Во предание кое го бележи Ибн Наџе од Енес ибн Малик дека Пратеникот, салалаху алејхи ве селлем , кажал:„Лекот за ишијас е опашот на пустинска овца, растопен и поделен на три дела, секој се зема на празен желудец три дена по ред.“
Што подразбира овци кои пасат во подрачја со природни пасишта.
Симптоми на ишијас:
Ишијас е болка која се простира долж живецот на бедрото, почнувајќи од куковите, низ задната страна на ногата и евентуално стапалото. Што подолго трае тоа повеќе се спушта надоле и резултира со атрофираност и трност на ногата и слабост. Симптомите може да вклучуваат болка во грб и може да биде опасно ако е проследено со инконтенција на цревата или мочниот меур.
Што е причина за ишијас?
Ишијасот има различни причини на настанување. Во повеќето повеќето случаеви е хернија на дискусот кој доведува до компресија на коренот на живецот. инфекцијата на некои ентеробактерии предизвикува запаление на живците на бедрото, а со тоа и појава на ишијас.
Научното чудо во ова предание
1.Улога на мастите во лечење на оваа болест:
Пратеникот а.с. спомнал дека за лечење на ишијас во некои случаеви се
користи опашот од овцата, која е всушност маст.
Модерната наука вели:метаболизмот на липидот има три ограноци.Секој од нив е врзан за врста на маснотија која се внесува во поголеми количества. Маснотиите, према тоа, доведуваат до формирање на три различни хемиски споеви кои имаат спротивни ефекти еден наспроти друг. Овие споеви познати како простагландини, изгледаат како хормони и имаат различни чинители на болките и запаленија во телото.
Простагландини од типот 1, спречуваат болка и водат потекло од масните киселини наречени гама-линол киселини(ГЛА). ГЛА им припаѓа на група на омега 6 маснотии кои се наоѓаат во ограничени количества кај некои пустински растенија. Затоа медицинските производи кои содржат екстракт од тие растенија се скапи. Тие производи им помагаат на луѓето кои немаат активни ензими за претварање на линоленската киселина во гама-линолната киселина, а потоа во простагландин тип 3.
Простагландин тип 2, од друга страна, ги зголемуваат болките. Тие се формираат од група на омега 6 масти, а воглавном од линолната киселина која ја наоѓаме во маргаринот и колачите, како и од растителните уља трансформирани во прехрамбената индустрија во цврсти транс-маснотии, така што колачите, чоколадите и слатките работи остануваат во цврста состојба на собната температура.
Простагландини од типот 3 се познати по своето дејствување на смирување на болките и запаленијата. Тие се формираат од алфа-линолната киселина(АЛА), која се претвара во два споја ЕПА и ДХА. Алфа- линолната киселина се наоѓа во уљата на природни лисја и растенија, и во тоа е значи предноста на природната растителна храна која ја јадат луѓето и животните, како што се овците во пустината(оазата). Уљата кои ги содржат АЛА киселините се ефтини. Тие спаѓаат во групата омега 3 позната по нивната огромна корист и течна состојба на собна температура.
Некои од користите на омега 3 маснотиите се следниве:
-се намалува нивото на холесторол
-заштита од срцевиоот и можданиот удар
-заштита од артериска хипертензија, реуматиден артритис, екцем и карцином.
Освен тоа докажано е дека мастите од типот „сис“ имаат улога во намалување на количеството на липиди во телото, а последично и во слабеењето.За разлика од мастите од омега 3 групата , заситените животински маснотии и хидрогенизираните растителни маснотии, кои во прехрамбената индустрија се претвараат во масннотии од типот:„транс“, еднакво како и маснотиите од омега 6, не ги поседуваат сите погодности како омега 3 маснотиите и имаат поголем број на штетни карактеристики.
Ова големо отстапување во корист на омега 3 маснотии може да биде разбрано со приказ на физиолошки ефекти на главните масни киселини. Масните киселини се вклучени во формирање на ткивото на мозокот, окото, увото, репродуктивните жлезди и ткива на другите жлезди. Тие учествуваат во обликување на мембраните на сите клетки во телото и имаат функциија на заштита на клетките. Масните киселини имаат улога во обнова на нервните ткива како што е и случајот со хернијата на дискот, една од главните причини за ишијас. Науката докажала дека маснотиите од омега 3 групата имаат важна улога во лечење на запалениието на нервните влакна, која е втора најбитна причина за настанување на ишијасот. Книга која е специјализирана на тоа подрачје, издадена 1998, од авторот Жоел Кример, професор по медицина и шеф на Отсекот за реуматизам, во медицинското училиште во Њу Јорк. Книгата е наречена : „Лековити масти и запаленија“(The Medical Fats and Inflammation ) содржи бројни поединости за биохемија на лечења на запаленија по пат на омега 3 маснотиите.
2. Пустинските овци се хранат со природни растенија, богати со омега 3 маснотии од кои научниците можат да издвојат за 700 разни лекови. Благотворните уља која овцата ги добива од тие растенија се задржуваат кај нејзиниот опаш.
3.Пратеникот , салалаху алејхи ве селлем, кажал дека опашот најпрвин треба да се растопи, и на тој начин штетните бактерии и бацили би биле уништени поради топлината.
4. Исто така би требало да се земаат во тек на три дена , не повеќе, со што се избегнува оксидацијата на маснотиите и
желудочната киселина.
5. Исто така од преданието се гледа дека треба да се земе на празен стомак , така да останатите липиди не им парираат на маснотиите од опашот при апсорпција на истите во прехрамбениот тракт, како и во подрачјето на вазикулата на клеточно ниво, каде ензимите во мембраната спроведуваат трансформација на овие маснотии од омега 3 групите во простагландините од тип 3 кој ги намалува запаленијата и болките предизвикани од ишијас.
Референци: Скратен текст од истражувачката работа представена од страна на др. Зохер бин Рабех – Германија на конференција на Меѓународна организација за исламски наднаравности,
Дубаи, 2004.
Извор: quran-m.com
Comments