка на нашето време, автор на 12 книги за историјата на верувањата, еден од најистакнатите коментатори на религските проблеми во Англиските земји. Таа седум години била католичка монахиња. Во 1983 година, работела во источните земји на Телевизиски сериски документарци. Проценките на нејзината книга за Мухамед во неколку добро познати светски медиуми: „Publishers Weekly“ укажува на: „Внимателното истражување на историјата на Пратеникот Мухамед. Како привлечна биографија која го прикажува Пратеникот Мухамед како сакано и целокупно човеково суштество, кое може да прави грешки, прекрасен лидер, кој имал духовни и политички доблести. Пратеник, чија визија и монотеистичка интуиција ги потврдува длабоките потреби и ќелби на неговиот народ… „The Economist“ се осврнува на:„Таа успева како резултат на нејзината способност да го престави Пратеникот Мухамед како суштество со целосно човечки карактеристики.“ „Library Journal“ се осврнува на: „Ова опишување за Пратеникот на исламот и неговата околина го фасцинира обичниот читател и ослободува од сите предрасуди, давајќи ново значење на денешните настани на Блискиот Исток.“ „Choice“ укажува на: „Нова проценка напишана на прекрасен начин со продорна сила, десет поглавја кои одврнуваат посебно внимание на религиозниот извор, искуството и растечката сила на Мухамед.“

[28] Видете во книгата: „Muhamedi, një biografi e profetit“, Jehona Study Center, Тирана 2006, стр. 66.

[29] Dr. Gustav Lebon – Civilizimi arab, оп.цит. Dr. Jusuf El-Kardavi, Исламско Прово, Сараево 1989, стр. 49.

[30] Osman Nuri Topbash, оп.цит. стр. 28.

0 views0 comments

Yorumlar


bottom of page